Големината на градите е генетски предодредена. Но најголем непријател за намалување на градите е губењето на тежината е тука ништо нема да ве спаси, никакви креми и никаква врста храна. Јас така си ги загубив градичките, кога ослабнав 10кг, и не можам да се препознаам на сликите во врска со тоа колку убаво ми стоело деколтето, е сега, си се тешам така што си викам подобро да имам убава линија, отколку да бидам дебелка со големи гради И не е вистина дека машките не сакаат девојки со мали гради, јас никогаш не сум имала лошо искуство во врска со тоа,,, туку мојот сегашен дечко (и претходниот) вели дека се мали ама многу слатки и убави
i jas imam mali gradi i vsusnost bi sakala da imam pogolemi ne mozam da nosat nesto kako dekolte ne mi stoi a znam deka i za gradite da ti bidat pogolemi nema nisto drugo osven silikoni no jas mrazam silikoni ako imate nekoj sovet ve molam pomognete fala odnapred [mod-kirilica:eq9bfoua][/mod-kirilica:eq9bfoua]
јас имам премногу значи ПРЕМНОООГУУ мали гради.. а 19 години имам.... незнам дали е од тоа што дури од малецка кога бев...земав да носам градник..зошто бев опседната да имам големи гради а и уште сум...и многу сум разочарана и тажна...дали носењето градник...ако немате циц*и влијае ??
Јас само да кажам една изрека за сите кои го делиме овој проблем Градите се ГОЛЕМА работа, дури и тогаш кога се мали Градите не се зголемуваат ни од соја, ни од смоки, ни од ништо таква работа. Единствено природно е зголемуваат во текот на бременоста, кевови ке бидам тогаш Исто и од дебелеење може малку да се зголемат како и сите делови од телото. Силикони не би ставила никогаш, од страв од компликации, па затоа гледам да ги истакнам убавите работи на мене, и што помалку да е комплексирам околу тоа.
Лелеее, јас па се нервирам, градите ми се баш онака големи, дури од конструкција излезени, висока сум 170 и имам 60 кг., а градите ми се корпа Д, уфф најмногу се нервирам кога треба да си купам некоја блузичка, кошулка во грбот и рамењата таман, а копчињата напред уште малку им фали да пукнат , затоа девојки не се нервирајте, малите гради според мене имаат многу предности....
Хаха е кај мене нема шанси да се фати кошулка.Ако ми се закопчува напред, тогаш во половината ќе ми е широка.Затоа кошулки си правам по нарачка, друг излез нема... Верувајте ми да имате големи гради, ќе сакате малечки да имате.Не знаете какво нервирање е да не можеш да си најдеш бикини (горе таман доле широк ко за баба ми), блуски, а па за градници да не правам ич муабет.Среќа Lisca имаат се' за скротување на гради како моите
Е како може тоа да влијае? Влијаат гените т.е. немаш генетски предиспозиции за големи гради. Simple as that.
До пред некое врене ич не си ги сакав градиве неможев ни прслук да си најдам ни купаќи ама сега многу си ги сакам
па видете мојата мајка и двете баби имаат оклави гради а јас имам 16 год и се уште имам мали гради како е тоа можно не разбирам ако тоа е наследно според гените кога сите жени од семејството имаат големи гради како може јас да имам мали ако мозе ве молам дајте ми одговор фала
Јас мислам дека нема рецепт за поголеми гради, освен силикони. Според мене тоа е до самиот човек, до гените. Јас немам проблем со големината на градите дури некогаш сакам да ми бидат и помали. Едно време се глупирав не јадев за да ми се намалат градите но сега си ги сакам. Мислам дека и телесната тежина нема врска со големината на градите, имам другарка која е дебела а градите и се многу мали, што значи зависи од организамот и од гените.
Тие што имаат мали сакаат големи и обратно. До пред неколку месеци бев баш она даска, ама ете ми пораснаа нагло и сега мака мачам со нив. Понекогаш сакам да ми се помали И малите гради имаат голем број предности, така да прифатете си се себе си какви што сте.
па мајка ми има огромни гради значи ни најголемиот број од прслук не и е точен . и сите мои роднини што ги знам.
па и кај мене е така сите освен јас имаат големи гради но што е тоа е ке си се помирам со фактот дека имам мали гради
И кај мене сите си имаат нормални гради само јас си имам малечки...и не се замарам ич...на сите машки им се свиѓам ваква каква што сум...Така да не се замарајте ама ич!!!
Хах... па градите се природа... Неможат така да пораснат... Јас имам средни гради не се ни мн мали ни мн големи , носам деколте убо ми стои и сум задоволна ама зато [не да се фалам] имам голем и цврст задник оти ко мала мн спортував и сега спортувам и имам видено анкети дека машките поќе се палат на голем задник од колку на големи гради хахах