Sakam i jas da gi izbelam zabive ama sakam na stomatolog, kako ide procedurata i kolku cini? I dali ima negativni efekti neso?
За некоја година ќе ти се изронат забите, ќе имаш јаки болки и ќе мора да правиш протетски надоместоци. Дај Боже да не се случи, ама имам прилично искуство со луѓе кои многу често користеле сода. И за жал, прогнозата не е добра.
Од амазон или e-bay. Ги користев летово и се пре ,пре добри. Пред да нарачаш убаво провери зашто има различни, мене ми ги донесоа тие до година дена што имаат ефект, 24 ленти имаше внатре , за 2 недели третман. Откако ги искористив ,еве пројдени се скоро 8 месеци и забите ни нијанса немаат сменето ,врв се единствен негативен ефект е што после 5-6 дена употреба ме болеа малце непцата (доста ми се осетливи) ама поминува брзо,не е нешто неиздржливо,
Гледам дека Зегин ја рекламираат а цело време зборуваме за тоа како содата е штетна за забите па затоа те тагнав и тебе @Annath ако можеш да дадеш мислење да не е ова случајно некоја посебна и наменета само за заби или Зегин си прават реклама на штета на нашето здравје?
Не е посебна за заби колку што можам да видам, туку е баш обична сода, само без алуминиум, иста ваква е содата на Алкалоид. Не е препорачливо често миење на забите со сода на овој начин. Секако пастите за заби ја содржат содата, ама во далеку помал процент од ова. Таа ја нагризува забната глеѓ, и со тек на време забите се ронат. Затоа не ја препорачувам за секојдневна употреба. Повремено може, еднаш месечно или поретко.
Слушнав дека пастава навистина за неколку нијанси ги обелува забите со редовна употреба, дали некој од вас ја има користено, бидејќи во план сум да ја испробам. Претходно ја користев Colgate Max white, пастава за сега ми е најдобра од сите, но не избелува баш многу, треба доста време и нормално би се вратила секогаш на неа.
Незнам дали е за овде прашањето но не најдов друга тема. Од која течност за плакнење на уста сте најзадоволни и некоја со пристојна цена.. патем читам на некои од нив дека плус придонесува за белеење на забите. Мене ми треба повеле за мирисот во уста, бремена сум и од многу повракање имам некој чуден мирис и вкус у устата па плус течност да пробам освен паста. Позз