Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до поголема концентрација?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Go-Girl, 19 март 2010.

  1. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    46
    Сакам да прашам...?

    За да дејствуваат апчињава треба да се пијат редовно, значи не делуваат моментално.
    Треба претходно да си ги пиеш за да имаат ефект... јас порано така се фурав, се накљукав Билобил и одма како шлакната, потвесно си мислев дека сум посконцентрирана. и после на лекарката моја и кажувам, ми се згази од смеење, ми вика па тие треба претходно со месеци да ги пиеш за да почнеш да не забораваш работи, а не за подобро да памтиш :$
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да прашам...?

    ^ А јас мислев дека Билобил се за луѓе што забораваат :?: Мислев дека има некои други за концентрација :)
     
  3. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    46
    Сакам да прашам...?


    Јас незнам мила, али знам дека кога учиш, се јаде благо, наводно шеќерот ја зголемува концентрацијата
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да прашам...?

    исто така при концентрација помага ако јадеш житарки, и оние бонжита :D
     
  5. Baby-91

    Baby-91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Сакам да прашам...?

    Za dobra koncentracija e blagoto i suvoto ovosje :)
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да прашам...?

    Еве јадам чоколадо, се надевам дека ќе помогне :) А ред булот нешто не ми делува, ми се приспива :worried:
     
  7. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    46
    Сакам да прашам...?


    ајде, сконцентрирај се, опушти се, седни си лабаво, земи си сокче, нешто благо и читкај си...
    ти пуштам среќичка
     
  8. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    Сакам да прашам...?

    девојки бе како да се сконцентрирам над книгата умот ми лета на секадееее...............лек за концентрација :lol:
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да прашам...?

    ^ Чоколадо Ани :) и Ред бул може, ама чоколадце обавезно :*
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Сакам да прашам...?

    Девојки во последно време навистина имам проблем со помнењето. :worried: Незнам од кога започна сето ова, но мислам некаде при крајот на зимскиот распуст или почетокот на новото полугодие. На еден момент, си помислив дека е затоа што умот веќе ми станал закоравен затоа што за време на распустот не сум правела некои напори да паметам нешто, како за време на полугодието кога секојдневно учев и морав да паметам. Си помислив дека ова ќе се среди како што ќе тргнам во школо и ќе почнам да учам, но напротив. Лекциите кои здраво сум ги научила од прво полугодие сеуште ги паметам но незнам, сега се чувствувам некако мрзеливо, расеано, не сум добра ни физички а уште помалку психички, не можам да паметам. За учење, мање више океј, ама за најнормални работи, на пример ќе сакам да кажам нешто и ако некој ме прекине или сл. некако ќе ми отиде мислата и никако да се сетам. А се чувствувам како да заборавам и некои работи од минатото, и тоа некои битни работи, на страна ситните. Порано се сеќавав што се вика скоро буквално на се, можев да цитирам што сум рекла во моментот а сега никако. :worried: Навистина незнам што ми се случува и би сакала некој што се разбира во врска со ова да ми помогне. Ќе пишев и во Здравствени Проблеми ама затоа што оваа тема е повеќе активна, напишав тука..
    :*
     
    На nedelce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да прашам...?

    Moжам да ти ја издвојам статијава околу твоето прашање. :)

    Сигурно ви се случило некогаш да заборавите нечие име, местото каде сте ги оставиле клучевите, дали сте ја заклучиле вратата и слично. И не е некој проблем ако тоа се случи понекогаш, но ако забележите дека често се повторува, еве неколку совети како тоа да се надмине.

    Јадете здрави оброци
    Добро избалансираната исхрана не е важна само за телото, туку е есенцијална и за мозокот и меморијата. Јадењето овојше и зеленчук богати со антиоксиданси како јагоди, малини, портокали, спанаќ, моркови, брокули, домати и компири може да го намали ризикот од мозочен удар и за 11%.

    Антиоксидансите и полифенолите од боровинките, брусницата и грозјето можат да ја подобрат способноста на мозочните клетки да комуницираат една со друга и да ја намалат сензитивноста на мозокот од повреди.

    Освен тоа, куркуминот и Б витаминот, односно фолната киселина и ниацинот го спречуваат губењето на меморијата, а може да го намалат и ризикот од Алцхајмерова болест.

    Престанете со опивање
    Некои луѓе не се сеќаваат на ништо после бурна ноќ мината на некаква забава. За нивна среќа, во повеќето случаи алкохолот предизвикува само повремено ’замрачување’, односно губење на меморијата.

    Научниците веруваа дека ’црна дупка’ им се случува само на тешките алкохоличари. Студиите меѓутоа покажуваат дека ова е честа појава и кај оние кои повремено се опиваат. Алкохолот може да и пречи на способноста да се формираат нови долгорочни сеќавања, дури и само после еден или два пијалоци. Некои студии покажуваат и дека постои врска меѓу тежината на оштетената меморија и количината на конзумиран алкохол. Значи, колку повеќе пиете, толку ќе ви биде полоша меморијата.

    Вежбајте го телото
    Сите знаеме дека вежбањето ни ги враќа мускулите во форма. Но, дали знаевте дека физичката активност помага и кај мозокот?

    Кардиоваскуларните вежби може да помогнат да се спречи губењето на меморијата. Лекарите веруваат дека ова е така затоа што вежбањето ја подобрува циркулацијата на крвта во мозокот и го намалува стареењето, кое е поврзано со губење на мозочното ткиво.

    Скенирањето на мозокот покажува дека сивата маса е подобра кај повозрасните луѓе кои вежбаат, во однос на оние кои се пасивни. Сепак, не мора да трчате маратон за вашиот ум да биде бистар и внимавајте на дехидрирањето, кое може да и наштети на меморијата.



    Вежбајте го мозокот
    Со вежбањето на вашиот ум буквално му помагате на мозокот да расте. Држејќи го мозокот активен, ги охрабрувате мозочните ќелии да воспоставуваат нови врски меѓу нив. Тоа помага за превенција на губењето меморија.

    Постојат многу начини за вежбање на мозокот. Некои од нив се многу едноставни, како решавањето крстозборки, играње шах, читање, но и свирење некој инструмент, учење странски јазици или занимавање со некакво хоби. Клучно е тоа да го правите редовно.

    Внесувајте во организмот она што ќе ви ја засили меморијата
    Цинкот и фолната киселина влијаат на развојот на мозокот, а за концентрација и помнење клучни се: гинко билоба, витамин Б, фосфатдиколин, фосфатдилсерин и аминокиселините.

    Внесувајте во организмот тоа што го зајакнува помнењето

    Цинкот и фолната киселина го поттикнуваат развојот на мозокот , а за концентрацијата и помнењето се клучни: гинко билоба, витамин Б, фосфатидилколин, фосфатидилсерин и аминокиселини.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Негде на форумов прочитав за некои добри апчиња за помнење.Ако знае некој како се викаат и колку пари се,нека каже.Може и други,не мора баш тие.
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Сакам да прашам...?

    Јас знам за Билобил, ама цена не знам да ти кажам, веројатно не се многу скапи
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас ги знам Билобил, за концентрација и помнење. Најдов цена
    BILOBIL caps. 60x40mg.
    [2164] 485.00 MKD
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам да прашам...?

    Јас ги пиев едно време пред полагање МемоПлус и 360 денари се.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Сакам да прашам...?

    можно ли е да се "предозирам" од кафе?
    пред околу 1 час испив една чаша нес кафе, ама пак ми се приспива, а утре полагам, е сега дали е ок да испијам уште едно нес кафе? со оглед на тоа дека многу ретко пијам кафе и такви работи.. :?: :?:
     
  17. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да прашам...?

    Мислам дека е ок. По мое мислење стави си повеќе млеко или вода за да не ти дојде многу јако. :) :)
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да прашам...?

    Пиј си, не му ја мисли. Јас знам понекогаш да заредам и 3-4 неса во ден, па ништо не ми е. Ако не кафе, напиј се зелен чај, нема око да склопиш од него! :)
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да прашам...?

    Или ако имаш дома, „префрли се“ на Кока Кола. Мене ме држи до 4-5 буден кога имам за преведување, и со солидно ниво на концентрација.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Сакам да прашам...?

    Абе да се предозираш не, ама не си пијач некој на кафе, може да те вознемири ова нес кафето, онака да ти напрај да се чувствуваш возбудено и стресно.Јас така се осеќам ко ке претерам а и јас не сум некој јак кафе пијач. Поубаво кока кола или зелен чај. ;)
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.