^ Фала што ни кажа, еве да не беше ти немаше да ни текне. Мала шала, без навреда, ама женски ај бар свртете 2-3 страни наназад, чисто да видите дали е напишано тоа што сакате да го напишете. Содата, лимонот и пастата се вртат 80 страни.
Девојки, ги полирала забите некоја од вас? Најдов попуст случајно, па се мислам дали да одам... Вклучува чистење од забен камен и полирање (пескарање). Некоја да ми каже отприлика дали е штетно за забите и дали ги избелува до нивната природна боја?
Јас сум била, мислам дека не е штетно , ама да си знаеш дека нема некоја голема разлика пред и потоа.
Јас ги имам полирано и не е штетно.Дури се препорачува на 4 месеци да се полираат забите.Ама нема некоја разлика во белината.Т.е.јас воопшто не приметив
Полирањето не е за избелување на забите туку за прочистување од вишок наслаги кои понекогаш со сите средства не можат да се отстранат. Не се сложувам дека се препорачливи на 4 туку барем на 6 месеци бидејќи со честото полирање се оштетува глеѓта од забите.
Си ги добив порачаните продукти и трет ден ги користам работиве, па ќе видиме за 10 дена резултати Овде ги нема, ги порачав од Австралија.
Некој дали ги има користено? Ефекти? Револуционерна тврда паста за заби Дајте и на устата експлозија од свежина пред спиење или преку цел ден.Овде е иновативната тврда паста за заби, што ќе ги исчисти вашите заби, а ќе го остави здивот звеж со минт. Dirty е направена со спеарминт за да го освежи вашиот здив и пенливи агенси за да ги направат вашите заби исполирани, бисерно бели и чисти. Секое кутивче содржи 40 таблет
Штотуку го правев она со содата и презадоволна сум ми ги направи забите преубави Благодарам за идеата срцки
Јас користам сода или јаготки,но искрено позадоволна сум од содата.Доколку некој има поголем проблем нека ги трие барем 2-3 пати со сода и ке добие мнооогу добар резултат
Јас секоја вечер ги мијам со сода бикарбона. Ставам паста на четката и одозгора ставам сода бикарбона.
Сакам да ве прашам нешто, ги чистам забите со конец за заби и нормално ли е после секое чистење, непцата да ми се воспалени и да ме иритираат?
Meне ми обелеа забите со Лакалут Уајт и тоа за само 2 недели употреба.Звучи неверојатно ,ама сите дамки и забен камен ми исчезнаа да не речам преку ноќ.