^Па скоро никоја паста за заби не го има тој ефект на вештачко избелување на заби, како на стоматолог, туку она нормално до некоја си приближно бела нијанса, поприродно. Затоа што фактичкото белење е многу скапо, не верувам дека постои паста која ќе го замени тоа. Тоа е само маркетиншки трик да се продаваат пастите. Па na потрошувачите само сугестивно влијае, мислеш дека стварно има некоја голема разлика заради пастата, а тоа се само нереални очекувања. * Јас лично сум повеќе задоволна од Лаколут и од Вадемекум, отколу од Којгејт. Спојлер Во Дм ги има, премногу голем избор на пасти, јас ја имам оваа од сликичката, освежува, и ми се допаѓа изглеаат забите, природна белина им дава. Малку се поскапи од Колгејт, ама вреди.
Како се чистат забите со јагоди - со надворешниот дел или со внатрешниот дел од јагодата се тријат? Стварно обелуваат или нема врска? Некаде низ форумов прочитав дека чистењето со јагоди е поштетно од чистењето со сода? Има ли некој стоматолог на форумов да ни објасни?
^ Јагодите имаат овошни киселини, како што кажав претходно, а секоја кисела материја делува штетно на површинскот слој на забите т.е. емајлот. Но, доколку ја практикувате оваа метода на "белење заби со јагоди", тогаш барем правете го тоа поретко, и после секое користење на јагоди исплакнете ја устата, или измијте ги забите.
Да и јас исто, имам пробано комбинација лимон и сода бикарбона и пак нема ефект, можеби 1-2 часа мах. забите сјајат ама не е тоа тоа...природно ако ти се жолти треба да се збогуваш со белите заби или можеш да се спасиш само со белење кај забар
Јас пробав со сода бикарбона, ама ми се згади и не можев многу да четкам.. Гледав едно видео на youtube и девојката кажа дека треба да се измеша содата со вода и со тоа демек со создава смеса која наликува на паста, али за жал мене не ми успеа тоа. За малце ќе повратев од што ми се згади. Дали некоја од вас имала слична ситуација? Сега планирам да пробам со банана.
РЕЦЕПТ: Незнам дали го има напишано рецептов па јас ќе ви го дадам. Спојлер Сигурно го има некаде ама ме мрзи да барам сега низ страниве. Лимон и сода бикарбона ќе размешате ама да стане тоа како паста. Значи цел лимон ќе истискате со една лажица сода бикарбона и тоа кога ќе го размешате ако врие (т.е испишта меурчиња и некој чуден звук) тогаш знаете дека дејствува. Измијте ги забите со тоа исто како со паста! Инаку јас мислам оваа белеење на заби кај стоматалог ти е право фрлање на пари а не дека па забите ќе ти бидат бели демек холивуд смајл. Без врска... земи конец за заби и миј ги забите после секое јадење па ќе имаш побели заби и од црнец!
Искрено не верувам во ништо ,ниту пасти ниту соди,се имам пробано.Единствено ако навистина сакате ефект и побели заби дефинитивно на забар,професионално белене и краен успешен резултат бели заби.
Девојќи да споделам со вас си ги избелив забите,но на забара....и немам зборови прекрасни се,огромна разлика,супер бели,но сепак изгледа природно.Немам никакви болки или пак чуствителни заби после процедурата,се си е нормално.Но ми препорачаа без многу кафиња,но јас пак без кафе тешко го поминувам денот.Ви препорачувам ич да не му ја мислите ако сакате по бели заби
Девојки да не се лажеме нема патса која ги беле забите...а тоа кај стоматолог е напразно фрлање на пари...
Доколку имате дома чај од жалфија,земете две-три ливчиња и џвакајте ги неколку минути. Одма ќе забележите дека забите се побели.Добра работа е што воошто не е штетно, може да се употребува колку пати сакаш во текот на денот, ја дезинфицира устата и плус остава убав свеж мирис на ментол.Пробајте
Дали има резултати со колгејт пастата што е за избелување 1 нијанса за 1 недела? Или само реклама? Ако нема реултати која паста би ми ја препорачале?
денес во маркет видов паста сигнал за белење ми излгедаше доста примамливо.и онаа стара пракса сода и лимун или само сода ми делува
За побели заби, исончајте се. Спојлер Пред да почнете со сода да ги белете забите и со лимон пробајте на пластика да видите како содата ќе ја раздразни пласитка па после размислете дали сакате да се случи тоа со вас. Или пробајте на нокт (од нозе, да не си ги оштетите на рака), со посилно триење.
ама забите не ни се од пластика јас мислам дека ако ептен секоа ден ги миете забите дека е штетно а еднаш месечно би требало да нема ништо,и јас ги мијам со сода и досега немало ништо такво
Тврдите овошје и зеленчук можат многу да ви помогнат, ако сакате да имате поубава насмевка. Ако јадете морков, целер, јаболко и слично, вие истовремено ги „чистите“ забите. Со ова се поттикнува лачењето на плунката, која ја неутрализира киселината и ги штити забите. Млекото и млечните производи, што во себе содржат поголемо количество калциум, исто така можат да помогнат за одржување на белината на забите. Имајте на ум дека соја-сосот, газираните пијалаци, боровницата, црвеното вино и цигарите имаат спротивен ефект, односно оставаат дамки. Ако решите да ги избелувате забите со козметички третмани, исто така треба многу да внимавате, бидејќи од ова некогаш може да има последици, наместо придобивки. Пред да се одлучите за вакво нешто, советувајте се со стоматологот и добро разгледајте ги опциите. Од нет нешто....
веќе три дена го користам ова апаратче,таму на опаковката вика за 5 дена резултати...ке го користам додека не се истрошат пастите оти одат со него и две пасти и ке ви кажам резултати