Дали вреди да се дадат пари за Орал Б и Сензодин паста за заби во однос на три пати поефтина Колгејт?
И Сензодин и Колгејт користам. Од Сензодин сум многу позадоволна и можам да кажам дека вреди да се дадат повеќе пари за Сензодин паста.Сензодин често се наоѓаат на акција во маркетите и ДМ, па можеш да ги проверуваш нивните летоци(на нивните вебсајтови и ФБ профили) за да знаеш кога се на акција.
Јас поодамна од Зегин ја зимав, ја имаше и онлајн да се нарача.. ама ич не сум задоволна, ко да не сум ставила паста на четката, а и не избелува
Не е трајно. Забите пак си примаат пигменти од храна, чај, кафе, цигари. За колку време, најмногу зависи од забите, од методот кој е користен за избелување, како и од тоа колку пушиш (ако пушиш), колку пиеш кафе, црно/црвено вино, чаеви...
Агресивни ли се тие методи? До сега ги немам избелувано, дали ако ги избелам ке мора постојано да ги белам? Се нагризува ли површинскиот слој? Има некоја паста за секојдневна употреба која е добра за избелување?
Секако дека се агресивни. После избелување забите обично се поосетливи, и потребно е да се користат пасти за десензибилизација. Најчесто средствата работат на принцип на нагризување на површинскиот слој, сепак се работи за висока концентрација на водороден пероксид. Пастите даваат само оптички ефект, не дека избелуваат како професионалното избелување.
Имам жолта коска иначе, забите редовно си ги мијам и негувам, до пред година дена воопшто не пиев кафе, не пушам, а забите пак ми се жолти. Мислев да не има ова некаква врска па сама од себе да си се враќа бојата, без влијание од нешто друго. Иначе со гел и ув ламба ќе ги избелувам.
Јаааааас и презадоволна сум. Се нанесуваат многу лесно, не сметаат кога ќе се залепат за заби, гелот на лентите има пријатен мирис, а и вкус богами Ги држам пред искачање, околу 30-40 минути, после ги вадам и убаво, темелно ги мијам забите. Презадоволна сум од ефектот, многу комплименти имам добиено, редовно ги користам сигурно пола година.
Јас ги земам од Лили од Белград. Околу 700денари се, 7 пара лентички има внатре. Се враќам крај на месец, па ако си од Ск, може да ти донесам ако сакаш.