1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до поголема концентрација?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Go-Girl, 19 март 2010.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.456
    Пол:
    Женски
    Проблем со учење

    Па најверојатно не можеш да се сконцентрираш или материјалот што го учиш не ти е јасен па не можеш да го запомниш.
    Ако е првото јас би ти препорачала да си определиш дел од денот кој ти е за учење и во тој период да изгаснеш мобилни,компјутер, телевизор и слични технологии кои го одземаат вниманието и да се посветиш само на материјата за учење. На пр. учи саат време без прекин,па како награда за тоа напрај си пауза од 30мин со што ке седнеш на нет,ке изедеш чоколадо некое и сл. ( јас на пр така правам само што мене наградата ми е испушена цигара) :tmi:

    Ако е второто да не ти е јасен материјалот,побарај некој постар мајка/татко , брат/ сестра ако знаат и ако можат да ти ја објаснат материјата.Џабе ти да бубаш нешто на памет ако не го разбираш.Ако твоите дома не се во можност да ти помогнат т.е да те подучат земи си приватни часови кај тутор. Јас цело средно го поминав со тутор по физика и математика бидејки за мене беше невозможно да ги научам тие предмети ако при тоа некој не ми ги објасни убаво т.е не ми го објасни начинот на решавање на задачите.

    Како и да е зајакот лежи во тебе.Кога ке седнеш да учиш да го исклучиш паметот од небитни работи и да мислиш на лекциите. :)
     
  2. Inloveee

    Inloveee Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Проблем со учење

    вистина е тоа дека не можам да се сконцентрирам
    но кога ќе седнам ќе го читам и можеби ќе го научам, но по 5-10 најмногу до 20 минути заборавам се :worried: :/
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.456
    Пол:
    Женски
    Проблем со учење

    Е па тоа значи дека не си го научила убаво,туку моментално од едно читање мислиш дека си го запомнила. Не знам дали имаш општо со сите предмети или имаш конкретен проблем со општествени науки,природно-математички,јазици...Се си има различен начин на учење и на совладување на материјата. :)
     
  4. Inloveee

    Inloveee Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Проблем со учење

    читам по 1 сат но се е залудно..ништо не ми влегува во главата
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Проблем со учење

    и јас го имав овој проблем пред 2 год ама тогаш открив дека имам притисок во себе па поцнав да правам лабави вежби, онака ко за истегнување и после 5 мин ладен туш и учењето одеше без проблем. Значи според мене немој да пиеш чај или топло кафе додека учиш туку некој сок со коцка мраз ( навистина помага за опуштање а не те тера на спиење )
    и уште ова, порано спремав испити преку ден и никако неможев да се сконцентрирам а после тоа учев после 10 навечер до кај 1 и суперр беше
     
  6. Inloveee

    Inloveee Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Проблем со учење

    баш ќе го пробам ова :D :*
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Значи луѓе,незнам дали ќе ме разберете,пошто видов на погорните постови како сте им пишале,сконцентрирај се,тргни ги мислите,седи во соба каде е тивко,арно ама,што кога и да се исполнети сите услови и по 3-4 часа учење не може ништо да влезе,а плус сте и хиперактивни и неможете да се сконцентрирате?Имате главоболка само по пола час учење и на секој 10 минути морате да правите одмор зошто чуствувате накава си конфузија,измешаност и тежина во мозокот?
    Ова го забележав пред скоро година,и се мислев ми е од земањето на лековите(бев болна,долго боледував)и постојано бев под системи,инексии,антибиотици и што уште не. :puke: Ама вака не бива,учам учам и пак ништо,ма ни кафе,ни чај,јас си имам навика секој ден да си пијам по едно 10тина пати нескафе,ама со млеко го пијам,и пак ништо.Се решив да земам на своја рака без ничие знаење,Гинко омега,барав секаде како тие што ги кажа емче-кремче, на првиот пост,ама никаде во аптеки немаше,па ги зедов овие,изгледа се истите од постот на лилит.
    Па ќе пробам,се пијат по 1 на ден и се 370 ден. :!: Не се нешто страшно,природен лек,на диетфарм се,на природна база,сите витамини на Б ги има и екстракти од гинко.
    Еве вака изгледаат,и ако има некој пробано нека каже да знам дали да очекувам резултати(дале се брзи или по долготрајна употреба) и имаат ли ефикасност? ;) Се надевам ќе споделите. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Ginko_omega.jpg
      Ginko_omega.jpg
      Големина на фајлот:
      8,9 KB
      Прегледи:
      99
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Луѓе,има некој пробано гинко омега(горенаведените апчиња)?Почна деновиве од кога ги земам да ме боли главата многу,па да не е од нив незнам?Ако има некој искуство,ве молам споделете,да одам на лекар или не е од апчињава? :?: :|
     
  9. MamaYette

    MamaYette Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    618
    Ај и јас со истата мака. (Не сум активна неколку месеци од причина што многу ми е хаотичен животот, ама морав да отворам форум сега.)

