а кога сме веќе кај заби...да не знаете колку чинат навлаки? дека стрварно ми се ептен малечки да не речам како млечни дека ми се забиве а плус имам простор измеѓу па размислувам за навлаки
Имам 22г. сакам да прашам дали е штетно доколку прв пат сега одам на белење заби. Стоматологот ми вика дека не е, а луѓето дека е штетно. Имам пред краток период полирано, но не се така бели убави, од кафиња и цигари. Дали е штетно белење ми е прашањето. И, уште едно. Дали е болно и дали треба нешто предходно пред белење? Чистење џебови, камен... доколку има, секако. Секој одговор ќе ми биде од корист.
Имам слушнато дека после белење на заби, доколку пиеш кафе, од цигари и друга обоена храна и пијалоци многу брзо повторно пожолтувале забите. Исто така и јас имам слушнато дека им штети на забите, дека е вистина така не сум сигурна. И јас би сакала да имам побели заби, па овие познативе фаци како ги избелуваат и се постојано со бели заби ако е штетно?
A дали би имало ефект доколку пак ги полирам? Барем полирање и пескарење мислам дека не е штетно. Ама за краток период пак пожолтуваат. Ќе има промена доколку пак се полираат, не белат?
Процесот на белење на забите не е штетен.Но,претходно потребно е да се исчисти забен камен доколку има кој се практикува барем еднаш годишно.А за полирање може и почесто во зависност од потребата. Овој стоматолошки третман го практикувам еднаш годишно по препорака на стоматологот.Не сум пушач и не конзумирам многу кафе.Сепак разговарај со твојот стоматолог.
Секакви пасти имам пробано ама само од оваа имав резултат, мислам на ОГРОМЕН резултат, мноооогу побели ми се забите откако ја користам
Eдна пријателка ставаше навлаки и не беше баш ефтино ...Ми имаше кажано дека ја фатило околу 700 евра мислам дека толку беше
во 2 недели се прави еднаш.... сода бикарбона во едно мало капаче од шише се меша со хидроген за рани 3% . Се мијат забите со пастата. Потоа се плави устата и се мие со паста за заби ... По можност апнете домати по тоа...ако не не мора но има резултат... Сакав да прашам за лакалут пастата за миење заби дали има резултати?За колку време?Колку е пастата?
Јас ја имав и имаше резултати од првото миење може не ама од третото има задоволна бев а за пари незнам колку беше мама ја купила така да ти препорачуам да ја земиш бидејќи другите пасти обичните сигурно н е ти ги белат толку колку оваа не губиш ништо
Девојки, дали некој може да ми препорача некој добар забар за полирање на забите со кого сте имале добро искуство(во Скопје)? И ако може да ми кажете колку е цената кај истиот. Ви благодарам
Јас моите ги избелувам со лимон и сода бикарбона еднаш во две недели Нема некои големи резултати, но сепак...