Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Дали тие шари ги имаш одсекогаш,значи до кога ти се никнати забите? Доколку да,најверојатно се работи за недостаток на флуор или пак внесување на преголемо количество на флуор додека се формирал забот, има и други причини но најчесто е тоа. И не се поправа никако,таква е структурата на забот, воопшто не е страшно,голем број на луѓе имаат такви шарички на одредени заби, некои па и на сите заби. Доколку е појавено сега, можеби е деминерализација-почетен кариес, или забни наслаги како што кажа некоја феминка. Сепак оди кај матичниот стоматолог,консултирај се.
     
  2. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Конкретно за White Glo сум скептична поради тоа што за само 150 денари се добива паста со избелувачки ефект и четка. Не би рекла дека се до толку квалитетни....
     
  3. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Немам искуство,ама за тие пари хм :^) четката верувам дека не вреди,а пастата за избелување веројатно е горе доле како и сите пасти за избелување-има ефект само додека ја користиш,и може да ги избели само до нивната природна нијанса.
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    А да пробавте па после да зборите?
    Цената и е иста како и пола од другите познативе трговски марки за пасти, а реално е подобра од колгејт.
    Наивно е да веруваш дека има ефект ко полирање.
    Башка што очекувате цена за паста за заби 500 денари?
    Цената и е баш топ, реална цена за паста и четка.
     
    На Sexybaby86 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Пак ќе кажам не е нешто ваууу White and Glow и не треба да очекувате незнам какви резултати на заслепувачка белина ама сигурно 2-3 нијанси побели заби ќе добиете. Најголем резултат има ако се користи со таа четка затоа што е многу тврда и доста голема е за разлика од сите други четки кои сум ги користела, само што јас не ја користам баш пореди тоа што е тврда и ми крварат забите од неа. Ја користам Curaprox со 5460 влакненца најмеката, други четки неможам да користам.
    Пастава е многу подобра од Колгејт и Лакалут за избелување така да ништо не губите ако ја пробате.
     
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Мене па многу ми се допаѓа четката што оди во комплет со White Glo пастите :) Одлична ми е, особено зошто е голема и опфаќа поголема површина од забите при миење. Се заљубив во неа :D Претходно користев само Колгејт четки, ама многу ми беа тврди и ми кравареа непцата од нив. Оваа ми е многу помека, ептен ми е погодена.

    Инаку, пастата е ОК. Сега засега само црвената ја имам пробано, вчера по втор пат ја купив, и единствена замерка ми е само тоа што не освежува доволно, но јас и така после миење плакнам со Астера средство за плакнење уста, па не ми е свежината проблем. Следно ќе ја пробам таа за пушачи, бидејќи сум пушач, баш ме интересира што ефект ќе има. И да, се забележува избелувачки ефект, забите ми се дефинитивно побели отколку што ми беа со Лакалут Вајт, која со години ја користев. Нормално, White Glo, исто како и сите пасти за широка потрошувачка, ја поттикува природната белина на забите, не можете да очекувате не знам каква екстра белина и WOW ефекти. За бисерно бели заби, се знае: само на стоматолог, ласерско белење.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    5.896
    денес ја купив White Glo:

    Искуства,што мислите,сте ја пробале??

    не знаев дека има поделби на пастава - кафе и чај,пушачи и уште две имаше во маркетот...со неа четка за заби и некои "делчиња" за после храната-јадењето
     

    Прикачени фајлови:

  8. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Јас ја користам и стварно има ефект, подобар и побрз ефект има отколку Лакалутот што ја користев долг период.
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    5.896
    а всушност што и е функцијата? :$
    osven belenje :3
     
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Оптимално миење заби е 2-3 пати во денот. Еднаш сабајле, еднаш во текот на денот и особено најважно е да се измијат забите навечер пред спиење затоа што додека спиеме, намалено е лачењето на плунката и тогаш најмногу се створаат бактерии, еве тие што се стоматолози ќе потврдат. :) Со миење заби минимум 4-5 пати ќе го исцепиш енамелот, а тој не се враќа. :D

    [​IMG]

    Инаку јас забите ги белеам со сода бикарбона, на тој начин ја зачувувам холивудската насмевка. :D Еве тука имате фина статија и анимации. Исто може и со хидроген 3% да се белеат забите.
    http://www.wikihow.com/Whiten-Teeth-With-Baking-Soda
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.485
    Пол:
    Женски
    ^ Доколку четката за миење заби е соодветна и мека, а техниката на четкање правилна, апсолутно нема штета од често миење.
    Најлошо за забите е четка со тврди влакна. Можеби ви дава чувство дека потемелно чисти и ги полира забите на некој начин, но не, избегнувајте тврди четки, тоа е проблем, а не честото четкање...
     
  12. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    probaj so soda
     
  13. victor

    victor Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Помош за жолти заби

    Прво здраво на сите, да се претставам јас сум Виктор :) го следев форумот како гостин, но сеа морав да се регистрирам затоа што и јас имам проблем, т.е го имам од поодамна ама сега решив да побарам решение.Знам дека форумов претежно е за девојки/жени , но мислам дека има некој кој ќе ми помогне. епа вака:
    имам скоро 18 години, мислам дека сум доволно зрел и сите тие работи, и имам проблем со забите и нивната боја. Пушач сум, пушам како турчин, а за кафе... цигара без кафе не иде нели? :D
    незнам тоа колку би бил факторот во мојот проблем, него како помал ги имам скршено предните заби и сега ми се порцелански, мислам дека тогаш бојата беше подобра као А2 ја викаа или незнам.Јадам секаква храна, од здрава до “нездрава“.Пијам се :D него, неам некоја голема навика по 2-3 пати на ден да ги мијам забите, 1 пред спиење..Што е најтрагично, и мене многу ми сметаат. Луѓе, кажувајте нешто бојата инстантно да ја сменам некако :( и дали некој од вас се има соочено со ова? Фала ви однапред :D
     
  14. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Помош за жолти заби

    Мене ми помогна ова
     

    Прикачени фајлови:

  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    5.896
    Помош за жолти заби

    Купив паст White glo за кафеџии ;)
    и ги полирав забите на лекар што не е скапо и болно- не се осеќа како ти ги полираат, а резултат нормално дека има нели до лекар беше работата ;)
     
  16. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Помош за жолти заби

    Пробај со внатрешната страна на кора од банана,трлјај ги убаво забите а потоа со сода бикарбона и паста.Јас така барем еднаш месечно правам и имам убави бели заби.Пробај. ;)
     
  17. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Помош за жолти заби

    Немој да одиш на заболекар ако не можеш да го оставиш кафето и газираните пијалоци. Кога докторот ќе го извади тој жолтиот слој, треба да се обнови. А ако пиеш обоени пијалоци новиот слој ќе биде уште потемен.Најдобар избор ти се пастите. како: лакалут и колгејт. Треба да ги миеш забите барем наутро и навечер. И кафето не го пиј многу често. Истото важи и за цигарите. По две-три цигарчиња на ден пуши ако веќе се чувствуваш како да неможеш да ги оставиш. :)
     
  18. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Пастава White Glo kаде ја има? :^) да ја пробам и јас 8)
     
  19. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    сите ја фалат, а никој да се пофали од каде ја купи... Изгледа е некоја тајна. :| ќе кажете ли? :geek:
     
  20. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    562
    ^^ сегде ја има, во веро, во космо, во тинекс...