Неможам да кажам со сигурност бидејќи не сум испробала, ама мислам дека може да се зголемат со бодибилдинг вежби за гради (chest workout) + конзумација на протеини, како што им успева на мажите да ги зголемат и оформат градите. Пак ќе кажам, не сум пробала, не ни планирам, уште тоа ми фали и ќе треба да ги врзувам ( позз до @blueeparadise, истиот проблем). Сепак, ако до толку сте 'очајни', пробајте со вежбање, ако ништо друго ќе си се затегнете, што како и да свртиш, е плус. Значи ништо нема да загубите. Ама според мене, треба да сте си задоволни со тоа што го имате, посебно тие со средни гради, ајде тие ептен даски што се ги разбирам, ама верувајте дека и големи гради не е баш нај нај. Како прво прслук неможеш да најдеш што ќе ги држи во правилна форма и виснуваат како на баба.. (јас по два морам да носам) па за натаму да не ни зборувам. Бидете си задоволни со тоа што го имате, не се оптоварувајте со вакви глупости.
Јас ќе почнам со програмава од денес ќе видиме дали ќе има разлика ќе пишам пак кога ќе ја завршам http://www.femniqe.com/2017/06/06/bigger-breasts-challenge/
Феминки, дали спиењето на стомак и случајни удари(кои што сите ги имаме, на пример другарката со лакт) го спречуваат растот на градите?
Дефинитивно не, јас спијам на стомак од кога сум родена, па пак имам и за извоз. Ајде ќе чекаме резултати. Chest flyes пробај ја, една од најдобрите вежби за гради, што потешки тегови тоа подобро, и конзумирај протеинска храна или пак ориз и сл. после тренинзи. Може и протеински шејк, ама поскапи се суплементите за набавување. И уште нешто, кога ќе планираш да внесуваш протеини после или пред тренингот, вежбај го само оној дел од телото каде што сакаш да додадеш некое килце или во обем. Со среќа.
грчкото семе/пискавица/тилчец како се користи? Знам од мајка природа тоа е тоа. Гени. Тоа е тоа. Силикони -е тоа е тоа хах Човека се ќе проба нели ама јас преферирам чаеви. Слушнав за Анасон Не помага. Купив пискавец(тилчец или грчко семе) од утре ќе пробам што ќе е. Другарка многу почна да јаде пилешки крилца и има резултат, 3 пати во неделата јадеше. Не се пиправи она него од даска рамна има сега цициња. Кремови не помагаат. Масажа не можам толку да опстојувам. Кај по 5 мин ќе се масирам нема шанса тоа кај мене. Него не знам како да го консумирам Пискавецот?
BustSize не ми помогна. Кажете некој домашен рецепт за зголемување на градите, нешто предложетее, благодарам однапред
Абе што се глупирате и сте ја отвориле темава. На оној кој навистина ве сака ќе ве сака онакви какви сте со сите ваши предности и недостатоци. А ако не сте задоволни со себе за тоа си постои хируршки зафат се со цел зголемување на градите.
Здраво дечки, Дали со вежби ви пораснаа или шо? Јас оддамна сакам бар едно бројче да ги зголемам, ептен сум даска, ко третооделенка се одеќам, а 26 год сум