Jaс долг период имав проблем со крвареже од непцата и откако почнав секојдневно да користам сода (ставам прво сода на четката и одозгора паста и крварењето на непцата значително ми се намали.
И јас го имав тој проблем, но ја сменив четката, земав со помеки влакна, и почнав да користам Лакалут актив паста, и веќе немам крварење воопшто. Ако ја користиш содата само за тоа, тогаш подобро пробај со друга паста/четка бидејќи како да имам прочитано дека не е убаво толку често да се користи сода за забите. Само добронамерен совет. Нека ме поправи некој ако грешам.
Најдобра за непцата ми се покажала пастата Парадонтакс која е баш наменета за тоа. А содата можеби тргнала дел од забен камен, па затоа се намалило крварењето, инаку ги оштетува двете ако често се користи.
Сода никако. Има ефект веднаш, но штета огромна. Ја гризе геѓта, крварење на непцата и со подолга употреба може да доведе до парадентоза.
Soda moze da se upotrebuva na promer ednas vo dva -tri meseci bidejki e shtetna :/ Jas imam probano so krupkata od banana,jaglen mi go donesoa vistina gi beli zabite,isto taka imam slushnato deka pocestoto konsumiranje na jabolko doagja do efekt za pobeluvanje na zabite
Ќе измешаш половина кесичка сода бикарбона со сок од половина лимон и ке ги исчеткаш забите потоа само ке ги измиеш со обична паста.Но не го прави ова почесто од еднаш месечно може да има лоши ефекти.
Некоја искуство за beyond гелот за професионално белење? И препорака за ординација ако има. 6.000 мкд ок е сума?
Пред некој ден, гледав видео со куркума и кокосово масло. Се меша еднаква количина. Доаѓа како паста и се четкаат забите некоја минута. Јас го оставив тоа да делува додека ми се сушеше маската на лицето , и после измив со паста обична. Не сум сигурна дали има ефект , ама мислам дека има. Ако сака некој нека проба па да ми каже , мислам дека воопшто не е штетно
Dali nekoj ima iskustvo so molivcinjata hello smile za belenje na zabi Pa me interesira dali navistina pomaga, kolku cini, od kade ste go kupile i dali trajno gi izbeluva Vi blagodaram
Pretty Woman jas go koristev i ima efekt go kupiv od apteka ama zabite se beli samo dodeka go koristis koga ke prestanes im se vraka bojata a za cenata ne se sekavam kolku bese