    Ја прочитав цела тема, ама мислењата се од поодамна, па ќе пишам сега, може ќе додаде некој нешто. :)
    Меморија имам слаба, тоа веќе неколку години наназад забележувам, ама ништо посериозно, па не сум изреагирала. Направив пауза со факултетот, и сега кога дојде време да полагам одново - не можам да учам никако. Немам волја, затоа и беше делумно паузата, изгубив волја и заинтересираност за мојот факултет, за тој што сама си го одбрав и од мала ми беше зацртан во глава. Ама решив да го дозавршам, заради мене, да имам некоја диплома во животов, и за моите што толку пари фрлиле.
    И сега, делумно заради недостатокот на волја за учење на конкретниве предмети, делумно заради скоро тригодишната пауза (па материјалот треба сè одново да се учи, што ми ствара дополнителен стрес), и делумно заради моите мали проблемчиња со меморијата - јас немам концентрација. Воопшто. Не помагаат б6 и слични витамински чуда, не помага релаксирање, ни правење паузи, ни јадење/пиење одредени нешта... Џабе е сè. На секои 5 минути учење правам 30 минути пауза (а обратно треба да е), одма ме боли глава, ми се спие, ми се лоши. 10 страни ги учам 3 часа. Вчера се напив зелен чај, и се разучив после некако, си реков еве чаре... 20 минути траеше дејството. После пак по старо. Размислуваш за минатото, размислуваш за иднината, размислуваш буквално за сè освен за испитот. Во еден момент дури ми текна на некоја случка од една латино теленовела, па се запнав да најдам како се викаше девојката и серијата. (Успеав, Фиорела и Pobre Diabla.) :D

    Long story short, се одлучив да пробам некои апчиња, иако отсекогаш сум била голем противник. Едноставно не гледам друго решение во моментов, а за паузи веќе немам време. Значи, ми треба нешто што делува моментално, и што (се надевам) нема да има негативни ефекти после краткотрајната употреба. Не сакам Билобил зашто барам апчиња што би ги пиела само дури спремам испити. Овде прочитав само за Мемо Плус и Гинко Макс. Кои би ги препорачале повеќе? (Ќе си прашам јас и во аптека, само добро би дошло некое мислење плус.)

    Благодарам. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Пробај да запишеш јога. Помага многу. И мислам дека треба да си направиш муабет о психијатар. Чисто онака, таа блокада што ја имаш сигурно е предизвикана од нешто.
     
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Споредона што го прочитав, кај тебе не е проблем меморијата туку вољата и навиката да се седне да се учи !!! Не си единствена не се грижи и не ти требаат таблети за меморија ;) Јас правев долги паузи, две години, па ќе минеа неколку месеци, а за губење на навиката и не треба многу време всушност. Е. сега не сум млада и слободна како ти веројатно но, оваа мојава тактика и на оваа возраст функционира. Значи вака - седнуваш и правиш белешки, пишувај го материјалот ем, учиш ем, телото и мозокот се навикнува да мирува и да се фокусира на едно нешто. Ова за мене функционира, а јас сум со години жена што постојано трча некаде и менталниот фокус оди од ена на друга страна постојано но, краткотрајно,а учењето бара најмалку 2 часа да не правиш паузи долги. Ако сакаш долготрајно и стабилно знаење или ретенција на факти која ќе трае долго време, прво со пишувањето ќе ја разбереш содржината,а потоа книгата во рака и ќе шеташ по собата и ќе раскажуваш. Така и се слушаш себе си што всушност знаеш,а што не и стекнуваш поголема самодоверба.
    Ова е мое искуство кое функционира до сега, а имам уште многу малку вториот факс да го завршам така што обиди се па, ќе кажеш како функционирало кај тебе.
    Азелениот чај функционирал затоа што има теин, те одржувал будна тоа е се, НЕМА ВОЛШЕБНА ТАБЛЕТА ИЛИ БАРЕМ ЈАС НЕ ЈА ЗНАМ :)
    Со среќа и НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ !!!!!!!!!!!!!!!!!!! АКО ОВА НЕ ФУНКЦИОНИРА НЕШТО ДРУГО СИГУРНО ЌЕ УПАЛИ :hai:
     
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Не користите апчиња бе луѓе,се лажите :rofl:
    Имаме концентрација,само не мрзи да учиме :smirk:
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Јас кога имам повеќе за учење,гасам таблет,лаптоп,телефон вифи само ептен да не му затребам на некој,учам во средина која е тотално тишина и еднобојна не да имам околу мене 300 раб на маса само книгите спуштени завеси и така најмногу се сконцентрирувам,не се замарам многу со тоа леле па тешко е зашто баш јас да учам ајде друг пат итн тоа не смее да постои бидејќи е доста демотивирачки и искрено не поднесувам луѓе кои се жалат само ниту ќе се смени нешто ни ништо,подобро да учам и да научам и да завршам а не само да се оптеретувам со демотивирачки мисли ја секогаш си викам сакам да учам интересно е,зашто да не научам нешто ново?Е сега секако дека не секогаш ни се учи ама ете издржи мушки што би се рекло подобро неколку недели да се исклучиш од реалниот свет одколку да кукаш цела година :D
     
    На Згодно Момче му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
  15. Андријана98

    Андријана98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    devojki dali smeam da zemam ginko biloba so strepsis zaedno?
    dali mozebi kje ima negativen efekt?
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Добар сон, отсуство или контрола на стресот, добро расположение и кафенце по потреба.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Јас ги земав денес па ќе видам дали имаат ефект.
     
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас се излажав со магнезан неуро на др.витон. Имаше реклама демек: “ пијте ги за загарантирана 10-ка во индекс!” И јас си купувам пијам и за пола саат дремка ме фати, се опуштив некако и ги баталив. Ги допив во бременоста кога ми снема магнезиум.
     
  19. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Телефонот настрана, чоколада и книгата пред тебе. Може и некој грицки и некој освежителен пијалок.
    Кажувам од мое искуство.
     
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    И мене од овие Мемо плус ми се спие многу, не сум пиела апчиња за спиење ама овие како да се за тоа.
    Кога ќе се напијам во рок од пола саат ме фаќа дремка и спијам 2-3 саати, затоа веќе не ги пијам.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.