Содата е агресивна, а еве, гледам дека и за јагленот почнуваат да тврдат исто. Се што е претерано не чини, а содата да се користи со фолија и паста не е баш пожелно. Нејсе, сите сакаат бели заби, нормално, ама најубаво да не се оди против природата. Пигментациите се чистат лесно на забар, а сите средства за избелување, небитно дали во домашни или професионални услови се доста агресивни, а без долготраен ефект. Цигари, кафе, чај, црвено вино, пигментите од храната што ја конзумираме секојдневно - сите влијаат на забите. А после избелувачки третман нивното влијание е поголемо и побрзо поради ослабнатата забна глеѓ која станала поприемчива за пигменти.
Има ли некој искуство со белење на забите недела две после вадење на фиксна протеза или треба да се почека некое време ?
Не пречеше, а и сакав да ги исчистам и непцата и да ги избелам забите, се комплет. На државна клиника го правев тоа, многу одамна беше, али мислам околу 600 ден.
Ја користам веќе еден месец Предобра е ! За неколку нијанси ми ги обели забите Пробај ја нема да зажалиш
Јас ја купив пред некој ден и не е ништо посебно исто како и обичните пасти. Поголем ефект имам од капсулите од активен јаглен. Можеш слободно само со неа да ги миеш забите бидејќи не содржи 100 % јаглен преработена е има и други состојки.
Дали некоја од вас има порачано и користено вакво нешто, дали е задоволна и дали ефектот на избелени заби е додека го користиш производот или "траен".
Мене Лакалут пастата за избелување ми е одлична. Можеби нема толку видливи ефекти, но има голема разлика од неа до другите пасти за избелување што немаат никаков ефект. Со подолго користење се забележува разлика.
Јас имам читано на интернет со кокосово масло да се избелат забите го викаат "oil pulling methood" Веќе два три пати го правам и има као некој ефект, некако посвежи изгледаат. Лапнуваш околу пола лажичка кокосво масло, го топиш во уста и го мучкаш како овие течностите за исплакнување. Околу 5 минути го правам, ама наводно требало 20 мин. И за да ми биде покорисно, за тоа време правам некоја друга мала задача, правење чај или миење на лице, нешто да се окупираш. После го плѕкаш, НИКАКО да се голтнело. А и искрено, малце грозен вкус добиваш. И наводно му требало 2-3 недели за да се познава ефектот.
Не се чисти на забар. Генетика игра огромна улога во ова. Полирање можеби ќе ги исчисти, но нема да ги побели. Плус, како што имаше напишано подолу за останатите работи - забите и после полирање стануваат поосетливи и искрено би ги оставила такви какви што се отколку да ги оставам без глеѓ и да ги направам осетливи. Подобро здрави отколку бели. Осетливост на заб е полошо од расипан заб и болка заради тоа. Расипаниот заб ќе го поправиш, на осетливиот заб нема што да му правиш. А замислете си сите заби да се осетливи.