Сакам да прашам...? Б-6 е само Б6 витамин, а Б комплекс ги содржи сите витамини Б. овие биле околу 200 ден и многу помагале. јас пиев слични само со помала количина на гинко билоба и не бев толку уморна,подолго учев и имав концентрација. ми помагаа.
Сакам да прашам...? Знам дека не треба да се пропагира пушењето- ама мене една цигара после неколку часа учење ептен ми го разбиструва некако мозокот, како се да му доаѓа на место што имам претходно прочитано, посебно ако овој чин се дешава во 4 сабајле . А инаку имам пиено билобил форте, ама мислам дека повеќе на психичка база има ефект, си велиш ќе имам концентрација и имаш . Исто ми помага зелен чај со малку лимон, ми ги разбиструва мислите.
Сакам да прашам...? Е браво Сеси во право си, и мене сите ми велат апчиња за концентрација се на психичка база, си мислиш сега имам концентрација од апчево и ќе учиш, а џабе апчиња ако не ти фаќа црпката . Јас минатата сесија пиев Б-6 али врти сучи после 50-60 страни морав да направам одмор од барем пола саат, сега ќе се напијам од овие Б-комплекс морам ако ништо друго барем сугестивно и подсвесно да се охрабрувам да учам а не после 10 страни да се фаќам самата себеси дека ништо не сум запамтила и морам пак од почеток. Ќе пробам со чајот и лимонот, а за цигарчињата и без да ми кажеш си ги пафкам од време на време . Фала девојки
Сакам да прашам...? Билобилот се добри, ама не делуваат веднаш, како да пиеш денес и имаш денес концентрација, јок, тоа само сугестијата си го прави своето во тој случај, тие треба да ги пиеш 1-2 месеци, па после се јауваат ефектите, а мене мојот доктор ми кажа дека ствараат зависност, па така се остана на 2-3 недели пиење билобил за една сесија, тогаш сугестијата си го направи своето, имав повеќе концентрација, но сега таа работа си ја вршат зелениот чај и кафенцето кај мене
Сакам да прашам...? Ливинг, ме пресмеа абре овие апчина се пијат по едно и не долг период бидејќи првенствено се наменети за луѓе кои имаат проблеми со меморијата А цигарите ако ги пафкаш нема ефект, треба онака мераклиски да вдишеш и да издишеш .
Сакам да прашам...? Морав ова да го кажам и да се надоврзам. Во четврта средно кога требаше да браниме проектна задача јас и школските си купивме билобил демек за концентрација и се напивме по едно Ние очекувавме одма нивото на концентрација да се покачи и се да запамтиме, арно ама некако не успа тоа, џабе ги купивме
Сакам да прашам...? Епа еве скував зелен чај а кафето веќе си го испив, пијам едно апченце и седнувам, а цигарчињата Сеси по пропис си ги пушам, вовлекувам и издишувам, активен пушач сум и то је то... Епа уште еднаш фала, ако положам како што планирам има да частам и во реален свет и во виртуелен
Знае ли некој нешто ефикасно што помага за памтење и концентрација, спремам тешки испити а веќе не знам кај ми е главата, ништо не памтам Имам слушнато за едни таблети со краткорочен ефект така поскапички беа, само им го заборавив името. Ако некој знае нешто што помага било која цена да е и кај се наоѓа нека пише макар и краткорочно да е.
Doctor's мемори таблети ! Еве ти податоци за нив и трк до аптека http://businesshouse.com.mk/doctorsprod ... &Itemid=50
Ги побарав низ аптекиве ги нема никаде, знае некој кај може да се најдат? Btw во една аптека ми рекоа демек биле неквалитетни и немале од Doctor's никакви производи
Дали Гинко билоба навистина помага за поголема концентрација ? И колку пари е Гинко билоба Јас во последно време кога седнам да учам ништо неможам да запамтам и затоа сакам да пробам со апчиња ....
Сте се фатиле сите за Гинко, дајте нешто на природна база. Јога, медитација да, ама секој не знае да медитира. Длабоко дишење едно 10 минути, со затворени очи во темна просторија без никој околу тебе, без звуци, без технологија и без мислите да ти летаат на сите страни.