Содата го нагризува забот и ја оштетува забната глеѓ. Сведете го на минимум користењето сода. Кај мене имаше ефект со пастата на Lacalut white.
ае-.- еднашка имам пробано со сода и ми се згади..омг. неможев да јадам од шо ми мирисаше лошо (одвратно) .. не би пробала др пат. Ммм.. инаку за побели заби..миење 2-3 пати дневно, то му е мајката!
За побели заби јас користам еден малку смеше, но многу корисен метод. Ви треба корката од бананата, земате еден дел од корката и ја триете на забите. Откако ќе ја истриете, не ги миете забите бидејки се уништува забот, но многу лесно и едноставно решение, од како ќе ги истриете само поминете со јазикот за да не ви останат лушпи и ќе забележите промени. Барем мене супер ми делува ова. Иначе го дознав на едно видео на YouTube уште пред 2-3 години си го користам овој метод на белење заби, одличен е. Предност е тоа што корката од бананата е природна и заразлика од содата не ги оштетува забите до толку, освен ако не ги миете забите со паста веднаш после тоа. Спојлер Забите се мијат пола саат или саат подоцна
Тврдите овошје и зеленчук можат многу да ви помогнат, ако сакате да имате поубава насмевка. Ако јадете морков, целер, јаболко и слично, вие истовремено ги „чистите“ забите. Со ова се поттикнува лачењето на плунката, која ја неутрализира киселината и ги штити забите. Млекото и млечните производи, што во себе содржат поголемо количество калциум, исто така можат да помогнат за одржување на белината на забите. Имајте на ум дека соја-сосот, газираните пијалаци, боровницата, црвеното вино и цигарите имаат спротивен ефект, односно оставаат дамки. Ако решите да ги избелувате забите со козметички третмани, исто така треба многу да внимавате, бидејќи од ова некогаш може да има последици, наместо придобивки. Пред да се одлучите за вакво нешто, советувајте се со стоматологот и добро разгледајте ги опциите.
Гледав на јутуб една снимка (колку е за доверба не знам), ама типката имаше прекрасни бели, најбели заби. Мешала сода бикарбона и капка лимон и со пастата која се прави ги мие забите, ама само еднаш на две недели. Ама забите, луѓе, забите и беа ......
Миењето со сода во истиот момент дава резултат-бели се забите, но мнооогу ја оштетува глеѓта на забите и е многу штетна - ова е мислење на стоматолозите. Од сите пасти што јас ги имам испробано за обелување на забите, убедливо најдобри резултати дава Лакалут.
Ја користам истата... и неможам да го негирам тоа што го кажа, задоволна сум и не ефект него ефект над ефектите има... па така да и јас би ви ја препорачала истата.. како што веќе ви ја препорача МИА-СК
Значи од неодамна ја сменив пастата и сега користам Zirodent паста и верувајте дека сум многу задоволна. Го чисти кариесот што е нафатен на забите а истовремено ги чисти сите налаги и ги прави забите бели.
Јас користам сигнал за белеење и една друга паста за белеење од заболекарот ми е. и пре задоволна сум. моите се и онака бели ама сакам уште по бели и навистина има ефект.
Долго време ја користам Лакалут Вајт ама нема некаков посебен ефект, едвај забележлив само. Сакам многу да ми се бели забите, ама несакам да го правам тоа со сода. Препорачајте ми некоја течност, некоја друга паста евентуално, нешто што стварно би дало ефект.
Mимс, пробај ја Corident Pearl. Јас ја користам со години и имам супер резултати. Ми ја препорача мојот стоматолог, словенска фирма ли е, немам поим, ама ефективна е. Не ја знам цената, мајка ми нон-стоп ја купува, а никогаш не ми текнало да ја прашам за тоа. Би требало да ја има уште низ аптеките, ние фамилијарно си ја користиме години наназад и редовно се снабдуваме со залихи за една година унапред. И да не ти се допадне - мало пакување е и брзо ќе го потрошиш. Ама мала препорака, прво измиј ги забите со обична паста со флуор, па со оваа. Како политура е, не освежува доволно, зашто не и е таа намената нели.
^ Не знам. Ако си го прочитала мојот пост убаво, ќе видиш дека сум пишала сѐ што знам во врска со пастава. Барем дочитувајте ги постовите до крај. И не знам од која аптека ја зема мајка ми пастава, најверојатно Еурофарм зашто најблиску ни е, ама треба да ја има во секоја добро снабдена аптека.
Бев во претпоставка дека ќе прочиташ, ќе прашаш мајка ти или било кој што можеби знае, и ќе ни кажеш која е цената и дали може буквално во секоја аптека да се најде. Се извинувам за претпоставката. Постот го прочитав целосно.
Се извинувам и јас. Ете прашав, ама и таа рече дека точната цена не ја памети, можеби стотина денари, ама стварно не ме фаќај за збор. Провери низ Зегин, Еурофарм, сигурно ја имаат. Нашата речиси сум сигурна дека е земена од Еурофарм, затоа што, како што спомнав - најблиску ни е.
Ме претекна, сакав да пишам... во секој случај фала за одговорот. Па ќе ѕирнам тука во близина имам Зегин, ќе прашам.
Сум користела мн различни пасти за избелување но подобро нешто од оваа паста за моите заби нема редовно користење во комбинација на докторс прасок за избелување на заби ( не можев да најдам слика) добивате резултат од блескаво бели заби