После полирање на забите премногу ми се осетливи и ме болат... ви се случило тоа или само лоша претпоставка?
Добра паста за побели заби што ја има кај нас? Гледам на фалат таа nua nua, но сакам да слушнам и предлози тука
Околу 200 ден е, момемтално на попуст во Зегин е 134 ден. И некоја од пастите на Колгејт во црвено пакување, но не сум сигурна која ја спомнуваа.
Ako stanyvas zbor za pobeli zabi zemete ja novata Colaget max white charcoal prekrasna efektot na belenje se primetuva pri prvoto mienje nemam zborovi drugoto se fals
Го има некоја ова пробано? https://grouper.mk/deal/beleenje-zabi-dentalea-oktomvri Ова ваљда се рачуна како белење, а не полирање...
Кога ја извадив протезата ги белев забите околу 150 евра. Имаше океј ефект, ама потоа забите ми реагираа многу на ладно и топло и кажав никако белење во иднина. Веќе неколку години ја користам пастата на LR Health and Beauty, одлична ми е, забите ми се бели и не ми крварат непцата. Предходно ми ја носеше другарка што студира од Бугарија, а сега гледам ги има и во Македонија, ако им нарачате повеќе имате бесплатна достава плус попуст ви даваат. Има и гел на истата фирмa и двете се со 40% алое вера
Кај мене не функционираат пастите за избелување, па и имам многу осетливи непца и не смеам да ги користам повеќето вакви чудесии зашто многу ми ги воспалуваат непцата. Си ја користам Lacalut active и секоја вечер ги чистам забите со конец, мијам со четка и испирам со 3% хидроген по препорака на стоматологот. Забите побели не ми биле никогаш досега, јас сум убедена дека конецот и хидрогенот си ја вршат работата и повеќе од доволно, барем за моиве заби.
Со паста тешко дека ќе се избелат , користев и Колгејт за белеење и листерин ама ништо ,едино што ми помогна е на забар белеење а пастиве според мене ти се чиста измама.
Стоматолог. А ако ти е за превенција, редовно чистење со забен конец (и интердентална четкичка), и антибактериско средство за плакнење. И нормално, редовно четкање. Тоа што обично си правиме, нема друго.
И јас во последно време имам кариес. Мијам строго со "curaprox" четка за заби, конец за чистење, оние како мали четкички за меѓу заби не знам како се викаат точно, но џабе кариес упорно. Инаку гледам многу коментари околу чистењето со сода. Јас ги чистам можеби еднаш до два пати во месецот и од едно чистење имам разлика бидејќи сум и пушач и се ми трга од наслагите, но стварно не е здраво и препорачливо. Со многу забари имам разговарано и сите ми рекле дека не чини. Тоа што има во пастите сода е друго и поразредено, али директно на заб па во комбинација со лимон било смрт за забите. Така ми кажале така пишувам тука. На 6 месеци одам на чистење забен камен и полирање и тогаш малку ми избелуваат. Ама би сакала да пробам некоја од пастиве или апаратчето.
Некој искуство со некој од производиве? Двата се од дм, апаратчево е 4000, прашоков 400 некако голема разлика во цена, затоа пред да купувам кажувајте