сеа ке ти кажам во порака. сепак да си знаете дека пастава ја врака природната белина на забите. нема да ви бидат ко на некој од Нигерија
Јас еднаш пробав со сода бикарбона. Ставив вода на четката, ставив малку сода бикарбона, ги исчеткав забите и после се измив со паста. Стварно ми беа побели, ама незнам зашто јас на двата предни заба имам како две точки, што се пожолти и се разликуваат од бојата на забите.. Инаку ги мијам забите со една паста, Зиродент се вика ако ја знаете.. и воопшто не ми се допаѓа. Сум се миела со Колгејт бела, без ништо и онака океј е. Нема некој посебен вкус, ама свеж здив имаш после.. Исто се имам миено со Колгејт со екстракт од полен ли, и таа е убава, и сладок вкус на мед има.
Јас си ги имам белено забите на стоматолог ама само една нијанса по бели од моите,прекрасно изгледа и нема потоа болка како што некој мислат...барем јас не осетив никаква,а претходно сите ме плашеа,точно е дека можеби ослабнува коската на забите ама од еднаш не е ништо,од тога па натаму само ги полирам!
и јас исто имам пробано со сода бикарбона ама не сакам повеке се оштетуваат од неа забите од пастите ги користам лакалут и колгејт со прополис
inmate 1807 ,,,,ова ти е само реклама ништо повеќе ...а зошто не кажуваш каде може да се најде ни името на пастата туку само преку некој друг дали сакам да ми купиш после да се договориме да ми ја дадеш ни цена не ми кажа...едно да разјасниме јас не сум од тие девојки па што ќе ти поверувам на лажгите ајде соберисе не ги лажи девојкиве...затоа што некој има навистина проблем и бара решение !!!!
Освен на забар еднаш во годината кога одам за белење и чистење на забен камен, дома со помош на сода бикарбона или со 3% хидроген. Проверено делува
Едно решение што дефинитивно го имам слушнато милион пати, колку и да ти се бели забите без разлика, секогаш уште повеќе ќе ги побелиш со користење на 3% хидроген. Само се нанесува на четка и се мие како со паста, најнормално
А ова хидрогенов може секој ден да се користи или? Бидејќи имам слушнато дека со 3 % хидроген можеш да правиш секојдневно дезинфекција на устата...
Веќе неколку недели ја користам пастата Lacalut White и забите ми се стварно побели, јас и онака имам бели заби, ама пастава навистина уште повеќе ги избелува.
Да не ти текнало да ја оставаш содата 10 минути на забите во никој случај. Не е препорачлива ни секојдневно, камоли да ја оставаш да стои. Буквално ќе ти ги изеде забите - нема да забележиш одма, ама со тек на време ќе се види. Со содата е најдобро еднаш до два пати месечно миење на забите, не повеќе. Можеш да го користиш за секојдневно испирање, ама еднаш дневно, не повеќе. Доволно е. Инаку, мислам дека веќе имам кажано, и пак ќе кажам. Бојата на забите не можете да си ја промените, барем не трајно во никој случај, а ако одите на третмани за избелување, само си ја влошувате ситуацијата, бидејќи дејството на третманите е краткотрајно, а забите уште повеќе потемнуваат после нив. И не мислете дека познативе имаат којзнае колу бели заби, тие дебело плаќаат за да ги покријат сопствените заби со специјални навлаки за кои нема потреба од стругање на забите. Може никој нема ни да го прочита ова, ама јас пак да си кажам.
Со јаготки Ова го имам слушнато од Oprah Winfrey она имаше кажувано дека пробуела се , но најефикасно било со јаготките