http://www.holivudskausmivka.com/ Си ги порачав овие пред два дена.. Се надевам дека ќе помогнат колку-толку Ќе ви пишам за резултатите. позз
Исправка. Сакав да кажам 10 паќетчиња за 1000 денари, а оригиналната паковка со 20 паќетчиња кошта 39-43 $ што е одприлика земено 1800-2000, зависи како ќе најдеш и за некој денар отповеќе се исплаќа. Сеуште ги немам нарачано.. се мислам, а и друг начин да ги избелам забиве за "поволна" цена не гледам..ќе видам ќе размислам. Во секој случај сакав да слушнам мислење Јас порачав исто вакво, само немаше име, од Алиекспрес. Вкусот беше одвратен и не гледав никакво подобрување после 2 недели, а камоли да видев резултат за 1 недела. Во секој случај, може ова е нешто поинакво, со поинаков состав. Секако и името е друго, а гледам и каде каде е поскапо од моето. (моево беше 2-3 $ најмногу). Чекаме резултати
Многу ти благодарам за твојата препорака! Јас ја користев Лакалут, ама решив да ја пробам оваа што ти ја пофали. Ја купив црвената, на некоја акција во Космо за 135 денари (што воопшто не е скапо затоа што се добива паста, четка и интердентална четка). Ја користам само 2 дена и стварно има резултати. Ќе ве известам пак после некое време како ќе дејствува.
Ајде да ви пишам за резултатите Еве ги користам некои 7-8 дена и да, има некое реултати, но не е тоа што јас го очекував Ама добро па, за една недела и неможе да има којзнае какви резултати, можеби понатака ќе има подобри резултати. Битно не се напразно дадени парите
Прочитав дека можат да се избелат забите со прашок за пециво односно се меша прашок за пециво со вода и се нанесува на заби , а најдобар ефект се постигнувало кога прашокот за пециво ќе се помеша со сол. Што мислите дали ќе има резултати ова?
Па штознам редовно четкај ги и убаво ( земи си медицинска четка) малце е поскапа од другите околу 300 ден. е, ама е предобра! А и сум слушнала дека со кора од лимон треба да ги истриеш и така.
Јас прво сакав да одам на ласерско белеење, ама заболекарката ми кажа дека било штетно и се оштетувала глеѓта, па затоа сега јас си ги белеам со сода бикарбона и да кажам дека стварно успева
А може само лимон да се капне на четката? Само лимон делува? И тоа се прави на чисто исчеткани заби, така?
Пред некое време почнав да ја користам White Glo портокаловата и стварно има добри резултати. Ви ја препорачувам на сите
Онаа што ви ја зборев пред извесно време, Corident PEARL, ја имате во Рубин во ГТЦ и тоа во огромни количини - залихи имаат еден куп. Мене ми беше доста ефективна, а ја купив за малку пари од локална аптека. Пробајте, ама ви напоменувам да ја користите паралелно со онаа регуларната паста за заби зашто ако ја користите самостојно имајте предвид дека воопшто не го освежува здивот доволно.
Corident Pearl се користи трипати неделно, не е за секојдневна употреба. Тоа е паста за полирање на заби и јас ја имам. Никако секојдневна употреба нејзина, значи ќе си ги миете забите секојдневно со регуларната паста за заби, а од оваа ќе ги миете трипати неделно, преку сила четири.