Ја купив пастата на Курапрокс со јаглен, искрено не вреди за парите. Сто пати се подобри останатите пасти на Курапрокс (не се сеќавам како се викаше претходната што ја користев, плав гел беше). Ова да, ги чисти забите ко и сите нивни пасти, ама воопшто нема ефект на избелување. @kukla21, чувај си ги парите. Плус, многу некако е блага, ко детска е на вкус... не освежува. @Annath, ако добро те разбрав, не треба да се користи секој ден?
Пастата може, активниот јаглен како таков не е за секој ден, впрочем како и секое друго средство. Пастите за заби се за секојдневна употреба оти не содржат избелувачки средства во толкави количини.
Пред недела дена кога пазарев во Зегин ја барав и јас пастата од Курапрокс па арно што ја немаше. @Annath што би препорачала ти, да биди со подолготраен ефект без последици врз забите.
Нема ништо што би имало подолготраен ефект. Барем не подолг од месец-два. Секое избелување придонесува за уште поголема приемчивост на пигменти. Единствен потраен начин е со ставање на фасетки (lumineers).
Мене мојот забар ми кажуваше дека имало некоја опција белење на заби со некаква течност, ти правеле калап, како оној кога правиш протези, и се преспивало со тоа во уста. Баш ме интересира второ мислење. А он не беше „за“ она класичното што го правеле они, со хидроген.
Jas ja koristam colgate optic white.Pasta i plus cetka za zabi vnatre vo nea ima penkalo se vadi.Epten sum zadovolna.Neznam dali ja ima ovde jas si ja zimam od ch
Да, има такви за домашна употреба (извини што не одговорив веднаш, сум изумила ). На ист принцип работат како и методите што се користат во ординација, само не се толку јаки. Како и да е, избелувањето не е трајно со ниеден метод.
Јас да ви кажам со лимон и со сода бикарбона ги избелувам забите и многу помага, еве и видео пробајте го ви го препорачувам на сите !
Сакам по бели заби и си купив течност од лакалут меѓутоа не забележувам некоја промена.Што користите вие за по вели заби?
Со темелно четкање на забите и користење на оваа течност може да ти бидат за нијанса побели. Не очекувај чуда од било какво средство за избелување. Побели заби може да добиеш само со навлаки во посакуваната нијанса.
Ако сакате стварно ефикасно избелување на забите, а поевтина варијанта од ласерското белење, земете си ги лентите за избелување Crest white whitestrips. Се порачуваат од интернет, мислам дека ги има на Amazon, eBay, Aliexpress и чинат околу 2000 ден.
Сода бикарбона 1 лажиче се меша со хидроген 3 %,и се прави густа смеса,и се мијат забите,имате ефект веднаш!
Јас со сода бикарбона ги четкам и има ефект барем кај мене. Не секој ден, кога ќе ми текне во месецот по 2 - 3 пати.
Јас ја користам пастата на Colgate Max White Expert White. Гледав доста reviews на YouTube и многу луѓе ја фалеја, па затоа реков да ја пробам. Примамливо е тоа што пишува дека за 5 дена се добиваат побели заби (малку сум скептична за толку краток период, но за недела, две би требало да има некој резултат). 75мл е околу 250 денари во Тинекс.