Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. mae-1234

    mae-1234 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Имам една зелена темна флека на еден заб срека што не е мегју првите, но сепак не сакам да стои.Како да ја тргнам ? :(
     
  2. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    2.733
    Со полирање би требало да се тргне
     
  3. anna.jerry

    anna.jerry Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Последен пат кога купував паста за заби немаше од таа што секогаш ја купувам и ја земав Colgate Triple Action. Стварно ми ги побеле забите, но минимум 3 пати на ден ги мијам :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.359
    Пол:
    Женски
    Да не ти е кариес таа флеката? Да си одиш на забар, да ти го поправи забот, не чекај.

    Инаку, белеењето на забите не може да биде трајно без последици по истите. Било со домашни средства, било кај стоматолог, резултатите се исти, краткотрајни. И не се лажете дека забен камен се чисти со паста за заби, се чисти само со ултразвук на стоматолог. Тоа што вие мислите дека е забен камен, всушност се наслаги од храна, кои ако не се отстранат се калцифицираат и се создава камен. Ништо нема да ви помогне толку колку редовна хигиена (миење на забите после секој оброк, макар и само со вода), со правилно четкање кое трае доволно долго за да се отстранат наслагите. Убаво е да се полираат забите периодично (исто на стоматолог), помага во отстранувањето на наслагите на места кои ни се недостапни за четкање.
    Џвакањето - односно јадењето цврста храна помага во чистење на забните наслаги. Избегнувајте преработена и мека храна што се лепи на забите, грицкајте зеленчук и овошје (колку потврди, тоа подобро).
    Јагодите, лимонот, јаболката, бананата - сите тие содржат киселини кои ги чистат забите, ги избелуваат со дејството на овошните киселини кои ги содржат и ја нагризуваат глеѓта на забите, ја зголемуваат и нејзината порозност. Ако ги користите овие средства за избелување, важно е да ги исплакнете забите, односно, може да ги исчеткате, барем само со вода за да се спречи разорното дејство на киселините.
    Исто важи и за содата, и таа делува разорно на забната глеѓ, при што резултатите не се веднаш видливи, ама со тек на време забите стануваат поосетливи, поприемчиви за пигментите од храната и пијалокот, и се ронат. Јас сум поборник за здрави начини за миење заби и сепак, шубе ми е содата да ја користам за избелување.

    Јас лично имам прилично бели заби. Ама и прилично осетливи и порозни, кога поправам заб, ме боли со недели додека да се оправи местото. Не дај Боже да гризнам некое овошје со предниве заби, две недели ќе ме болат. Сите заби ми се на број, ретко поправани, ама знам дека за некои десетина години ќе ми се изронат предните заби (фамилијарно ми е тоа). Затоа повеќе сакам да имам пожолти заби, што знам дека нема да се изронат толку брзо колку овие моиве, природно бели заби. Немојте да си играте играчки, ако имате убави и здрави заби, не ги мачете со избелување. Ако веќе до толку сакате бели и наредени ко бисери, има трајно решение за тоа.

    Некој погоре имаше напишано дека после чистење на забите со конец, непцата болат. Тоа значи дека не ги чистиш правилно, побарај на интернет, има убави објаснувања за тоа како правилно се користи забниот конец.
     
    На Femina555, Srekicka и Markusa2 им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ја земав пастава, 150 денари во Космо е, со гратис четка за заби и интердентална четка. Многу сум задоволна, ја користам недела дена и веќе има резултати, навистина избелува, но најбитно е што многу го освежува здивот, има некој чуден вкус што потсетува на Колинус, пре свежа е. Ја препорачувам. После година дена користење само Лакалут Вајтенинг за џабе, пастава за брзо време ми даде резултати. Се надевам на дополнително избелување :) Анат ако имаш искуство со пастава сподели, да не е штетна нешто?
    [​IMG]
     
  6. BrownEyes

    BrownEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Јас ја користам Colgate whitening и не е лошо.. Не избелува којзнае колку, но сепак има разлика. А дали избелувањето со јагоди е штетно? :)
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    не е :)
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.359
    Пол:
    Женски
    Избелувањето со јагоди е штетно исто како со содата. Овошјето има киселини кои ги нагризуваат забите, така што, дали со сода, дали со јагоди, исто ти се фаќа. Важно е да се мијат забите после конзумирањето овошје.
     
    На Hipica и BrownEyes им се допаѓа ова.
  9. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Јас се извинувам сто одговарам дури сега бев во фрка период....инаку не платив ништо моја друкарка е стоматолог и ми ги избели забите и не ми зема ништо,но мислам дека е некаде околу 500 ден со картончина....Инаку стрварно е супер,конечно имам бели заби :D
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.827
    ^ Не знам дали станува збор за истата процедура, ама една колешка пред година дена прашуваше колку чини избелувањето (ЕДЕН заб сакаше да избели само), и мислам дека цената беше 1000 денари за тој еден заб, па бидејќи, нормално, и‘ беше скапо, не отиде.
     
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Само да прашам, боли ли процедурата на избелување? Сакам да одам ама имам уплав од стоматолог :^)
     
  12. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    само со обична паста за заби и конец за заби.
    Верувајте, конецот ги избелувал забите, а бил добар и за срцето.
    Незнам зошто за срцето, али штом е така, одлично. ;)
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Не воопшто не боли,јас пред една недела бев и дали со помислата дека од денес ке имам сјајни заби прв пат среќна заминав за на заболекар.Мојот стоматолог ми го исчисти и забниот камен (тоа маалце болеше) ама има и тој улога во бојата на забите и на крај ми ги исполира со некаков бел прав кој го разреди со хидроген за уста мислам 6% беше и ми рече за понатаму многу силно да ги тријам забите со colgate max white one и да одберам тврда четка
     
  14. nate-natali

    nate-natali Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    дали некој има користено WHITE LIGHT за избелуванје на заби?Ако е ефикасен како на рекламава ценава е стварно прикладна за сечиј џеб(1490 ден). ама не знам дали е ефикасен http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... B9bh_bwlIA.ако некој го користел нека сподели мислење :!: :!: :!: :!: :!:
     
  15. DaddyDirectioner

    DaddyDirectioner Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Може и со сода измешана со лимон да се исчеткаат забите неколку пати и ќе бидат бели.
     
  16. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Го има некој порачано од интернет тоа синото светло за избелување? Ако да, како сте задоволни? :))
     
  17. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    ако мислиш на ова јас го имам и не го порачав од интернет туку од маркет го купив значи скроз истото е ,и има резултати јас според мене задоволна сум од него. прво види по маркетиве дали го има. преку интернет може и поскапо да го платиш
     
    На MejkApGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    2.733
    Од кој маркет го купи,колку пари? :)
     
  19. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    на забар со полирање :)
    или во домашни услови со содабикарбона и малку лимун- на четка за заби и четкање исто како кога си миеме заби- ефектот е моментален.
     
  20. young.wild.free

    young.wild.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    и колку пари ти зеде заболекарот? :)