За избелување испробав многу работи. Задоволна бев од нуа нуа пастата од зегин, потоа имаше и една на Frezy derm исто во зегин ама беше поскапа. Имам ја пробано и новата таа AIM White Now и таа ми се допадна, навистина се примети разлика, но сепак нај нај успешно за избелување се таблетките од LUSH црнире Boom се викаат, не само мене на многу луѓе им подарив и им се допаднаа. Еве и вереникот целосно ја исфрли обичната паста ги користи само тие. 595 денари ги земав има околу 100 во пакување. Најдобро нешто се и плус природни.
Па од сити мол, штандот на LUSH. После можам да ги сликам ако сакаш. Се грицка таблетката во уста со предните заби ја раздробуваш и со натопена четка за заби четкаш 2-3 минути. Црнило во устата ама има убав вкус како кока кола и потоа плукаш и плакнеш. Исто како обична паста.
Јас веднаш забележав мала разлика, е сеа поинтензивно се примети после 1 недела редовна употреба. Отвори има многу видеа на youtube за овој производ. Многу изгледав пред да ги купам.
Ауу браво, па една недела е ептен брзо.. Баш ќе ѕирнам фала ти. А и цената не е лоша, по некоја пресметка ќе траат два месеци, три ако користам една таблетка на ден. Отворив и на страната ама не пишува дека се за избелување?
Јас таму лично прашав, ми кажаа дека сите пушачи такви земале, избелуваат пробај ќе видиш. Ги имам и другите видови, тие со лимон не се убави, а белите се добри и освежуваат. Си ги имам бидејќи ретко користам паста се навикнав на таблеткиве. Овие црните навистина ме воодушевија, околу 100 денари се поскапи од останатите видови, но се 100 пати подобри.
Zavisi i kakvi pasti za sekojdnevna upotreba koristite probajte od pastite na Lakalut jas mnogu sum zadovolen sekako efektot nee vednas no toa sto se poskapi da znaete deka ima efekt
колку пати дневно ги користиш? Јас ги имам ама по навика ги заборавам и се миам со обична паста. Сега пред 3-4 дена ги ставив на дофат да ги користам редовно. Коа ги користев сабајле и вечер или само еднаш во денот ми беа супер. Сеа со 3-4 миења во текот на денот со нив осеќам како мало пецкање на непцата. Ако е на краток временски интервал значи дури и болка имам. Неможам да најдам да прочитам дали има некоја инфомација колку може да се користат или не е одредено..да не имаш инфо?
Имав читано по странски форуми дека некои луѓе целосно се одвикнуваат од традиционална паста за заби и преминале на таблеткиве. Јас ги имам и белитe Miles of Smiles така што 2-3 пати во денот мијам заби, ги комбинирам, да не претерам со црните. Немам информација дали може постојано со црните. Другарка имам од Америка, таа си донесе овде 2 пакувања за цела година. Вели дека 2-3 пати неделно ги користи. Кај го има ова беладент?
Таблетите на "Lush" се одлични ("Boom" таблетите) за избелување на заби. Имаат вкус на Кока кола не толку интензивен, но ефектот на белеење е неверојатен.