Значи не може да има универзална паста или метода која би одговарала на секого. Имам пробано најразлични начини на белеење, од триење со сода бикарбона и лимон, јагоди, банани, па се до специјални пасти од типот на колгејт и лакалут. Бев задоволна од белеењето, но покрај тоа си ги уништив забите и непцата ми крвареа при секое миење. Моментално ја користам оваа паста од ТианДе по препорака од неколку блиски пријатели. Ја користам недела дена и рано е за некоја значителна промена во бојата но засега е добра, дава некој сјај на забите и што е најважно немам крварење од непцата.
И јас пробав и стварно се изненадив од резултатот! До сега ги имам 3-4 пати поминато со сода и лимон и стварно помага. Ептен ми светнаа забите Сепак мислам дека треба 1x неделно да се става, oти сигурно не чини ако се претера.
нема доста време поминато ама може да ни кажеш дали белее ? каде може да се најде и колку пари е ? опседната сум со бели заби :3 фала однапредд
Задоволна сум засега, супер е и белее само треба редовно да се мијат забите барем два пати на ден. ТианДе работи по ист принцип на Орифлејм и Авон, така да можеш да ја нарачаш од каталог доколку познаваш некој кој е зачленет таму. Мислам дека имаше и тема на форумов за нивните производи па највероватно таму има некоја зачленета феминка која би можела да ти ја нарача. Инаку пастата чини 346 ден. (120g) + Инфо - мислам дека имаат и продажни места во повеќе градови низ Македонија па можеш директно да одиш и да си ја купиш.
Девојки, немојте многу често да ја користите техниката со содата бикарбона и лимон, бидејќи предизвикува ронење на забите.
Моментално ги користам лентиве еве веќе два дена, па ќе видам по извесно време дали ќе има резултати и ќе споделам
http://img.webmd.boots.com/dtmcms/l...colgate_palmolive/colgate/pg5_maxwhiteone.jpg oд оваа паста приметив избелување на забите.
^ Јас па ич. И тоа два пати со ред ја купив, и ни б од белеење. Сега користам White Glo, можеби три недели веќе и не приметив резултати.
А да ве прашам,малку глупо ми изгледа прашањево ама ако имате пломба ставено и сакате да ги избелите забите дали со паста со сода со ленти небитно,и пломбата ке ја смени бојата????? Мислам и таа ке побели?
Јас ја користам оваа и сум многу задоволна. Само од оваа видов резултати и тоа за брзо време.Малку е поскапа од другите ама вреди за парите. Инаку не ми помогна ни Колгејт ни Лакалут.
Од каде ја зеде пастава Душица? Ја има низ аптеките? Јас општо сум презадоволна од Хаушка производите за лице и не се сомневам во пастава, ама ја немам приметено до сега.
Имам користено прашок за белеење на забите од Докторс, ама немаше некој ефект баш... Како во кутивче школка беше и не многу скапо.
Можеби не е во контекст со темава за бели заби, ама оваа паста ја препорачувам за оние кои имаат проблем со непцата и крварење. Ја има во Зегин, околу 200 ден е само вкусот и е малку необичен, не би можел секој да ја поднеси, ама станува навика. Вреди да се проба, барем мене ми помага Ја има и со зелено цветче
Најефикасен резултат дава белеење на забите кај стоматолог.Тој одредува дали забите се погодни за белеење или не се, ама сепак резултатите од белеењето покажуваат драстична разлика.Процедурата е околу еден час, а потоа препорачливо е да не се конзумираат премногу топли или студени пијалоци.
Дефинтивно професионално белеење кај стоматолог,меѓутоа не го препорачувам. А од пасти дефинтивно Max White One na Colgate,и тоа Active i Optic најефикасни
Да никако со такви експерименти,стоматолог сум и да тоа може да доведе до ерозија на забите. Не очекувајте со ништо да ја промените драстично бојата на забите. Таа доаѓа од дентинот(тоа е внатрешната коска да кажам) а надворешната коска е емајлот кој е транспарентен. Јас би ви препорачала добра паста,помалце цигари,кафе и црвено вино