Мајками и таткоми се стоматолози и доста долго ги молев да одам на белење на забите (иако мене ми се бели) ама во никој случај не ми дозволија бидејќи тоа ја уништува глеќта на забите и со тек на време и на старост ќе почнат да се одронуваат (од прекумерно белење). Така да видоа невидоа, ми оставија едно кутивче со сода бикарбона и ме предупредија да не претерувам туку еднаш неделно да се мијам со неа. Секако дека има ефект
Ме интересира дали содата ги оштетува забите,не мислам за честа употреба туку дали има некое штетно дејство,знам дека добро ги белее,имам пробано но само еднаш,па секое мислење би било добредојдено.
Колку сто имам прочитано на форумот смее да се користи меѓутоа да не се претерува,зошто не пробате со некој препарат специјализиран за избелување на забите во консултација со забар.
Штом мајка и и татко и на Candy20 како стоматолози не и дозволуваат белење бидејќи е штетно поради уништувањето на глеќта, тогаш сигурно е така. А сода според препораките може да се употребува еднаш неделно, се што е повеќе е штетно за забите.
http://www.youtube.com/watch?v=3zZouZ-5etM Ова видео ми е постирано некаде на почеток на темава,да не барам сега,само сакам да кажам дека го пробав тогаш и тоа,за жал,само еднаш. Од состојките не ставив само такви минт бомбони или што и да се,а другото се си направив по рецепт и навистина дава резултати и убаво ми ги избели забите.Мислам дека нема толку разорно дејство како содата,иако има сол,но солта белки не е толку брутална како содата. ЗА ЖАЛ,ефектите се привремени и краткотрајни.
аааа па јас ги мијам со паста за заби па ги чистам со забен конец.. Првпат користам забен конец и незнам што како..Со еден конец што ќе го пресечете ги поминувате сите заби? За една употреба е?
Ја со сода бикарбона ги миев,така 3 недели(3 пати) али мн ми беше гадно откако ќе ги поминев,кога ќе го осетев вкусот,ми идеше да повраќам,па престанав
И јас сакам да пробам со сода, ама ама ме интересира како ја нанесувате - може ли да се стави директно во пастата на четкичката или ставате само сода на четката ? Плава сум, не ми се смејте.
епа ставаш малце сода бикарбона и малце лимон 1 лажича отприлика и глеаш се тоа да испадне како пастичка и после нанесуваш на четката и ги миеш како со паста,само пази да не голтнеш,и убаво оссите страни пројди ги забите и така
Не сум користела, ама најверојатно така треба. За една употреба е ваљда. Нема едно парче 5 пати да го користеш. Може и на пастата, ама може и директно на четката за заби.Како сакаш.Но,мислам дека поголем ефект дава ако е ставена содата директно на четката.
Девојки многу сакам бели заби кажете ми некое ефективно средство за белеење или ова со сода и лимон ефективно е? Многу ми е лошо, што на првиот десен заб ми е изваден живецот и ми е малце потемен, имам течен композит врз забот ама пак се познава..и треба да ставам коронка 300 евра но до тогаш не сакам да ми се познава многу многу влијае на самодоверба...
И јас сакам сјајно бели заби,мислам тие бели се ама не као што сакам.Ај некој рецепт женски хубави? Баш ќе го пробам.
Едноставно ги миеш забите два пати дневно три минути со топла вода,еднаш неделно тријте ги со лушпа од лимон
Во никој случај немој да ги миете забите со топла вода.Ми има стоматолог кажано дека топлата вода знаела да прави проблеми на забите.