Бев на ум да порачам и јас, меѓутоа барајќи преку интернет пронајдов истото, за само 4 долари и фри шипинг- ворлд вајд! http://www.buyincoins.com/item/34164.html Исто и на Али експрес има http://www.aliexpress.com/item/1set-fre ... 75886.html. Додуша ова на првиот линк ми изгледа потполно исто. Кога им го тутнав линкот на страната и им укажав дека ми изгледа потполно исто а е само 4 долари, ми го избриша линкот и ме блокираа да не можам веќе да пишувам на страната. Да не им кварам бизнисот додека тие буквално крадат пари од народов. Еј па ставија и цената од 1650 со поштарина
http://www.ebay.com/itm/Unique-Creative ... 4612b967fd што мислите за ова? колку би имало ефект и дали би штетело на забите?
Да се самоцитирам. Има повеќе од 10 дена откако го порачав и уште нема абер да стигне. На фб страната ги прашав неколку пати кога ќе стигне, цело време викаат утре така што јасно ми е колку е саатот. Апла преваранти и манипуланти. Несериозни во секој случај. Морони, дегенерици и монструми. Ако случајно стигне производот ќе направам review.
Јас би ти препорачала Лакалут вајт, паста за заби. Еве јас ја користам веќе некое пократко време и има ефект. Секако не толку драстичен, ама за нијанса се побели. Сосема доволно и јас сум задоволна. Со редовна употреба, ќе приметиш ефект сигурно. Се откажав од такви други тракатанци. Само забар и добра (медицинска) паста за заби
Ќе ве молам да ми препорачате добра електрична четка за заби. Сакам да си купам, но не можам да најдам. Овде каде што живеам нема некој избор. Има од bosch некои детски, но јас сакам од подобрите. Барав во нептун, немаше. Во веро и аптеките нема. Сакам да биди мала четка, кружна (не долга), да има повеќе менувачи. Пишете ми колку пари е, ако има во Скопје дали пуштаат по порачка, кого да исконтактирам?
Јас имав кружна електрична четка со две батерии мислам, искрено далеку подобро ми се четкаа забите со обична и ја баталив таа. А и 5 мин. работа е
Јас колку што сум можел да разберам после сите консултации со мојот матичен заболекар дојдовме до решение дека не е здраво да се користи таква четка за заби по функционално е стандарднава
Зошто не е корисно? Јас мислам дека забите поубаво ќе се измијат со електрична четка, побрзо и не стегаш воопшто, сама четката си чисти. Одиш од заб на заб, подлабоко чисти и помали се шанските да ги раскрвариш непцата, отколку со обична четка. И секаде ја препорачуваат. Од каде ја купи?
Пред некое време видов во Тинекс на колгејт нова електрична четка, околу 900 денари беше. Провери што ја има во Тинекс треба да има во сите поголеми маркети и аптеки, сепак на колгејт производите ги има секаде.
Електричните четки на Б орал се закон, гледај да си набавиш таква ако најдеш јас сум многу задоволна. Ја добив на поклон од странство. Во глобала електричните се многу подобри од мануелните четки. Најзадоволна сум од ефектот на белеење со производите на Crest. И Пуфи Цуфи некаде низ темава ги имаше препорачано. Имаат забележителен ефект по релативно кратка употреба, а ако редовно ги користите ефектот е долготраен. Јас имав прилика лани да ја пробам пастата за заби 3D.
Можам и од странство да земем ама не можам одма, за некои 2 месеци и тоа од орал Б, за најдобри ги сметаат, само не најдов некој убава понуда порано, сакав со повеќе менувачи. Очекував да има овде кај нас, во цела Битола да се нема ова веќе не е можно. Или до ск да одам некој викенд. Фала XstrongerX
Од мојата неможев да најдам фотографија, оваа што ја постирав ја користи маж ми. Не ротира 360 степени ( целосно) има напоредни движења лево десно, многу брзи со одличен перформанс. Дојдоа во комплет со 2 глави за замена и полначи. Просечни имам видено во Веро Џамбо и Тинекс. Види побарај по аптеки. Ако не ти е итно вреди да чекаш.
Домашна паста за заби Го најдов рецептов на нет и ми се виде интересно. Планирам да го направам некој ден, само не знам каде да најдам стевија Доколку некоја ја има направено нека сподели искуство. Познато е дека пастите за заби содржат флуор, што побудува најголем сомнеж кај потрошувачите. Доколку сакате да користите природна и здрава паста за заби, сами направете си ја. Потребни состојки: 100 грама сода бикарбона 120 милилитри масло од кокос 30-40 капки есенцијално масло од нане 1 пакетче прашок стевија Начин на подготовка: Доколку маслото од кокос е густо, ставете го неколку секунди во микробранова додека не се стопи. Ставете ги сите состојки во длабок сад и мешајте темелно додека целосно не се спојат. Потоа сипете ја мешавината во тегла и цврсто затворете ја. Домашно изработената паста може да трае и до 6 месеци без да биде сместена во фрижидер. Зошто оваа паста за заби е ефикасна? 1. Сода бикарбоната има долга историја како чистач на заби. И покрај тоа што има репутација како продукт кој е премногу груб, реалноста е дека е помека од голем број комерцијални пасти за заби. Таа исто така се бори против забниот камен, ги убива бактериите кои создаваат гингивитис и ги уништува темните дамки. 2. Кокосовото масло можеби ви изгледа како необична состојка за борба против кариес, но студиите откриле дека овој природен антибиотик кој истовремено е и антибактириски е одличен при одржување на цврстината и здравјето на забите. 3. Маслото од нане нема никакви здравствени придобивки, но ѝ овозможува на пастата да има студен и освежителен вкус. 4. Стевијата е големо изненадување. Таа истовремено го подобрува вкусот без додавање на шеќер, има антибактериско дејство и се бори против забниот камен. Кој би рекол?