Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Само 3% хидроген пероксид покажал природни и трајни резултати кај мене, за помалку од 1 недела. Се држи 2 минутки и се пере со вода, по што следува темелно чистење на забите со паста за заби.
     
    На joy1 и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Јас кога користам паста за заби каде што помеѓу останатото пишува и за белење а посебно колгејт кога го користам веднаш ми се избелуваат или барем малку, ама тоа не е трајно ако купам паста што не е за белење повторно малку ми пожолтуваат но барем кога ѓи користам тие пасти ми се побели сега пак планирам таква да си купам паста.
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Јас сум во план да купам онакво апаратче за белење на забите со лед светло. Еве вакво како на сликата,во делот што се става на забите,му се става гел и така ги подложуваш забите на третман по неколку минути. Само ме интересира мислењето на стоматолозите за ова,дали е штетно за забите,кои се последиците од него? @Annath , знам дека си стоматолог,па ако можеш да ми одговориш. :)
    [​IMG]
     
    На tinkerbelll, mims-89 и joy1 им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    @Waka-waka од каде може да се набави? Јас гледав вакви на Ибеј и Али по смешни цени по 5$, ама незнам да не се озрачам од кинеското :D
    Истото апаратче го продаваа на некоја страна што ми се појавуваше на фејсбук по некоја луда цена од некои 2-3000 денари, не ми текнува точно.
     
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    @mims-89 видов во каталогот на Дм, од White glo,на попуст некои 500 денари беше ,ако добро се сеќавам.
    [​IMG]
     
    На ivancekitty, joy1, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    @Waka-waka истиов сет во Веро пред Нова Година беше околу 300 денари, заборавив да си го купам, а мислев.
    Штом е white glo јас би го земала, презадоволна сум од пастата за заби. Сепак прво ќе проверам во Веро да не им трае уште акцијата, не ми се фрлаат 200 денари во воздух. :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Catherayn

    Catherayn Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Го има некоја користено тоа сетот whiteglo од ДМ што го продаваат? Каков е? Делува?
     
    Последна измена од модератор: 4 јануари 2015
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Мене ме плаши да не им штети на забите таа процедура и средствата кои одат во сетот.
    Во смисол, да не стануваат забите поосетливи потоа и сл.

    Инаку, ќе го купиме сетот, сето тоа е во ред :D, ама кога ќе се потроши гелот кој се става во гумичките, претпоставувам дека е достапен да се купи и самостојно или ?!
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сетот е околу 900 денари во ДМ(ГТЦ), завчера баш тргнав да го купам ама изгледа завршил попустот па се предомислив. Во Веро го немаше воопшто (ГТЦ). Ми преостанува да видам уште во Рамстор и Космо ако го начекам на половина цена ќе го купам :lol:
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Не знам кај ми избегало известувањето дека си ме тагнала во постот, ама еве сега ќе ти одговорам, се надевам не е доцна.
    Инаку, овој апарат работи на ист принцип како дел од профи техниките за белеење на забите во стоматолошка ординација. Само што верувам дека гелот кој се користи не е толку јак како професионалните гелови за избелување, ама не можам 100% да тврдам, бидејќи не му го знам составот.
    Што значи, штетно е скоро исто колку и професионалното избелување. Јас не го препорачувам пречесто, можеби би можело да се користи во домашни услови, еднаш годишно, еве двапати нека е, ништо повеќе од тоа.

    Некој претходно праша, дали пломбите ја менуваат бојата при избелувањето на забите - од искуство не, средствата не делуваат на самата пломба бидејќи е веќе поминат процесот на полимеризација на смолите и било какво хемиско влијание на истите нема да има ефект. Ова по некоја моја логика го кажувам, бидејќи при избелувањето на забите, пломбите скоро и не ја менуваат бојата. А со оглед на тоа дека бојата на полнењето се бира да соодветствува со природната боја на забот, избелувањето е опција само ако после тоа се смени и полнењето со друго со соодветна боја.
     
    На joy1, Giovanna, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ве замолувам ако го најдете некаде сетов по акциска цена да ме известите, плис :)
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да не треба да се раствори случајно?
    Јас пробав вака, ама мислам дека направив беља, држев неколку секунди, меѓутоа почна да ме лути, и исправ. Зошто мислев дека не е доволно, ја натопив четката во хидроген, почнав да ги мијам забите, арно ама ми побелеа непцата, мал дел, и се извадив од памет. Се познава како мастика да имам меѓу заби, уште ова ми фалеше...(facepalm):worried:
     
  13. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Не се разредува со вода. Најверојатно хидрогенот што си го користела е постар. Ми се има случено еднаш (со хидроген од Еурофарм) и исто како тебе веднаш го исчистив, па сега внимавам што нанесувам. :doh:
     
    На cempres72, coolzhena и alana95 им се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И мојот е од Еурофарм, одма оди во канта.
    Каков да земам? Се надевам дека нема да се случи истото со друг. :worried:
     
  15. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Сега купувам од Zegin, исто од 100 мл, но поквалитетен е и веќе го немам тој проблем. Само обавезно внимавај да биде 3%, не појак и никако голтање, мора убаво да се испере. А нормално е да прави пена, тоа значи дека има реакција и си ја врши работата. :)
     
    На cempres72, coolzhena, alana95 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Колку пари е ако може да споделиш? Тој е специјален за орална употреба или обичен е? Да знам како да побарам...оти овие кај мене во градов од Зегин неписмени се...А стварно сакам барем една нијанса да ги обелам забите оти жолтеникави ми се...
     
  17. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Цената е околу 30-35 денари во мојот град. Напомени им дека се работи за 3% хидроген пероксид. И на самата амбалажа ќе пишува. Нема веднаш да имаш видливи резултати, но со секојдневна употреба од само 2 минутки за една недела веќе ќе си приметиш позитивна промена. Ми се допаѓа што не е штетно за глеѓта на забите, а дава поприроден изглед отколку професионалното белеење. И воедно, поефтино е. ;)
     
    На cempres72, coolzhena, alana95 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Фала ти срцке. Деновиве ќе купам и ќе пробам, па ќе пишам разултати. Леле ако успее должник ќе ти сум најголем.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Нема за што! Верувај дека ќе успее, само отпосле обавезно миење на запчињата со паста за заби! :lol:
     
    На cempres72, coolzhena, alana95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Може е глупо прашањево ама треба да се нанесе дирекно на четката за заби па да те тријат забите или како? :tmi: