Со AIM white now забележав разлика уште по првите две миења, а за околу една недела ефектот уште толку се потенцираше! Продолжив да ја користам во комбинација со течноста за плакнење од listerine, advanced white, a во план сум да ги набавам и овие boom таблетиве од lush.
Дали некој ја има користено пастата за заби со сол и лимон од Др. Хаушка? Дали сте задоволни? Каков ефект има?
Имам пробано секакви пасти и водички, гледам минимален ефект, следно ќе одам на стоматолог да видам што ќе ми советува
Toa bi bilo najdobro, no bi trebalo da se pravat poveke seansi, t.e redovno da se belat. A mozno e potoa da se dobie uste polos efekt. Kafinja,gazirani pijaloci ke mora da se namalat.
Една другарка ги избели забите со ова, моментално непцата ја болеа ден два, ама ефектот беше феноменален! Ама од странство и ги донесоа. Сакам да пробам ама нз кај нас дали има, а ова пастиве тоа едвај се приметува.
Има на алиекспрес ги гледав баш пред некој ден ама не знам дали се оригинал за да фрлам толку пари којзнае што ќе добијам
Прееска измешав паста за заби, сода бикарбона и кокосово масло. Смесата ја ставив на фолија и ја наместив фолијата убаво на заби. Стоев така некои 3-4 минути и се исплакнав, и дефинитивно приметив разлика од прв пат. За содата имам читано дека ги оштетува забите ама еднаш неделно мислам дека нема гајле мене убаво ми ги избели. @Seli20 еве ти Whitening strips
Многу е еднаш неделно, ептен е абразивна содата и најдобро ако веќе сакаш да ја употребуваш за белеење, ставај еднаш месечно. Мене мојата докторка ми забрани употреба на сода, за осетливи непца и заби не е баш нај нај...
Јас имам такво апаратче од интернет го нарачав, ете собира прашина. Го користев неколку пати и видов дека нема ефект. Незнам кој "бренд" е, различни ги има. Незнам дали се сите безвеза, или има некои што навистина избелуваат. @Angy.S