http://www.youtube.com/watch?v=jkDb-1L4 ... k&index=21 http://www.youtube.com/watch?v=OonW6ff7 ... k&index=22 Испробано и делува!!! Убаво напишала Минион погоре, поентата е да се вежба со тежини, зашто нема како поинаку да ја измениш композицијата на телото, макар бил во прашање само задникот. Јас сум кратка со време периодов, така да видеава ги вежбам дома 3 пати неделно, веќе 3 недели по ред со тегови од 10кг и има резултати! Секако дека не може од одма и во домашни услови да се постигне Кардашијан ефект, ама кај мене има приметно подобрување.
Има се вика потење на газот и вежбање интензивно и јадење одреден период убаво и здраво. Вежбите се чучњеви,мртво кревање,мост на глутеусот,исчекор напред и страна.
За поголем задник имаат среќа само оние на кои што храната што ја јадат им се таложи на задникот и нозете. Таков е мојот случај. Јас јадам многу, и најголем проблем ми се нозете, само таму се дебелеам, исто така и задникот, но тоа не го гледам како проблем туку како предност Сакам да кажам голем задник многу тешко се постигнува, скоро невозможно, доколку го немаш природно, генетски. Исто bitt вежбите помагат за цврст стегнат задник, за подигање на задникот, но не и за поголем задник
Девојки доколку сакате ПОГОЛЕМ задник, најдобра варијанта е пилатес, аеробик, зумба, боди комбад, или CSX т.е Core work , е сега, зошто овие ? Бидејќи доколку вежбате за задник мислам на ФИТЕС вежбање, ќе зголемите што ќе зголемите, ќе зацврстите што ќе зацврстите, меѓутоа, доколку прекинете, паѓаат и мускулите, значи конкретно за задникот тонусот се губи , и тоа што се постигнало со фитнес вежби ви го снемува одма за 1 недела. Зошто? Бидејќи кревате тежини, а додека па во останативе варијанти вежбате со сопствена тежина ни грам повеќе. Можете и дома, ЧУЧЉЕВИ најефективни, генетиката no 1 фактор , исхраната no 2, се ова што го наведов е број 3 фактор Кај мене генетиката ми придала меѓутоа кога вежбав пилатес и другите погоре наведени вежби си го нарави своето со видно заоблен и зацврстен задник така да, Go on girls
Да,да генетиката пред се, меѓутоа со вежби, протеинска храна, намалени маснотии, можеби ќе му додадете некој килоГрам, а за затегнување и подигање,сигурно.Пред се треба да бидете упорни исто така ај вил форгет...вода и многу течности кои ке помогнат во борбата против досадниот целулит, кој за беља ние женските најчесто си го иаме на газето...
Lanceska несакам нешто да те навредам ама ти нешто ги рекламираш овие. Не е битно тоа сеа е ова битно: реално да збориме и со тие зумба мумба ако престанеш ќе се обесиш во мускулите и втора работа неможеш да се споредуваш со некои кои немаат генетички предиспозиции за вежбање! Реално со фитнесот кој е ЦВРСТО значи нагласувам ЦВРСТО решен ќе успее. А тие што идат да бидат видени, да провоцираат или да бркаат дечковци џабе праат гужва. Малу забегав офф топик. Како и да е сакам да кажам може да се успее само со желба, добро хранење и фала богу многу спиење!
Мислам со вежби најдобро, но кај сите делуваат различно. Сепак колку и да се вежба задникот нема којзнае колку да се зголеми зашто сепак така ти е створен и можеш само да го затегнеш, а така кога ќе го затегнеш и ќе ги обликуваш мускулите и ќе го подигнеш тој ќе личи како да е поголем. Среќна сум што немам мал задник, а и не некој претерано голем па низ врата да не можем да влезам Но, сепак редовно вежбам за да го затегнам зашто мастите ми се таложат токму на задникот
Зголемување на задник по природен пат само со зголемување на кг, може визуелно да изгледа поголем ако се подигне (со правење чучњеви, барем по 100 секој ден) и трета опција пластична операција
Плус мртво кревање и сите негови варијации,glute bridge и исчекор напред,страна итн. Се што вклучува активација на глутеус максимус
Јадам јадам јадам јадам и само јадам и никако да се здебелам а многу сакам, значи преслаба сум кажете друг начин за зголемување на задникот
Како се прават правилно squats? Дека нели од нив имало најдобри резултати, ама постојат чучњеви до доле, до пола(со колена свиткани 90 степени), на цело стапало, на прсти..
Зависи до флексибилностa,луѓето со помала флексибилност треба да пробуваат да ги прават на ѕид чучњевите. Но колку идеш подлабоко толку повеќе работи газот,стомачните,грбот и нозете,особено страничниот дел на нозете. Колку идеш пошироко толку е полесно и така ги учам моите клиенти,прво ги ставам на ѕид ги прашувам ако седиш на газ и сакаш да станеш,како ќе го направиш тоа. И дур не го направат правилно,како што треба не ги пуштам да прават чучњеви. Така да моралноста е дека треба да се иде длабоко за да се осети голема разлика.
Тоа е до конструкцијата на телото, има слаби девојки со истакнат обликуван задник. А за останатите, само да се поправиме секаде, па ќе се зголеми и тој. Мене ми успеа и ми се допаѓа.
Не знам дали прашањево ми е на место,ама ај ќе прашам.Пробав да равам чучњеви ама срцево ненормално ми чука ко да сум истрчала маратон.Плус,чувствувам болка во надколениците.Правам нешто погрешно или?
Зависи ако не си правела до сега и додаваш големи тежини нормално е да го очекуваш тоа,зашто чучњевите прават голем стрес на ЦНС(централниот нервен систем) и заедно со интензитетот секако дека ќе осетиш поголем пулс,затоа што дигањето тежини е многу оптеретувачки спорт и секогаш се иде прогресивно. А за болката тоа е затоа што до сега не си правела нозе или една страна од квадрицепсот ти е поголема.