Добро е масажа при туширање и тоа наизменично топпо ладно! Ама да не се лажеме масажи, ленено семе, креми глупости едно друго може да влијаат малку ама нема да имате некој вау ефект... Ако сакате поголеми гради силикончиња и готово. И јас имам релативно мали гради, и воопшто не ми смета. Убавината не е во бројот на корпата на прслукот, има многу поважни работи од тоа !!! И како за утеха на сите со мали гради, а прилично големи задници 64% од мажите преферираат добар задник, а не гради па сега вие видете
Леле девојки и мене тоа ми е комплекс...купив соино млеко...ама у уста не можам да го ставам...повраќам од него... џабе го купив... иначе случајно дома најдов ленено семе ама поима неам како да го користам тоа... а нишо не пишува на него...со шо да го јадам... ????
Ленено семе се става како додаток во салати. Посипи неколку зрнца врз салатата така нема да го чуствуваш иначе грозно е за јадење.
Ахам... фала waka waka Иначе не знаеш колку ми е криво за млекото... не знаев дека е толку гадно... ама шо да се праи... ќе го пијам со затнат нос
Најдобро е да го истолчиш пред да го јадеш, зошто прочитав, ако не се истолчи, само проаѓа низ организмот и како цели зрнца си излегува, т.е. го исфрламе. Значи ако не го истолчиш, нема ефект, не се разградува во желудник, ниту се абсорбира во тенкото црево. Така да, пред да го ставаш во супа или салата како додаток, истолчи го.
Абе аман... според мене пак, соиното млеко од ванила има одличен вкус, јас додавам по едно лажиче и во кафето. Инаку кога го пијам како млеко ставам 4 лажички од соиното млеко и 2 лажички шеќер во 200 мл врела вода.
Aууу како бе? Моево е во прав од Виталиа и премногу е гадно!!! Иначе на моево пишува две лажици за 250мл. Ама стварно е ужасно... Се разочарав...Едвај чекав да си купам и сеа... (((
и јас го имам истиот проблем со градите...имам 17 години и имам ептен мали гради. Пробав триста глупости и џабе ништо не ми успеа така да не се надевајте многу со сојата и масажите, ќе дојде време кога ќе си пораснат градите. Башка многу машки сакаат женски со помали гради
Сум слушнала дека од Боза растат градите само не знам колку е точно мене ми е инересно и корисно ми изгледа трикот со шминка Многу полесно е визуелно да направите градите да ви се поголеми кога ви е покриено деколтето, а ако треба да носите свечен фустан со откриено деколте, работите се малку покомплицирани. Но, и за тоа има решение – едноставно применете го овој холивудски трик: Потребна ви е камена пудра во темна и светла нијанса и четка за нанесување на пудра. Ставете градник за подигање на градите и облечете се. За да ја заштитите облеката, ставете салфетки на рабовите. Нанесете од темната пудра по вертикалната линија помеѓу градите. Започнете од долу, па движете се со четката нагоре. Неколку пати поминете нагоре-надолу, за да ја разнесете пудрата. Потоа во горниот дел, каде што завршува линијата, започнете да се движите кон надвор, формирајќи ја буквата V и движејќи се по облините на вашите гради. Со четката лесно разнесете ја пудрата за да не се познава строга линија. Земете од светлата пудра и нанесете на горниот дел од градите што ви се истакнува над облеката. Разнесете го добро со четката. Користете понежни нијанси за да не изгледа зголемувањето вештачки. Гледајте се во огледало и внимавајте и двете гради да изгледаат еднакво. Ќе бидете изненадени од ефектот!
Јас имам слушнато дека помага и чајот од жалфија. Се мислам дали да пробам со тоа, бидејќи ништо не ме кошта. Инаку и јас имам мали гради, но тука е push up-чето и готова работа.
чај од жалфија? не сум слушнала до сега ... инаку и јас имам исто мали гради а за жалфијата ако има некаков ефект пиши ни... позз
За сите што не знаат , лек за растење на гради нема, тоа си е наследно , гледам мали девојчиња на 16 години разочарани, па уште се развивате почекајте до 22-23 години додека телото да ви се развие, јас во средно школо имав многу мали гради и бев многу слаба, сега имам 26 год, и имам гради баш таман, дури не ми се верува дека ми пораснаа толку
моја другарка има 17 години и има премали гради, како на 12-13 годишно девојче. Ама не си создава комплекси и не и смета што нема гради.
Мхм,ама тие тебе нема да ти се допаѓаат.Тoj што ќе ти се допаѓа ќе сака оооооогромни гради...Ах Марфи... Колку е демотивирачки во ваква тема да пишеш дека мажите всушност уживаат во бујно деколте! Нејсе,се шегувам,од боза се создава повеќе млеко кога дојат жените,не растат гради.Викаат дека растат од ленео семе во прав и сусам во прав...па кој знае,една другарка тврди дека и од смоките,јас и викам дека имала среќа што таму се здебелила.Тоа ткиво се всушност масти и ништо повеќе,јадете и вежбајте за да не се здебелите,ќе ставите мускул,а она што ќе отиде во гради ќе си остане таму и ете ви.
Ништо не сум пиела, ништо не сум мачкала... А градите ми се како надуени балони!!! Понекогаш толку ме нервираат.... баш сега ги гледав сликите од одмор, се убаво, рамно тело ова она... се под ред и горе градите!!! излезени од конструкција... Единствено што превземав за да ми растат градите, беше уште од мала кога почнав да носам градник, да го вадам за спиење! Така ми рече мајка ми и јас така правев... И сега не можам да се замислам да спијам со градник! Можеби заради тоа ми израстија толку, можеби е до генот... ослободете ги градите! нека дишат!
Силикони ви е спасот! Дефинитивно тоа е најреалното решение за оние кои го имат проблемот! Скептик сум за сите други ,,методи,, за појачување во градниот кош! Или мајка природа или пластична интервенција! Друго не верувам да има!