Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски

    Среќа ти имаш 19 а ја 14 ипол а истиот проблем на првите две единици .. ја ќе треба да чекам до 18 таму негде па да ставам навлаки на ќецовите а тоа ме нервира -_-
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Затоа што нема посебна тема само за пасти за заби,ќе постирам тука.
    Одлични пасти за заби се оние white glo, посебно пакувањето им е супер за 150 денари има освен паста и четка за заби и посебни чистачи за заби за после јадење.
    Има повеќе видови, има едно посебно за пушачи, јас таа ја земав, ми се допаѓа свежината која ја дава, го неутрализира мирисот на цигарите. За обелување не сум забележала сеуште конкретна разлика од претхоните пасти, сите релативно ми ги обелуваа забите во нормална природна нијанса.
    Четката им е многу фина, мека, ми одговара тоа што доаѓа скоро гратис.
    Следен пат ќе ја пробам таа за пијачи на кафе и чај.
    [​IMG]
     
  3. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    ^
    Каде може да ја најдам оваа паста ?
     
  4. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    562
    ^^ пастиве ги имам видено во Веро и во Космо, за други места незнам.
    Јас ја користев оваа, скоро 1 месец и баш приметив избелување, но немојте да очекувате премногу.

    [​IMG]

    Може за 1-1ипол нијанса ми ги осветли забите. Баш ми беше убава пастата и мислев да ја користам и понатака, нооо мојата забарка кога и да отидам на преглед ми нагласува да не користам вакви пасти кои имаат избелувачки ефект, не било добро за забите бла бла и прекинав да ја користам. Баш се мислев дали пак да ја земам или да си седам мирна и да не ги расипувам забите :?:
     
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Во Веро, Рамстор, Тедико, а за Тинекс не сум сигурна. :?:
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Космо 152 денари. Штом ја има во космо ја има и во Тинекс веројатно.
    И во Веро ја има мислам.
     
  7. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Јас користев lacalut white а моментално користам од oriflame за избелување задоволна сум и од двете
     
  8. lana.18

    lana.18 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Да од избелувањето има несакани ефекти.. :clap: Ви препорачувам само со сода и јаготки да ги избелувате ставене црвен кармин ќе ви блеснат..А и избелувањето на забите неможе секогаш кај секои да дејствува зошто тоа зависи од забите..:P
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Ја има и во Тинекс, 100% сум сигурна зашто се мислев меѓу некоја од овие пасти и Лакалут.
    На крај пак завршив со Лакалут, ама до наредниот пат секако ќе ми треба и четка па добро ќе ми дојде.
    Инаку, навистина е мека четката? Затоа што јас не смеам да користам четка со тврди влакненца, премногу ми се осетливи непцата и забите па морам да си барам соодветна со екстра меки влакненца која и покрај тоа ќе четка одлично. :sweat:
     
  10. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    И јас имам осетливи непца и четката ми е сосема ОК.
    Инаку, долго време користев Lacalute White, ама сакав промена и купив White Glo. Црвената е добра, но според мене многу подобра е таа што е за coffee and tea drinkers. Со неа имам многу подобри и побрзи резултати отколку со Lacalute White.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Доколку ги мијам забите со ова пастата за избелување на заби од колгејт (сигурно знаете за која зборувам), може ли потоа да ми останат флеки? Пошто носам протези, дали кога ќе ги извадам ќе се познава нешто? Нели сепак ако има ефект пастата. :D
     
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Јас почнав да ја користам Lacalut white edelweiss. За резултати е рано ја користам неколку дена.
    Ме интересира дали некој ја има користено и дали е задоволен од неа?
     
  13. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    сакам да ги измијам со сода, дали треба на четката да се стави само сода, или пак паста и одозгора сода, да ми објасни некој? :D
     
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Јас прво ги мијам забите со паста и после тоа на чиста четка ставам сода. Ќе ти падне пола од содата ама сепак има функција.
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    5.896

    јас ги мијам прво со сода а птоа со паста
    но не само со сода туку во капаче растворам сода бикарбона и хидроген за рани 3%
     
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Јас ставам сода на четката и врз неа истурам неколку капки лимонов сок и ги мијам забите. Потоа со паста. Само не го прави ова често, може да постигнеш контра ефект.
     
  17. Kiti2.0

    Kiti2.0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Јас прво ги четкам забите само со сода,ставам многу малку од содата на четката , ги четкам забите без да ги стругам многу, а после со паста :)


    Лакалут за бели заби - најдобра е !
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам веќе неколку недели и мислам дека има резултат, а во главно задоволна сум од целокупиот ефект, вклучувајќи ја и свежината што ја дава пастава. :)
     
  19. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Јас недела дена ја користам, за свежината навистина секоја чест. Но ме интересираше какви резултати дава околу белењето на забите, се надевам и кај мене ќе има добри резултати. :wasntme: :wasntme:
     
  20. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    И јас веќе месец дена ја користам Lacalut white пастата и има ефект за избелување ама некако од тогаш нагло почнаа да ми потемнуваат и да ми се расипуваат заби (што не ми се случувало до сега). Другарка ми исто ја користи и вика дека пастава била јака и таа не ја употребувала секој ден ама па напротив, забарот ми кажа дека може слободно да си ја користам секојдневно. Е сега дали е сево ова случајност или е до пастата не знам... се надевам дека не е зошто планирам да си ја употребувам и понатака. :|