Дали заболекарката ти кажа дека можеш ова да го користиш секој ден? Зашто некаде имам прочитано дека не било здраво со сода да се четкаат забите секој ден.
Па не е убаво да се користи секој ден сода бикарбона затоа што има разјадувачка моќ. Подобро е да се користи медицински јаглен на пример 3-4 пати неделно, а секој ден можеш да правиш гаргара со 3% хидроген, оној за орална употреба.
И јас така имам слушнато, дека ја разјадува глеѓта на забите и дека еднаш неделно е доволно. Инаку за јагленот супер е, кај мене барем имаше ефект(меѓутоа не некој сензационален ) но после тоа не можам пола саат да ги измијам забите, четката и нередот во купатилото од јагленот...и затоа и ова ретко го користам
Да, ова ми е препорака од забарката каде што одам со години. Имам проблем со непцата и ми рече секое утро после стандардно миење на заби да ставам сода на мокра четка и да ги поминувам. А со тоа ми рече и постојано бели заби ќе имам. И вистина е, забите дефинитивно не се оштетуваат од сода, од неа има само голема придобивка. @Mishela ова го правам со месеци, забар ми има препорачано( плус да не зборам содата за колку многу работи е делотворна, луѓе секое утро ја пијат, а да е штетна сигурно нема да ја зимаат). На интернет се може да се прочита, секој се може да пише. Јас само на стоматолози верувам, на интернет ништо.
Да, содата е делотворна и можеби не е штетна за забите, ама самиот факт дека со сода можам да ги исчистам загорените садови, шпоретот или микро печката ме одвраќа од помислата за нејзино секојдневно користење
И јас така мислев, се дури не почнав да ја користам. Разлика гледам а непцата ми се смируваат моментално. За мене нема подобро нешто.
Ако ти помага супер, ама верувај, после години ќе го приметиш ефектот, кога ќе почнат забите да се ронат. И пастите за заби содржат сода бикарбона, ама не е исто како чиста сода на четка. И јас сум стоматолог, ама не препорачувам да се користи сода секој ден. Напротив. Имам пациенти кои секојдневно користат сода бикарбона, наместо паста, и богами резултатот не е баш за фалење. Порозни и кршливи заби склони кон кариес и примање пигментација од храна и пијалоци, плус многу често ми доаѓаат со болки предизвикани од воспалени нерви.
Тогаш кажувај чаре за џебови и воспалени непца. Откако останав со првото бремена го имам проблемов со непцата и никако да помине а неможам постојано да одам на дренирање, обврските не ми дозволуваат.
3% хидроген, испирај ги забите со него навечер. И мене тоа со содата ми е информација добиена од стоматолог. Барем со забите не експериментирам со нешто кое сум го прочитала во некоја статија на Интернет или во магазин. Хидрогенот исто го користам по препорака на мојот стоматолог.
Редовно секојдневно чистење со конец или интердентални четки и чај од жалфија да користиш за плакнење. А повремено течности за уста како Листерин, не секој ден, ама кога ќе осетиш дека се воспалуваат, пет до седум дена плакни после миење заби два пати дневно. После пак повремено. Иста сум со џебови, нонстоп ми се воспалуваа еден период после првата бременост, а помалце после втората, дека редовно користам четкици за нив, секој ден, после секое јадење, дури и на работа. И Листерин користам, имам дома од сите видови, најефикасен ми е виолетовиот, најјак е. Забележав дека од него помалку имам непријатни мириси од џебовите, да не речам ич. И кај мм што има мостови се покажа како ефикасен.
@Mishela слушајки го мојот стоматолог без заби ќе си останам, а за забите колам @Annath фала ти. Со жалфија уште денес ќе почнам а и се останато ќе земам да правам. Ми се смачи од два џеба што ги имам кај 6-ките и од непријатната миризба од нив повремено и од крв при миење на забите. Се надевам дека бар малку ќе смирам деновиве (инаку на месо не смеам да помислам, најголем непријател ми е за џебовите)
Иста сум...ако јадам месо, лом се правам...само што кај мене има од 5 до 7 на сите четири страни по цел ден со четкица во рака
@ivi1987 јас во конецот за заби најдов спас. После секое јадење обавезно го користам. И жалфијата исто така за исплакнување. @Annath мене листеринот ми е прејак, мислам јазикот ми гори.
Значи среќна сум што имам само два (ама длабоки се, вредат ко за 6 мислам, ми се плаче од самата помисла на дренирање) Маки, пред да забременам незнаев што е џеб
И јас сум иста за жал, те разбирам. Опседната сум со тоа да не случајно ми се направи непријатна миризба и веќе мислам дека станав "отпорна" и на пастите со најсилен вкус на ментол. Ќе го пробам виолетовиот Листерин штом тој е најјак. Обично користам Колгејт или Донтодент, ама може да сменам малку. Неколку пати во неделата (2-3 обично) по регуларното миење заби четкам уште еднаш со "паста" направена од капсула медицински јаглен и кокосово масло. Ми се покажа како поефикасно од сода бикарбона и целосно ја исфрлив. Имам осетливи заби и страв ми е да не си направам некоја белја. Хидрогенот ми е супер и за непцата, многу ги смирува па продолжив да го користам.
Јак е, да, ама ефикасен. За разлика од овие другиве течности за уста е навистина класа пред сите. А со конецот внимавај, не оди многу длабоко. Јас се плашам со конец да чистам, само со четкици, да не одам многу внатре. @ivi1987 богами, само два е премија. Јас ептен имам, сега гледам и на предни заби ми се прави еден маки... @Mishela и хидрогенот бара претпазливост. И тој ги разјадува забите, за жал.
Да прашам дали има некој искуство со Денталика во Ново Лисиче со ставање на порцелан и општо. Сакам на цела горна да ставам порцелан препорачајте ми ве молам некој што веќе има стаено и е задоволен од порцеланот
До побели заби со редовно миење на истите.Користење паста која ги избелува *Lacalut најефективна. Помалце газирани пијалоци, кафиња и цигари бидејќи стварно влијаат. Сум пробала еднаш да ги четкам со паста и сода бикарбона, мислам дека непцата ми беа ЖАР и ме болеа со денови..
Jas ja koristam veke 2 meseci Liquid calcium pastata na zabi od tiande. Predobra e si vredi za parite. Usnata skolka celo vreme mi e cista. https://www.facebook.com/8322801636...2280163610708/832286326943425/?type=3&theater Ja poracav od tuka, fino mi objasnija kako se koristi, dostava do doma pravat. Ja preporacuvam na site koi sakaat beli i zdravi zabi.