Пробај да ги четкаш забите од време на време со сода бикарбона и четката за заби.Не дека има некој екстра добар ефект ама тој ден ќе ти бидат бели бели забите.Поздрав !
што и да правите за белење на забите не дозволувајте да ви ги стружат....зошто така се уништува површинскиот слој на забот кој за жал не се обновува и потоа забите се склони кон почесто расипување и фаќање кариес :? една од најновите методи е ласерско белење на забите но кај нас колку и како се применува не сум запознаена, само слушнав дека во Ендомак полнале да работата со таква техника за белење на заби ама колку е вистина незнам
Nајдобар значи=) Nикола се вика, SIMONOVSKI има ординација на млечен ресторан во трговскиот, кај MEGA месарницата. човекот си е профи значи, работи и он и брат му јас кај нив ставав фиксни како помала и сега ги правам и забите таму еве веќе 6-7 години. пломба ти става за 15 мин, сосе стругање сосе правење на забот. никогаш ама NIKOGAS не сум почуствувала болка кога ми ги правеле забите тоа е чудо, еднаш два пати бев кај една забарка ептен пошто итно ми беше и умрев! :twisted: значи оди кај дечкиве супер се ти гарантирам
Jas koristam pasta za beleenje na lakalut od apteka ja zemav i dobra e a pobeluvanjeto so poliranje ili lasersko imam negativno mislenje bidejki po izvesno vreme zabite ke si ja dobijat prvobitnata boja.Aso koristenje na pasta si dobivas sekoj den podobar efekt i priroden,.....
хммм.... сум го пробала ова со сода бикарбона и ми помага, но дали може секој ден да се мијат забите исто како со паста?
Не се заебавајте со сода бикарбона .. се ронат забите .. ни у недела 2 пати .. ќе напраите беља Најмногу 3 пати у месец..
Ајде Насекаде по врвовите на влакненцата , цела четка ќе ја напраиш , нема нормално цело ќесиче да истуриш
Сега бев до аптека и воедно прашав и за ова со содата и лимонот,и ми казаа да не почнувам воопшто,дека и двете состојки ја оштетуваат глеѓта и се стварале не знам што таму :roll: така да јас се откажав од ова,ке пробам понатаму сп лакалут,па ке видиме,тоа барем топло ми го препорачаа и некое гелче сто го ставаат стоматолозите и кочта можеби околу 2000 денари,тоа здравје кога ке имам пари
Па честото користење на сода бикарбона ги рони забите .. јас многу многу ретко ги миам со неа .. Лакалут мене ми ја препорачаа кога ставив протези .. добра е многу пастата
Јас лично не користам ништо посебно, ама имам заприметено дека кога јадам јаболки или лимони, веднаш забите ми изгледаат побели. Ем најаден, ем бели заби
Секако дека лимонот ги оштетува забите, лимонската киселина ги нагризува - а за содата, таа не е толку штетна, колку лимонот, а двете во комбинација не треба да ги применуваш. Со сода бикарбона може да ги миеш до двапати месечно и тоа е сосема доволно. Во секој случај, тоа е подобро од пастите за избелување, затоа што тие содржат сода бикарбона, хидроген и што ли уште не - па забите стануваат уште попорозни, и примаат уште повеќе пигменти, значи повеќе потемнуваат - така да, колкаво фајде од постојано избелување, било ласерско или не знам какво...
Чистетете ги забите со сода бикарбона па видете си ги забите за некоја година. Содата го уништува забот, го уништува површинскиот слој. Со честа употреба ќе почнат да ви се ронат забите. Не правете бабини деветини. Содата има моментален ефект врз белеењето на забот, ама уште 100 пати полош ефект.