Би ве советувала да одите на државна клиника, најспецијализирани се, а и доста поевтино ви е отколку во приватна ординација. Инаку не се сеќавам баш за цената, мислам околу 350 ден. беше Кога сме кај препрарати во домашни услови, плакнење повремено со 3% хидроген помага, а може и во комбинација со сода бикарбона.
Еј луѓе, ај некој што ја користел пастава да каже резултати? Јас ја купив вчера и кога почнав да се мијам, одма престанав бидејќи грозно ми мирисаше.. После уште два пати се миев со друга паста за да исчезни мирисот. Сега вреди да ја употребувам понатака или одма да ја фрлам?
Сите Лакалут пасти имаат чуден мирис,јас го викам мирис на болница xaxaxaxaa Инаку оваа ја немам користено,ја користев таа другата Лакалут Вајт јас бев задоволна си имаше видливи резултати,ама треба да си упорна Јас не сум за побели заби ами барам некоја саглам паста,да не е само Голгејт оти се ужасни!
Се закажува, сега нели има ,,мој термин'' тука имаш повеќе информации и тел. за контакт. http://univdentalclinic.org.mk/
Јас бев да полирам заби и ми рекоа дека немало потреба. Последен пат полирав пред неколку месеци и ми рекоа нема потреба, а баш сакав. Сакам да прашам вие на колку време полирате заби/чистите камен? И ме интересира дали имате проблем со забни џебови и ако да, како го решавате тоа Фала.
Јас си правев смеса од 1 кафена лажичка сода бикарбона и неколку капки лимон (да се направи густа смеса) и со тоа се четкаат забите. Се прави 1-2 пати месечно Кај мене имаше резултати
Еднаш во неделата пред или после миење на забите ставам сода на четката и ги мијам забите со сода. Може да се измеша со исцеден сок од лимон или јагода (ако има јагоди). Мене ми ги белее забите, пробајте.
Сода бикарбона+лимон=блескаво бели заби! Проверено Само немојте да претерувате, еднаш неделно, или пак еднаш во 2те недели е најдобро, бидејќи содата е штетна за забите доколку се користи во големи количини.
земав Colgate max one, ама воопшто не ми се допаѓа. Многу ми е јака и ми се чини ми нагриза десните. Лакалут вајт е далеку подобра, таа ми баш убаво одговараше, а забите ми имаа некој убав сјај и навистина побели беа. Пак ќе ја земам таа и плус е многу нежна за десните.
Пред некое време правев муабет со една девока која живее во странство ми кажа дека ги белела со некава инекција која ја купувала од таму и некои шаблони кои ги имало и кај нас бие 2000 ден тука кај нас Да не знае некој за што станува збор ?
Денес купив White Glo од Тинекс со плус две четки гратис и едно ко стапче. Некој што ја користел да каже дали е задоволен и дали е за секојдневна употреба?