Доста видливи резултати видов од користење на AIM white now во комбинација со Listerine advanced white течноста.
Куркума помага.На некоја стара четка(за да не си ја унаказите со жолта боја четкичката што моментално ја користите) ставете куркума и четкајте ги забите потоа измијте ги нормално со паста. Има ефекти И еднаш неделно е сосема океј.
Јас. Не знам дали само јас забележувам, ама мислам дека има некаков ефект на избелување. Се надевам дека не ме лажат очите
Здраво девојки. Пред 2,3 месеци почнав да пијам зелен чај и на моите предни заби горе забележав после некое време жолти дамки, односно забен камен. Дали можете да ми препорачате некоја паста која може да ми помогне да се отстрани тој забен камен. Што се однесува до чистење на забен камен кај стоматолог дали ќе може да ми објасните како оди тоа, искрено се плашам бидејќи имам чуствителни заби? Фала многу.
Ако е забен камен, не можеш да го отстраниш со паста, ниту со било каков продукт. Забниот камен се вади на стоматолог. Безболна постапка, освен ако имаш некој процес. Се чисти на шест месеци. Ама со пандемијава, тешко некој да се нафати, бидејќи летаат многу аеросоли. Почекај додека не помине.
Јас претходно не сум имала проблем со забен камен, но сега ми се појави на предни заби и искрено многу одвратно изгледа, ми се намали самодовербата.
Не е воопшто страшно, сосема безболна постапка. Бев на отстранување пред околу една година, од тогаш не се појавил пак.
Има ли некој искуство со сетот за белеење на the golden smile? Ги гледам често на инстаграм, но не сум видела некој резултат на слика пред и потоа кој изгледа реално, а не направен во фотошоп
Ги пробав, но немаа некој голем ефект. Чудно чувство на забите после користење и друго ништо значително.
@Seli20 не се лажи со ленти. Оди и нека ти земат мерка од горна и долна вилица, па ти даваат гел и го држиш по 5-6 часа така во рок од недела дена. Прво доаѓа поскапо бидејќи плаќаш за мерките т.е тие си ги чуваш за наредна употреба и само си докупуваш гел. Последно ги белеев пред година и пет месеци и ете уште ми се бели. Ама јас не пушам, не пијам. Летово само ми ставија ко некој гел што рефлектира на светлина и така ми дојдоа до израз ко уште побели.
Не се, дефинитивно не се. Ама тоа зашто ниеден бренд не е како Crest. Aко си во можност, можеш да најдеш за порачување преку Amazon/Ebay.