Можеби ќе звучи малку глупаво но дали јадете, пиете нешто пред испит за концентрација? бидејќи утре е мојот прв испит и многу имам трема, ептен (по природа сум голем паничар ) ве молам совет
Сакам да прашам...? Савана, сум слушнала (или прочитала) дека водата помага полесно да се сконцентрираш и да се смириш да не паничиш. Напиј се една голема чаша ладна вода пред испитот.
јас еднаш пробав енерџи дринк и никогаш повеке пред испит само знам дека лошо ми делуваше, демек девојката ќе добиеше концентрација. ништо само кафе и книгата пред мене, така спремав испит
Сакам да прашам...? ^ Кога ке ги видиш прашањата се ке помине! и сигурна сум дека си учела па така само без паника ако ти помага можеш да си земеш црно чоколадо и вода за освежување!
Сакам да прашам...? мене чоколадо многу ми помага и кафe пијај посебно за концентрација ми помага nescafe strong http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%82%D0%B0
Јас се опуштам со две-три омилени песни, со позитивен и жив ритам. Мавам некое чоколатце и немам гајле. Не е ништо страшно. Со лесно
Ете и од мене еден предлог. Б-комплекс. Јас лично не сум пробала, ама порано цимерката ги пиеше зашто и беше страв пред испит и ја смируваа
Сакам да прашам...? И јас сакам чоколадце, од него се во мене е мирно Можеш и некоја омилена песна, колку да те опушти, размислувај на убаво само , опушти се и биди самоуверена И диши полека длабоко озбилно, смирено и опуштено
Па има да,те држи будна..али за концентрација јас би ти препорачала зелен чај..кога имав за учење знам,пред неколку години,тоа ме спаси
Сакам да прашам...? Кај мене Ред Бул нема никакво влијание ни на концентрација ни на ништо. Пијам два Ред Була, демек ќе учам цела вечер, дојов дома кога сум му ја легнала ... како топло чоколадно млеко да сум пиела а не енергетски напиток
Сакам да прашам...? Девојки, што да се напијам за да не ми падне концентрацијата вечерва, оти кафето веќе нема ефект врз мене Да пробам со зелен чај или со нешто друго :geek: ? Денеска испив 3 турски со млеко и 1 нес, ама џабе Ајде колешки од трета смена, дајте некое советче
Сакам да прашам...? Б-6 или Б-Комплекс. Исцицај еден лимон, или јади портокал. Не заборавај и на Кока Кола/Пепси, слични пијалоци. ))
Сакам да прашам...? Ако имаш зелен чај со жен шен. Мене тој ме држи будна и си имам концентрација. Оној обичниот ме држи само будна И благо
Сакам да прашам...? Повели колешкe : http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 0%BD%D0%B8 Се надевам дека ќе ти помогне! Има навистина корисни совети, кои помагаат! Ајде, ќе успееш!
Има ли нешто што ќе ме смири малку?Од прееска сум многу ама многу нервозна,не можам ниту да учам,а многу имам.Немам ни концентрација ни ништо.Ми доаѓа се што има околу мене да испокршам,да се изнаплачам силно ама не сакам...Не е ПМС дефинитивно,вчера ми заврши менструацијата.Ако знаете нешто што можам да каснам,да се напијам некое апче или некој враг нешто кажете зошто ќе полудам мислам!
Сакам да прашам...? Жени, давајте лек за да не ми се спие...Главава ќе ми падни уште малку 3 Ред Були се напив, кафе не можам да пијам... Не ми велете легни си, немам време за спиење...
Сакам да прашам...? Мене ми помага да се напијам свежа лимонада, со што помалку шеќер. Или ако си пушач (Господи не ме казнувај), излези на тераса дувни една да видиш како ќе се расониш.
Сакам да прашам...? Спаркс, мене најмногу ми помогна зелен чај со лимон , веднаш те расонува и дава концентрација
Сакам да прашам...? Не не, јас сум најголемиот цигаромразач од сите луѓе, попрво бензин би се напила отколку цигара да запалам Сеси арно моме, само кај да најдам таков во 12 и пол, кога се е затворено Ништо едно петшеснаесет шамари ќе си удрам сега, се надевам колку толку ќе помогни ...