Искрено да ти кажам - не знам. Јас немам забен камен, ја користев за избелување на забите и се покажа солидна, да не речам супер. Прашај си во аптека, би требало да знаат да ти објаснат, а можеби пишува и на кутивчето, во упатството...
Забниот камен не се чисти со паста за заби. Кога веќе е наталожен на забот, обавезно на забар да ти го исчисти. Па потоа можеш додатни ефекти, како паста за избелување да користиш. Ова ти го кажувам најпревентивно.
Помага, но ги разранува и ги ослабнува непцата. Јас вака ги мијав забите и тоа само 2-3 пати месечно, се додека непцата на предните заби не почнаа да ме болат. Сега престанав, ги мијам само со паста по неколку пати на ден, и задоволна сум од белината на забите.
Имам забележано дека кога јадам лимон, после ми се побели забите. Имам навика да го јадам овака исечен, без шеќер или било што друго. Спојлер
Добро што е со аптекиве, влегов во 2-3 најснабдени аптеки во Скопјево и ниакде немаат ниаков преперат за избелување на заби. Само Лакалут или Колгејт ми препорачуваат. Па тие немаат некако ефект Дај кажете нешто ако знаете и од каде да набавам.
Сум пробала, ама несакам да користам сода. Всушност забите не ми се којзнае колку жолти, бели ми се, но сакам да ми бидат побели.
Само Лакалукт ќе ти дадат ако прашаш, тоа е всушност паста, а не средство, туку ај Инаку кај нас нема, во странство да, и оние што се лепат за заби како гел
Мхм, кога и да побарам во аптека паста за избелување на заби само Лакалут, Колгејт, Сенсидоне .... тие не се за избелување туку за одржување на природната белина на забите
Јас имам пробано со Сода и помага по малце.После неколку пати миење на забите со Сода има промена за нијанса. Забите се малце побели
Колку време ги четкате забите со сода? Јас четкав неполна минута и ми се смачи од аромата на содата и се откажав од неа, барем во наредните два месеци. Резултатот е минимален, ама не ми ни требаат некои уау ефекти, забите ми се доволно бели, само сакав онака са ги „освежам“ и да ми сјаат. Не би сакала тоа со содата да го практикувам толку често, можеби еднаш месечно или еднаш во два месеци, зависи кога како ќе ми се јави потреба.
Jас бев на забара на белење на забите, воздушно белење нешто ли, појма немам Mи се обелија така првите неколку дена ми светеа и толку беше.Tака да, не верувам во чуда