јас пред некоа недела земав средство за плакнење на уста,го користам секое сабајле,но сега скорото почнав да употребувам сода бикарбона. значи сега се мијам заби прво со средството па сода бикарбона и паста на крај. но содата не ја користам секоа ден. па сакав да прашам дали одат тие двете заедно сода и средството,како што кажав содата не ја користам секоа ден но тогаш кога ја користам ставам и од средството
и јас кориатам паста за белеење на заби од орифлејм 150д. ама помага ..исто забен камен ..никотин се вади,,
А, дали полирање на забите боли? Јас не верувам бидеќи сум закажана за полирање а ми велат некои дека болело.. ?
јас ке ви казам еден домасен рецепт во еден мал сад ставете една лазицка сода бикарбона и истискајте едно парце лимон измесајте ја смесата и ставете ја на цетка за заби,измијте ги забите со тоа и усте од првиот пат ке забелезите промена само не претеруајте бидејки смесата е многу силна за забите !! барем 2 неделно
имам бели заби, 1 месечно ги мијам со сода,ставам на четката и мијам, а и ефикасно е со јагоди, кога имам јагоди дома ги тријам со нив
Да и јас сум многу задоволна од пастата на Лакалут за белеење. За кратко време дава прекрасни ефекти за забите.Ја препорачувам ^^Иначе точно е Лили52. Ама јас те советувам содата да ја користиш само еднаш месечно зошто се оштетуваат иначе забите а јагодите можеш да ги користиш секојдневно !
имам големо искуство зо забите.напрво за бели заби треба да се стекне навика после секој оброк да се мијат или најглавно сабајле-вечер.можеш со секоја паста што е за белење(мене ми помогнаа асераза белење,колгејт трипл и лакалут за белење)секако само со паста неможе да се постигне некој ехтра ефект па најубаво ти е со лимун и со сода,а со сода само почесто исто и со сол.немој да одиш на ласерско или какво и да е стоматолошко белење затоа што забите потемнуваат од вино,кафе... од се што е обоено
Од пастите само колгејт трипл и лакалут ги имам испробано и ми беа малку побели само следните неколку часа,ништо повеќе. Исто така и со сода бикербона имам пробано и од тоа ми беа само по цврсти а не бели. Инаку забите ги мијам навечер и насабајле обавезно, а често ги мијам и после ручек ако сум дома. Вино не пијам и кафе мн малку скоро ич.
дефинитивно ги бели лимун со соба дека заедно предизвикуваат реакција од киселини.со таква киселина белат и професионалците
Но со сода бикарбона и лимон многу се мали шансите за белење на забите, можеби ќе добијат некој сјај но не добиваш добри резлутати, барем според мене...можеби затоа што јас многу повеќе очекував но сепак вреди да се проба ништо не е залудно
Која ви е таа Лакалут за белеење? Ако мислите на оваа да ви кажам дека не е за белеење туку за одржување на природната белина на забите. Значи си го врши дејството ко секоја друга обична паста за миење заби. Мене ми е искрено чудно што ви ги избелува забите затоа што кај мене нема никаков ефект, а ја користам година дена континуриано, скоро после секое јадење и навечер и наутро обавезно, во комбинација со течноста за плакнење уста исто White.
Луѓе, ниту една паста не работи на принцип на белеење на забите до нијанса побела од вашата природна. Односно ниту една паста не прави чуда, туку целта е отстранување на сите обојувачки материи ( кафе, цигари и сл. ), но до нијанса која што е вашата природна, не повеќе. Нема такво нешто. Какви ви се природни забите, такви се... И да, би ви препорачала да престанете со триење со јагоди, затоа што содржи овошни киселини, нели, кои се 100 пати поштетни за забите, отколку содата.
Јас ги мијам прво со сода бикарбона па со паста за заби ова со содава се препорачува 1-2 пати неделно ма да досега немам забележано некој ефект