Јас после само 3 дена миење заби со новата колгеит паста што ја рекламираат гледам подобрување....искрено ако си држи ваков ефект ќе е супер. Иако ради цената прво се подзамислив, ама си викам ај ќе пробам.
И јас ја користам Colgate white one една недела и има подобрување Искрено не очекував дека ќе има некоја разлика ама пријатно ме изненади, за разлика од lacalut која ја користев 1 месец а немаше никаков ефект.
јас имам ставено навлаки на двете горни двојки бидејќи и двата ги имам скршено а за изедначување може да се среди , зависи кај кој заболекар одиш , ако сакаш некој помал да го направиш поголем како што рече ти биле заникаде , тогаш ке биде како проѕирно таму каде што ќе ставиш навлаки..
Јас секое утро и секоја вечер ги мијам моите заби,некогаш дури и попладне по потреба..Но моите заби изгледаат како жолти и како да не ги мијам.Имате некој одговор за ова? Нејќам нешто вештачко или слично.Нешто на природна база!Сум слушнала и за пастата за заби за побелување но незнам од која да земам,многу пати одам во аптека но незнам помеѓу која да се одлучам! Ако сте употребувале таква паста,ве молам одговорете ми ,напишете го името..Чекам одговор,благодарам.
Јована, купи си ја пастата Colgate White, чисти ги забите секоја вечер со посебен конец за заби и набави си го од Зегин растворот за орална хигиена - Повидон Јод и плакни ја устата со него 3-4 пати дневно(имаш таму упатство). Пастата и конецот можеш да ги набавиш од некој добро снабден супер маркет. Пастата мислам дека е малку поскапа а конецот е до 100 денари. А, растворов е ефтин. Поздрав.
Јагоди смачкајте на четката и измијте ги забите. Исто така можете да ги четкате со сода бикарбона, но не премногу често и по мало количество.
Измешај сода бикарбна со лимон во мала тацна значи во мали количини не многу и измешај го убаво и намацкај на четкичката и стругај ги забите 3 мин. во неделата 3 дена е препорачливо има ефект.
Јас ја користев Колгејт Вајт ама не ми помогна :/ следно планирам со сода бикарбона, ваљда со тоа ке имам повеќе среќа
Колгејт Вајтенинг + Колгејт Трипл Екшн = бели заби + свеж здив Пробајте ја комбинацијава, има резултати.
Малце сода на четкичката(во поголеми количини може да наштети) ,може да се комбинира со паста или само сода па после миење заби. Исто имам читано јагода,се трие од забите и ги избелува
Зависи и каква ви е коската на забите, мајка ми ги мие редовно, а исто ко да не ги мие, нема избелување
Јас тоа го правам на два начина. 1. Сода бикарбона (средно ефективен) - 1 с.л. сода бикарбона; неколку капки лимон (количина за една употреба), се промешува и се добива некоја смеса. Се употребува исто како паста за заби. 2. Активен јаглен (пре ефективен) - 1 с.л. активен јаглен (или малку помалку). На убаво исчистени-измиени заби, со мокра четкичка се зима од јагленот и убаво се нанесува на забите. Се чува така 3-5 минути, потоа се мие. Иако е црн и кога ќе го нанесеш изгледа одвратно, откако ќе измиеш ќе видиш разлика. Сода бикарбона има секаде, а активен јаглен можете да набавите во аптека. НИКАКО ПОЧЕСТО ОД 1 НЕДЕЛНО !!! Инаку двата начина се природни и не ги оштетуваат забите.
Дечки и јас верував дека сода бикарбона ги побелува забите, абе кога ставав и после тоа се гледам на огледало ми светат , бели-пуцка.. Немојте никако ! Има пасти , подобро дај повеќе пари аако сакашда ги избелиш , мене од содата полека но сигурно ми се ронат забите..Гледам погоре пишала live.gona.willd 3 дена во неделата...некои викаат 3 дена во месец, јас 2 пати месечно и еве ми се ронат..вчера ставив денес ми се ронеа по малце 2 заба..страв ме фаќа
Јас па и да сакам неможам да и имам скрос бели заби таква ми била коската ми вика матичниот треба да си задоволна што имаш здрави заби имам пробувано со сода бикарбона ама неделува кога коската ми таква темничка сега имам паста за бели заби на Amway многу е убава..иначе ако користите сода бикарбона немојте да претерувате барем 1 во месецот, и природно со лушпа од банана тоа внатре пробајте