^^Мислам дека ја земав околу 150-160 денари... Користев 1 пакување и навистина приметив осветлување. Прекинав да ја користам пошо мојата забарка ќе ме утепаше демек штетни биле тие пасти со избелувачки ефект... За добра, добра е и ја препорачувам на секого.
Јас ја користам таа паста и навистна е добра. Ја купувам од тинекс, 150 и некој денар е. Покрај пастата има и четка за заби и интердентални четки (тие за помеѓу заби ), што навистина се исплатува за тие пари . Има за пушачи, за дамки од чај и кафе и мислам дека има една обична Ви ја препорачувам на сите
Мислам дека е различно кај секој стоматолог. Мојата наплаќа 800 денари, а за другите незнам. Сепак, не би ги полирала забите. Едно девојче ги исполира, ги миеше забите три пати на ден и за џабе. По два месеци забите ѝ станаа потемни од претходно. Сега и да ме присилуваат нема шанси мојте да ги полирам...
Колку и да ги мијам забите од внатрешната страна имам забен каменец. Мислам дека единствено решение ми е лекар.
Блескава бела насмевка по домашен рецепт Потребни состојки: 2 лажички сода бикарбона 1 лажица сушена и ситно мелена жалфија ½ лажичка морска сол 15-20 капки есенцијално масло од пеперминт. Подготовка: Сите состојки измешајте ги во мал сад. По миењето на забите со стандардната паста, натопете ја четкичката во оваа мешавина, почекајте една минута, а потоа исчеткајте ги забите и исплакнете ја устата. :evil: :evil: :evil:
Јас ленти за белење на заби си порачав преку Амазон. Досега немам никогаш користено. Сакав во повеќе наврати на заболекар да си ги избелам (со полирање), но мојот заболекар ми рече дека не ми препорачува, дека е прилично штетно. Иначе користам Colgate Max White , ама сепак природно забите мене ми се со жолтеникав тон. Таква ми е коската, така да не знам колку пастата би можела да ги избели. Ќе пробам следно со лентите, па ќе ве известам за ефектот.
и мојата коска е таква жолта...но со white glo i colgate total clean 12 h имам нијанса на побели заби наутро од white glo навечер colgate... и за недела и пол имам резултати..
Немам пробано белеење на заби со гел.Најдов во веро од white goo,сакам да купам ама да си прашам,дали има некој користено од овие и колку долго треба да се користи за да се постигни добар ефект?
Јас сега во Тинекс видов 4 вида на White Glo пастата. Се мислев меѓу лилаковата и црвената и ја земав првата , валда ќе се погоди
Јас ја користам White Glo Professional и сум задоволна многу,има резултати (не премногу) но има и многу ги чувствувам чисти забите откако ја користам.
Можеш во сите поголеми маркети да ја најдеш. За цената не се сеќавам точно, а и варира од едно место до друго, ама е малку поскапа од останатите пасти.
И содабикарбона многу помага во избелувањето. Само не ја користете секој ден, пошто ќе ви се разранат непцата. На 2-3 дена слободно може. Летен период и со јагоди можете да си ги избелувате забите (имам пробано и имаше ефект)
WhiteLight - дали некој го има користено избелувачов ? Дали има ефект? И дали избелува пломби и умртвени заби ? http://www.belizabi.com/
Баш го нарачав ова пред неколку дена ама уште ги нема да го достават така што оваа недела што е сега ќе го донесат. До дома го доставуваат за 1650 ден. Баш и мене ме интересира дали ги избеглува забите, а со оглед дека цената е достапна за мене се одлучив да ги проверам така што бидете сигурни обавезно ќе ви пишам дали стварно функционира или е превара, па кој се прелаже се прелаже. Што се однесува до пломби и умртвени заби и нив ги избелува колку што знам. Ако имаш бела пломба уште поубаво, не очекувај црна пломба да стане бела. Stay tuned PussyHunter од прва рака ќе ви каже дали стварно функционира.