Таквите креми и даваат само еластичност на кожата. Тоа е исто кога некој ќе ми рече, само користам крема против целулит и оп го снема, а ниту пиел вода,ниту бил физички активен. Како ти запишале во гените,така ќе се носиш.. за се друго постои естетска хирургија
имам средни гради ни мали ни многу големи но многу си ги сакам цврсти ми се и кренати си ги сакам градите според мене поубаво е да имаш помали гради отколку големи и истурени ...
знам дека сАМО даваат еластичност на кожата ама ме зачудија дека му растеле градите од таа крем зато прашав шо напраја??
Потполно си во право, пред бременост носев прслуче 75, најмало, мали гради ама симпатични, никогаш немав комплекс, напротив убаво се чувствував, носев пуш ап градници и си се осекав секси, не сум наишла на замерки освен од една многу блиска другарка која беше прилично надарена. За време на лактацијата, по наше кажано доење носев прслук 110, огромна бев, едната града ми беше колку главшето на бебето, сега после 4 год. носам 80 или 85. Само да додадам, сега ми се поубави од другарка ми која ми се прчкаше со циц*ите и ми даваше невкусни коментари, сега нејзините се како виснати вреќи, а моите се нормални
Во текот на лактацијата се зголемуваат и до три пати, но после завршувањето на лактацијата, млеко нема и си се враќаат назад, можеби малку поголеми. Но, не значи дека кај сите кожата е провисната, зависи од еластичноста на кожата, од витаминизацијата, генската предиспозиција итн. Мене ова повеќе ми делува како утеха за тие што имаат мали гради.
другарка ми ми рече дека била даска, со јаденје на киви и се зголемиле,незнам точно во кој период од месечниот циклус ке ви биде тоа од најголема корист исто така семки од тиква,сончоглед,ореви,бадеми содрзат минерали кој делуваат на хормоните
значи јас имав средни гради и бев задоволна од тоа и од кога се ставив на диета и градите ми се многу намалија и многу се нервирам како да ги зголемам
Гради дечки помагајте знае ли некој како да ги зголемам градите,значи бев на диета и ослабнав тотално секаде дури и во градите сега немам ништо права како даска уууффф како да ги врнам како порано многу се нервирам
да да и од смоки растат гради Што ни дала мајката природа тоа ке си носиме на себе. Јас имам мн мали гради. Кога ќе ослабам ми се смалуваат, кога ке качам некое килце и тие растат Како и да е не се нервирам веќе, одлучив, после бременост ставам силикони. Ке ми бидат ко на Цеца Се шалам, секако дека нема да ставам толкави, нормални, средна големина, такви сакам
Гради Имам слушнато дека додека се во раст,не се еднакви,а кај мене се сеуште во раст,но сепак се плашам...Мислите помалава ке ја достигне поголемата? и дали и вие имате чуено дека е нормално тоа?? пс. не е некоја драстична разлика,да не искочам чудак,ама има сепак
Гради Кај сите се случува тоа,ниеден дел од телото не ни е ист.Ни уво со уво,ни око со око,ни рака со рака,па и градите не се поштедени Така да,најнормално е,и верувај не си чудак.
дали после раѓање додека не го доиш детето со млеко од градите тие остануваат така? имам слушнато вавки коментари не знам колку е точно???
20 години, 51 килограм и број 75 на градник... ЕДВАЈ 75 Ама не ми е воопшто комплекс тоа, ама баш ич не ми е гајле. Инаку не сте свесни колко секси можат да бидат малите гради. Доволно сум храбра летно време да ставам маичка без градник, самата помисла на тоа прави да се чувствувам секси како да имам којзнае колави големи гради. Не се замарајте за малите гради истакнете некој друг дел од вашето тело кое сметате дека е за истакнување на пример убава долга коса, добар задник, висина.. не треба вие да бидете роб на вашето тело, тоа треба да биде ваш роб!
Ни најмалку не се замарам за тоа што имам мали гради.. Неможе сите жени да бидат исти, а и тој што ме сака ако навистина ме сака нема да му биде проблем тоа што имам мали гради...
па и со моите 51 кило да имаш гради 85 е многу сум била послаба многу стапче градите секогаш ми биле големки чудо од дете можи сум
Одкако ги прочитав сите ваши коментари во појќето имате пишано дека градите сепак се генетски,а добро да прашам кај мене да не е генетикава згрешена Значи сите жени и од мајка ми и од татко ми страната имаат буквално преголеми убави кренати гради како силикони а пак сирота јас споредувајќи се со нив 0 сум Да не знај некој зошто е ова вака,порано значи кога бев во пубертетот имав претерано големи гради,ама одкако ослабев ми се намалија за 3 броја,мене наместо на старост големи-мене на младост ми пораснаа и ми овенаа Чудна генетика е мојава.Ми е криво кога ќе се гледам на слики се прашувам каде ли ми испарија
Ако детето не биде доено, тогаш на друг начин ќе биде отстрането млекото од градите. Млекото не смее да остане во грдите. Така да и со доење и без, градите нема да останат такви. Е сега овде сигурно зависи генетиката... или ќе ти останат градите поголеми или ќе ти увиснат, сепак зависи и од нивната големина пред да се забремени
Хмм од виталија баш се вкусни. Како сончоглед Дури зараза стануваат. Сега почнаф да си јадам нема уште резултати сепак рано е.. Но ме тера повеќе да јадам, значи апетит до даска