Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до поголеми гради?

Дискусија во 'Тело' започната од Deni-f, 19 јануари 2010.

  1. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Ленено семе

    Јас не го мелам така си го јадам цело лажиче одеднаш.Ама добро го џвакам.
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ленено семе

    Анабел-а ако имаш во тие машинките за мелење кафе, или па да однесеш некаде кај што мелат.
     
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Ленено семе

    А зашто не си купиш мелено? Има во Тинекс 50 денари е во кутија :) Дали беше на Виталија не знам ама таткото на дечко ми го користи и многу убаво било :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. svetle34

    svetle34 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    девојки и јас имам проблем со малите гради би сакала да ве прашам дали знаете нешто со што би можело да помогне да се зголемат градите :(
     
  5. Saru6

    Saru6 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Истиот проблем незнам што да правам и ако е помошта само Мајка Природа дајте ми од неа телефон да се слушнам со неа :rofl: :D

    ама ова е сериозно ми е срам да излезам блуза да ставам брачеда ми е 6 има поголеми гради од мене луѓе се ќе пробам ќе ви кажам резултат! :* :$
     
  6. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ленено семе

    Јас го користев за зголемување на градите , ама ништо , без ефект , 3 пакувања од 100 г . изедов ( не одеднаш) :D инаку еве слика како изгледа за тие што немаат видено ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • leneno_seme1.jpg
      leneno_seme1.jpg
      Големина на фајлот:
      31,1 KB
      Прегледи:
      146
  7. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Ленено семе

    Па не помага бидејќи е лаксатив .
     
  8. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Градите не ми растат?

    И мене ми се мали , ама за тоа сум цврсто решена да ставам силикони :)
     
  9. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Градите не ми растат?

    Па и јас јадев ленено семе еден период али не приметив резултати,па престанав.А има ленено семе на различни фирми.Видов кај некои плус по нешто има додадено.Ај кај тие што имало резултат кажете од кое ленено семе зимате.
     
  10. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
  11. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Градите не ми растат?

    градите си растат до 21 година како и коските ако не па како што вика pupi.girl еден добар пуш ап и чао пријатно :)
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Градите не ми растат?

    Лененото семе не е за зголемување на градите, тоа е за подобро функционирање на организмот, за брз метаболизам.Единствен начин е силикони или пак нешто природно, преку исхрана, ако и тоа воопшто има влијание.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Градите не ми растат?

    Јас уште се мислам дали да си купам ленено семе.
    Големината на моите гради си варира заедно со килограмите, ако се поправам макар и кило, забележувам дека и тие потпораснуваат. Не ми се ниту големи, ама ниту премали. Е сега, градник 75ка ми е мал и неудобен, а 80ка голем. |(
    Глупости, ама ајде.
    И да бе, сите наопаку јас на терсене - на мајка ми и се многу помали од моите. :D
    Сепак, може ќе пробам со лененото семе, барем да го пополнам 80-чето, поголеми не ни сакам, а искрено и нема да ми одговараат на конструкцијата. :$
     
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Имам негде читано од соја,јајца и ленено семе растеле гради...Па сеа..Пробајте и кажете :D
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Зошто едноставно не се прифаќате такви какви што сте?
    Еве и јас имам мали гради,па што да правам.Нека си бидат такви,какви што ги дала мајка природа.
    Несакам да ги пораснам,не да не сакам туку не верувам во ова,јадење соја,смоки.И ред друго. ;)
     
  16. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Мијте ги со шампон за волумен ќе ви пораснат :D Се шалам хахах
    незнам зашто се оптеретувате баш се убави малите грди поголеми деколтиња стојат на помали гради барем јас така мислам :)
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Градите не ми растат?

    Може ќе звучам малку ко плавуша ама, ај сепек да си прашам.Кој пита не скита, нели де.
    Значи, се мислам дали да си купам ленено семе, иначе носам градник 75ка, па се прашував дали од лененото семе ќе има некои промени на тежината или само во обемот на градите(ако ми се посреќи)?Дај ве молам просветлете ме се чуствувам ко некој идиот. :?:
     
  18. STROUBERI

    STROUBERI Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    nema da mi porasnat li gradite????

    Imam 15 god i gradite nikako da mi porasnat
    neznam shto da pravam
    gi citam sovetite od na stranicava i gi upotrebuvam po nekoj
    pomagajte ako znaete neoj podobar nacin :?:
     
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Градите не ми растат?

    Големината на градите е генетска работа. Во тоа не можеш да влијаеш. Ако мајка ти,сестра ти, тетка ти имаат големи гради многу веројатно е дека ќе имаш и ти.

    Во секој случај имаш 15 години ,млада си ,уште растеш и се развиваш и нема потреба да мислиш и да се грижиш за тоа. Туку да си создадеш самодоверба што е многу поважна од бројот на градник што го носиш.

    На градите, облик,цврстина можеш да им влијаеш исклучиво со вежби. И така да го подобриш нивниот изглед. Тоа е тоа.

    Евентуално,ако толку ти пречи во иднина хируршки можеш да ги зголемиш. Или ако се здебелиш ќе се зголемат и твоите гради заедно со остатокот од телото.

    До тогаш купи си убав градник што убаво ќе ги обликува и ќе ти овозможи телото правилно да го држиш. И мачкај ги со некоја похидратантна крема, во случај нагло да ти пораснат,за да не ти се појават стрии.

    п.с. Постовите пишувај ги на кирилица.
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Градите не ми растат?

    Лененото семе го забрзува метаболизмот, многумина го користат при опстипација, со секојдневно користење ќе имаш побрзо и полесно празнење. Значи може и да ослабеш, а ако ослабеш може и градите да ти се намалат.
    Преку храна тешко дека ќе се зголемат градите, освен ако се здебелите па и тие ви се здебелат :) јас на тој принцип си добив малце плус (тоа кога се здебелив, сеа пак ми се намалија :( )
    Храна богата со хормони, или пак хормони да земате, што може да придонесат да се подуете, па ете ви и подуени/поголеми гради :D
    Друг начин, силикони. Тоа е.

    убави се и малите гради бе :wasntme:
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.