Никогаш немав големи гради, освен во бременоста кога се поправив па и тие се зголемија, е после доење толку голем стаж не остана ништо ама искрена да бидам не се ни сеќирам. Јас едвај 50 кг имам и на оваа тежина нема да ми личи големи гради. Ај на старост, кога ќе се подзадебелам
Здраво до сите, Јас сум нова на форумов и ми треба совет и помош околу темата. Имено подолго време се мислам да ја купам Bust Size Crème, меѓутоа нема никакви реални рецензии на интернет. Откако се породив и престанав да дојам градите ми се намалија значително и ми омекнаа, па сакам ова да го променам. Дали вие сте се соочиле со ваков проблем и како сте го решиле? Постои ли некоја крема (или некој друг препарат) која е ефикасна во тој поглед?
@Moder иако не знам за која и каква крема точно станува збор, лично се сомневам дека постои формула (крема) што ремоделира и зголемува гради. Може да го напишеш составот на кремата? Она што реално можеш да направиш е: 1) вежби со кои ќе се подобри тонусот на пекторалните мускули, што само по себе ќе ги поткрене и градите, па ќе изгледаат подобро. Уште подобро и во комбинација со вежби за грб бидејќи се подобрува целокупното држење на телото. 2) корекција со оперативен зафат (ако си ептен си незадоволна од изгледот и тоа ти се одразува на општата состојба). Од контекст, подразбирам дека ти е прво детенце, па ако планираш проширување на семејството, можеби би било подобро ова да се остави за некое идно време. Секогаш опција е и добар push up градник. Го разбирам незадоволството после една така голема промена како бременоста низ која поминало телото, па ќе изоставам совети на тема "самодоверба" и self love. Секое добро.
И јас имам мали гради но имам добар задник и убава половина , едноставно кога би имала и гради големи би изгледало пренападно дури и невкусно... Секој е тип за некој. Да се има се не е ни интересно
Нема врска тоа. Се зависи од човек. Има многу девојки кои немаат ниту големи гради ниту голем задник ама сепак се секси.
И со ова се согласувам затоа и напишав за секој има некој . Секој со својот вкус инаку сите би биле исти
https://www.libertas.mk/kazhete-zbogum-na-malite-gradi-imajte-prirodno-dva-broja-pogolema-korpa/ Немам пробано со овој крем али сигурна сум дека немат ефект, тоа е само за фрлени пари.
https://forum.femina.mk/members/kikiccc.122304/имав една пријателка проба се ама без ефект ако си слабичка пробај качи некој кг ке има мал ефект и тука
Devojkii, jas primetiv rast na moite gradi so nezno pritiskanje. Ne e pregolem rastot, no primetlivo e. Probajte nema shto da izgubite mozebi i na vas ke vi pomogne
А зошто не се сакате такви какви што сте???? Какви ве создала природата....ниедна личност не е совршена, за било кој дел од своето тело, ама пробајте да се сакате себеси такви какви што сте.
Izvini, kako toa so pritiskanje ti porasnaa? i mene ne mi se nesto golemi ama sakam bar bradavicite da mi se malku pogolemi, ima za toa nekoj trik?