Не белеат пломби никако. А за лепенкиве не знам, јас некако не верувам во такви производи, повеќе ми се како маркетинг.
Феминки сакам да поделам со вас една тајна. Со користење на ВУЛКАНСКИ ПРАВ значи забите ем се побели ем со таа прав се чисти каменец. Пробајте и ке се уверите
Купив whitening pen од Зегин, разгледував и случајно го видов, последен беше. Го платив 390 денари, ама не ми е жал, бидејќи денес еве ми е четврт ден, а веќе забележувам разлика. Мала е, но ќе продолжам да го користам и се надевам ќе ми ги избели баш како што сакам.
Сум слушнала и дека доколку изгмечеш медицински јаглен и го нанесеш на забите и од тоа може да избелат забите
Го пробав ова со видеото што го објави една феминка погоре, и никаков ефект не видов, ке треба и со јагленов да пробам или ке ги побелам или ке ги поцрнам
Јас редовно ги четкам со сода бикарбона во две недели еднаш до два пати нема некоја астрономска wow разлика но сепак има ефект и сум задоволна.
Се продаваат ли негде ленти за белење во Скопје, по аптекиве или можеби ДМ? Ако нема, во Грција каде би можела да побарам?
Здраво Феминки Значи вака, коската на забите ми е потемна па поради тоа немам бели заби. Сакам да знам што мислите во врска со ласеркото белеење (предности и недостатоци) и искуства околу ова? И исто така сакам да прашам дали знаете некој друг начин за избелување на заби и дали пастите за избелување делуваат доколку забите ти се природно потемни?
И јас имам жолта коска, цел живот користам пасти со „whitening effect“ и не сум забележала никаква разлика. Исто и со сода бикарбона и активен јаглен. Едно време сакав да ги избелам на забар но само ќе ги уништев. Ние со потемна коска имаме предност, забите не ни се расипуваат и ни се цврсти.
Oва е вистина ... Ние со бели сме склони едноставно кон ронење на забите. Мн брзо се расипуваат и парадентоза не ни бега ... Иначе за белеење имам прочитано кора од банана, од внатрешната страна да се тријат , исто и јагоди ... Јас па ненастина уште побели сакам Знам сода некогаш , мн ретко затоа што е многу штетна.
Дали некој го има пробано ова https://www.facebook.com/elena.mane.79/photos/pcb.1143899168999638/1143899135666308/?type=3&theater