познавате ли паста која добро ги изблеува забите, ама навистина да има добар ефект, ако знаете пишете ми, јас ја користам колгејт ама таа е само за одржување и кај мене нема некој голем ефект..
Јас еднаш или двапати месечно ги мијам забите со содабикарбона и лимон. Мене ми ги прави побели забите само не е добро да се користи премногу често затоа што може да биде штетно
За избелување само добро четкање на забите со квалитетна паста.Јас користам colgate maxfresh ги четкам забите 4 мин а понекогаш и по два пати ги четкам и тогаш имам забележано убав резултат. Еднаш месечно ги четкам со сода и задоволна сум.
Добра хигиена. Значи четкање,конец за чистење и вода за плакнење. Би требало да има ефект. Избегнувајте сода бикарбона,лимон и сл. Ги нагризуаат забите. Дури и да е еднаш-два пати месечно...штетно е:/
MejkApGirl јас искрено не верувам во вакви работи, а дури и ако помагаат, сигурно ја уништуваат глеѓта.
Но зарем глеќта не се уништува и ако отидеш да ги белееш забите професионално на забар. Според мене во главно луѓето не ги белеат забите на забар бидејќи е скапо, а верувам да беше ефтино сите ќе ги белеевме професионално, а вака ова е претпоставувам поефтината верзија.
Ги има на ebay, малку се скапички, 10 пакетчиња x 2 ленти (за горни и долни заби), за 1000 и кусур денари, ама има разлика со тие 100 евра за на забар. Се лепат на заби и се седи по 30 минути секој ден. Видливи резултати има после третиот ден, а препорачлив е 14 или 20 дневен третман...Има на јутјуб видеа за овие... Ќе видам, ако ги пробам ќе пишам
Се што е на Крест за белење на заби имам користено и со сигурност потврдувам дека навистина ги бели забите (во првите постови имам пишувано). Факт е дека ја уништива глеѓта ако се белат забите често. Се препорачува 1 годишно како што се препорачува и 1 годишно симнување на забен каменец но од друга страна и правилна нега на забите. Тоа е друго дискутабилно прашање за тоа колку кај нас се квалитетни пастите за заби кои ги штитат забите.... Си има официјален сајт на Крест за нарачки ама за жал ја нема МК.
Имам увидено дека пастите за белеење заби се поштетни и не се грижат толку за непцата и сл. Засега најубав рецепт за белеење заби ми е само со сода бикарбона. Еднаш бев на стоматолог за белеење со киселина (можеби имате слушнато, најнов начин сега), ама многу ми ги изгореа непцата, а забите изгледаа многу неприродно. Башка што со отворена уста седиш долго време додека те прават, ич не се издржува. И бојата падна за два месеци. Џабе и парите и трудот, а непцата ми останаа осетливи и разранливи.
^ Овој начин на избелување на забите со ленти е многу штетен. Ви кажувам од искуство на познаник. Многу се тенчат забите... :/