Немој да ставаш сода може да ти се одлепи протезата мене ми има кажано приватен стоматолог...и јас имм протеза и ставав па ке ми се извадеше протезата! Ти си знаеш, јас само совет ти давам...
А зошто би излегла протезата? Содата (еве ние домаќинките) ја користиме за СЕ` И СЕШТО, за секој материјал, на секоја површина, па досега ништо не ни се одделило, ниту распаднало... Тебе лично - ти падна протезата или (стоматолог те убеди дека) ЌЕ ти паднеше? не го разбрав тој момент
Ти мене погрешно ме разбра... Јас само кажав совет како што ми кажале мене и не реков дека ке ти падне и не ми паднала, туку дека може некое елементче да се одлепи... И не се вознемирувај многу јас немав лоша намера... Само дадов совет и тоа не значи дека мора мене некој да ме послуша.
Содата разјадува и не е толку безопасна како што „вие домакинките“ мислите и притоа ја користите во енормни количини. Доколку некој се одлучи со сода, нека не ја користи премногу бидејќи е штетна за жлебините, па потоа ќе барате помош за оштетени и жлебини кои крварат.
Содата не велам дека не е безопасна ама не е ниту толку опасна доколку се користи за белеење на забите по 1 пат месечно но во одредена количина, по малку на четката за заби. Тетка ми е стоматолог и кога ја прашав не кажа дека е штетно доколку само 1 пат месечно се користи за белеење. Жлебините може и цел ден да ги чувствуваме необично, ама тоа не е болно.
^ Зборував за користење неколку пати неделно. После ќе си ги бараат жлебините... И не само жлебините туку ја оштетува и симнува глеѓта од забите.
ЛИМОН И СОДА БИКАРБОНА Сода бикарбоната е познат избелувач на заби, но ако во неа додадете малку лимон ефектот ќе биде уште подобар. Во сад ставете ¼ шолја сода бикарбона и додадете сок од половина лимон. Смесата нанесете ја на забите и оставете ја да делува три минути, а потоа измијте ги со паста за заби. Оваа постапка може да ја повторувате еднаш неделно. ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ Оцетот не само што ги отстранува дамките на забите, туку и ги убива бактериите во усната шуплина. Во чаша вода ставете една лажица јаболков оцет и исплакнете ја устата, а потоа измијте ги забите со паста. Оваа постапка може да ја повторувате секој ден. КОРА ОД ПОРТОКАЛ ИЛИ ЛИМОН Киселината од аргумите предизвикува избелување на забите. Тријте ги забите со внатрешната страна на кората, а потоа измијте ги со паста за заби. Оваа постапка може да ја повторувате и неколку пати дневно.
лично ти го препорачвам рецептот со лимон и сода бикарбона..и многу сум задоволна..ке ти заблескаат забите
http://tocka.com.mk/3/87622/brzo-i-lesn ... -beli-zabi Ги имам пробано сите совршено делува веќе има резултати...
Не сум ставила сода бикарбона на протези.. Бидејќи пред 2 недели ги ставив протезите, а тоа уште пред еден месец последно сум ставила сода бикарбона. Инаку, Фала на советот
Јас почнав еве неколку дена да ги тријам забите де со кора од лимон де со кора од портокал ама како да нема ефект или е многу рано штознам,јас изгледа очекував некој ваууу ефект А за содава читам еднаш месечно е препорачливо,твојот резултат после колку време беше забележлив?
И јас користев сода. Со сода има резултат. Еднаш месечно се користи дека ако користиш повеќе е штетно за забите. Јас после една недела забележав, барем така мислам.
Дефинитивно lacalut white за прв пат ја пробав денеска и неверојатен ефект беше пред и потоа, ни ласерско, ни бутур
Не си прочитала добро прво на четката стави малку сода бикарбона ама малку и четкај ги забите а потоа преплакни ги со вода и со паста за заби измиј.
Колку чини ласерко белеење на заби? И колку третмани би чинело до кристално бели заби? И препорачајтеми приватен стоматолог и искуства?
Ова со триење на забите со кора од лимон или портокал некако ми нема ефект,јас се засилив неделава и секој ден тоа правев што дури татко ми ме зеза,еден ден дома јаделе портокали и доаѓам јас дома и гледам на масата чинија со лушпи и татко ми ми вика за жива глава не и дадов на мајка ти да ги фрли