Какви не глупости значи се изначитав.Ленено семе,смоки па уште некој спомнуваат пролактин????? Инаку градите во бременоста се зголемуваат поради млекото,значи колку не сте информирани. Хахаха ќе земате пролактин терапија и градите одма силикони.??? Абе луѓе зошто се лажите сами.Градите растат по генетска детерминација во кореспонденција со останати X фактори.Па помиретесе или имате мали или големи.Па не може сите да се исти да имаат големи гради,исто како што сите немаат иста боја на очи!!!
Градите не ми растат? И јас ваков проблем си имам... ама тоа е тоа што да се прави... ќе си носиме пуш ап. За тоа дека одредена храна ќе го поттикне растот не верувам, не ми изгледа реално.
Па вака да ви кажам пример за смоките за да не верувате во нив: една моја другарка јадеше секој ден кутрата и тоа не знам колку месеци ама ИЧ не и пораснаа, што значи тоа не помага. Друго ако имате мали не мора да сте до толку очајни, ако некој ве сака ќе ве сака и со мали гради. Пробајте да истакнете некој друг дел како на пример тенка половина. Инаку најдов нешто што може да ви помогне: Естрогенот е многу влијателен хормон кој е заслужен за развивањето на женските облини во пубертетот, ни и за појавата на менструалниот циклус. За жал на многу жени, пубертетот им завршува пред да им се развијат доволно градите, па од него излегуваат со мал граден кош. Но, ако го зголемите внесувањето на овој хоромон во телото, нема да ви треба операција за зголемување на градите - телото само ќе ја изврши оваа задача. Бидејќи естрогенот е природна состојка, можете да го добиете од многу билки. Во природата, тој се нарекува фитоестроген (растителен естроген), кој можете да го добиете од сојата, тофуто и семките од лен.Идеална дневна количина од овие продукти би изнесувала 100 до 200 милиграми, односно толку колку што содржи 350 грама млеко од соја или 75 грама сирење од соја. Оваа храна делува и при намалување на менструални тегоби, но и зголемена температура. Други продукти богати со фитоестроген се индискиот орев, кикириките, житарките, пченката, пченицата, јаболкото и бадемите.
Ленено семе За што служи лененото семе? Сите кажуваат подруго. Во другите теми прочитав демек било за растење на градите.Поточно мене за тоа и ми треба. Кажете ми како се користат,кога и колку и дали има помош. Спојлер Темата незнаев дали да ја ставам во храна ама бидејќи се работи за градите...решив тука.Ако треба преместете ја.
Ленено семе Професорката ни кажуваше дека лененото семе е добро за согорување на мастите и забрзување на метаболизмот. Најмногу ќе се искористат неговите хранливи материи кога е сомелено. Се става во салати, потоа со мусли, овесни снегулки итн.
Ленено семе Лененото семе претставува еден од најбогатите извори на масни киселини. Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и ги прочистува цревата. Свежо сомелено семе од лен препорачливо е да се додава во салати, житни снегулки, мусли, како и за подготовка на леб и секакви печива. Од лененото семе се прави и масло. Освен омега 3 масни киселини, ленот е и добар извор на омега 6, содржи висококвалитетни протеини и е богат со диетални влакна, поради кои се употребува како природен лаксатив. Од витамините ги содржи: Б1, Б2, Ц, Е, каротин како и железо, цинк и други минерали. Ленот ја намалува наклонетоста кон дијабетес, стабилизирајќи го нивото на шеќер во крвта, а претставува и одлично средство против опстипацијата и ги намалува воспаленијата на органите за дишење и варење и го намалува холестеролот. http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx ... stID=43924 А дека е за растење на градите прв пат слушам ...
Ленено семе да да има ефект за градите Спојлер испробано јас јадев секој ден по малку како ќе ми дојдеше,некое време не јадев па пак ќе почнам.Инаку сум слушнала дека било добро по 2 лажички дневно да се јадат,ако не е смелено добро џвакајте инаку цели ќе ги изнесете во го*ното и никаков ефект
Ленено семе Мали, кафеави, сплескани семчиња. Околу 20 ден. 100 гр. мислам ги има на Виталија, други не сум видела. Ги има во поголемите, можеби и помалите маркети.
Ленено семе Ги има во сите поголеми маркети,во тинекс во веро.Барајте кај полиците за здрава храна тие житарици мусли сушени овошја,е тука се.100 грама мислам 18 денари беа во тинекс ама тоа е цената до 20 највеќе.
Ленено семе Прв пат слушам дека се користи за зголемување на градите.. јас го пијам заедно со сусам, сончоглед и семки од тиква (мелени) во чаша јогурт секој ден. Се користи за намалување на маснотии, подобро празнење на црева и има т.н. добри масти. А ефектот е ист, дали ќе го пиеш сомелено или цели зрна
Ленено семе Јас купувам ленено семе од продавницата за Здрава храна во Буњаковец, вакви продавници има на повеќе локации, и таму право ми го мелат. Инаку ова дека е за зголемување на гради прв пат слушам, се надевам дека нема од него дополнително да ми пораснат.
Ленено семе Се согласувам со ова.Лененото семе е за забрзување на метаболизмот и за подобро функционирање на истиот.Лененото семе не е за зголемување на гради.
Ленено семе Лененото семе околу 50 гр.се меле и се става во 1 тегла со мед.Се конзумира 2-3 големи лажици дневно и служи за искашлување/исфрлање на шлајмови.Проверено и докажано.Сите пушачи пожелно е да конзумираат барем по една мала лажичка од ваква комбинација. Како поттикнувач на полесно празнење на цревата-навечер,значи откако ќе се заврши со јадење за тој ден,се мелат 2-3 големи лажици ленено семе и со чаша вода се испива.По 15-20 мин.се пие уште една голема чаша вода.Изутрина,додека не се олесните ,мој совет не излегувајте од дома .
Ленено семе абе какви гради, какви глупости. Големината на градите е пред се генетски предодредена. Може да се влијае на неа евентуално со вежби, со што би се зајакнале мускулите и би добиле малку на обем.
Ленено семе Видете што најдов: СЕМКИ ОД ЛЕН Тие можеби не се дел од вашата диета, но содржат најголема количина на естроген, кој можете да го добиете од некое растение. Овие семки можете да ги ставите во некоја салата или некое друго полесно јадење, а тие ќе ви помогнат при зголемувањето на градите.
Ленено семе Со што го мелете семево жити се? Јас немам со што го да измелам. Го земав тоа на Виталиа, 20 денари кесичка и го грицкам со јогурт.