Не се препорачливи во бременост, и во нормални услови не се препорачуваат секој ден да се користат, само кога реално имаш потреба.
Јас користам течност за плакнење на уста од Doctor's и е супер ја има и во аптека и во подобро снабдените маркети..
Ова е почетна ерозија на заби поради повраќање... пробај да си ги премачкаш со тутмус ако не го најдеш во аптеките твојот стоматолог сигурно има ... ќе те премачка а може и да ти каже каде би можела да си набавиш....
Најголем ефект забележувам кога ги чистам и полирам забите на стоматолог, тогаш избелуваат за некоја нијанса, а со домашните средства мислам дека многу бавно се постигнуваат ефекти.
Со полирањето не се избелуваат, туку поради сјајот кој се добива, така ти се чини. Најдобар начин на избелување е професионалното белење во стоматолошка ординација, се друго се само обиди кои имаат многу краткотраен ефект.
Затоа пишав дела избелуваат само за некоја нијанса, нормално дека со професионално избелување ќе се добие поголем ефект, ама се’ зависи и од природната пигментација на забите.
Во аптека ја најдов, беше 200денари. Имаше и една друга 340денари на природна база била, ама неможам да јадам слика. Кажете ми дали помага? Вреди да се земи или да барам друго чаре?