Тоа да, ако ја користиш секој ден, а од два пати месечно нема штета... полоши се пастите за избелување - нив ако ги користите секој ден барем по двапати - е тогаш да се види што е ронење! Ама пред се - зависи од забот, од неговиот состав, квалитетот на забните супстанци - значи и генетика е во прашање!
Dushica-sk ти каква протеза стави? Фиксна? колку време ја носеше и кога ја тргна(или ја носиш сеуште) да не имаше проблеми? јас ја носам скоро 2 години и наскоро ке ја тргнам.. пиши поздрав
Мене ми помогна многу техниката на миење на заби! Знам дека звучи шашаво, ама така е. Купете си четка со тврдина во зависност од осетливоста на непцето. Јас ја препорачувам Лакалут со дупол слој на влакненца од кои едните се повисоки и мн тенки. Кога ги миете забите тоа нека не биде помалку од 3 мин, и темелно поминете го секој дел на забот, почнуваќи од внатрешниот дел кој се наоѓа под гингивата, тоа најдобро се прави со помеките влакненца на четката. Потоа тријте од горе надолу (за горна вил), те од доле нагоре (за долна вил). Мијте ги после задните заби накосо (агол од 45 степени) и не ја заборавајте внатрешната стана на забите! а за вештачките обелувања, воопшто не ги препорачувам затоа што после тоа забот станува многу поосетлив на температурни промени, и е многу понежен. Ако не успеете да си ги избелите забите на природен начин, тогаш значи дека коската ви е таква, и не форсирајте да ги промените.
со сода бикарбона може, ама не почесто од еднаш неделно, а од пастиве за избелување најдобра е сигнал
Млекото и млечните производи изобилуваат со калциум што е одличен за забите бидејќи им дава цврстина. За белината делуваат на тој начин што поттикнуваат излачување на поголемо количество плунка во устата, а на тој начин се овозможува чистење на забите од наслагите. Едно јаболко после ручек има ист ефект како да сте ги исчеткале забите. Истото важи за свежите моркови, краставички, целер...било каква крцкава храна е одлична за да ја отстрани храната заглавена помеѓу забите. Лимоновиот сок има ист ефект како специјалните пасти за белеење на забите. Исцедете еден лимон и исплакнете ги забите. Печурките се препорачуваат најмногу поради тоа што ја одржува целата уста здрава. Тие се најголемите уништувачи на микроорганизмите во усната шуплина. Јас практикувам со сода бикарбона на четката за заби и навистина делува само не треба да ставаш секој ден зошто ќе ти се оштетат забите непцето. На 2 1 недела најдобро поздрав
прочитав на една веб страна за помешаш толчена јаготка и сода бикарбона и да се истругаш ке пробам па ке ви го пренесам резултатот позз
мои другарки често се мијат со сода бикарбона, знам декане епрепорачливо ,ама два пати во месецот не е штетно. инаку мене ми кажаа со јагодка , пресечена на пола или истолчена да ги истријам забите. природно е, и делувало. баш планирам да пробам.
Фиксна имам да . И тоа 2 Ги носам по година ипол , и уште не ми кажале до кога ќе ги носам. На тебе кога ти кажаа?
Е ова ми се допаѓа, и си го применувам секој ден па и + два-три пати неделно со паста за избелување и сеој ден миење со обична паста за заби, абе петка
Вака, убаво е да јадеш јаболка и лимони, ама верувај, после тоа мораш да ги измиеш забите со обична паста, а не со паста за избелување - од тој двоен ефект од јаболката и лимоните плус пастата забите стануваат попорозни и поосетливи поради киселините што ги има во овошјето. Тоа сега не го чувствуваш, ама ќе видиш резултати со тек на време. Затоа, умерено со тие средства за белење, и со овошје и соди бикарбони. Какви што ве створила природата, такви сте, и тоа не можете да го смените.
ептен е добра од сигнал за белеење,а јаболки да јадеш не е штетно за забите, дури и добро е после јадење ако не можеш да си ги измиеш
Абе како Коридент паста за заби нема подобра за обелување .. мислам дека сеуште ја има во Рубин кармин ии ефтина е до 40 ден . Не се користи таа нон-стоп .. Месец па правиш пауза зошто не е многу здраво за забите .. ама бидете упорни. Тој месец секогаш после јадење мијте ги забите и ќе видите резултати ...
Многу ми крварат непцата користам лакалут актив паста за заби редовно но не ми помага , предложете што да правам??
Ц витамин повеќе (понекогаш и со сок од лимон мачкај ги непцата - не забите!) и Генгигел - побарај го во аптеки, би требало да ти помогне. Ако уште ти крварат, ќе одиш на систематски преглед, можеби имаш некој друг здравствен проблем, па симптом може да биде крварењето на непцата (да не си анемична случајно?). А ако ги миеш забите премногу агресивно, намали со притисокот. И користи помека четка, обично се препорачува медиум, ама за тебе софт четка може да биде решение
Фала многу !! со витамин ц таблетки од 5оо сум моментално , инаку не сум анемична се плашам да идам на лекар да не ми пронајдат гингивитис.Сега прво што ќе направам е ќе си го купам гелот па ке ви кажам дали има промена
Користам една паста од сигнал , после првото миење имаше резултати . Дури ме поттикна да ги мијам повеќе забите , да не ме мрзи