Можеби ке звучи чудно затоа што е кардио ама мене од џогирање како да ми е збуфнат малку повеќе него претходно. И потоа дома чучњеви обични и од оние со одскокнување од земја.
Здраво, имам голем газ, но ми се појавуваат стрии, ни не знам од каде дојде тоа, и како да направам за да немам стрии пошто одсекогаш имам голем газ.. Не знам више што да правам ..
Јас ти препорачувам да вежбаш,да пожмеш да одиш во теретана.Ти кажувам од искуство бидејќи и јас имам голем газ природно и наследно и воедно одам во теретана,но повеќе вежбам отколку што трчам бидејќи ми беше страв да не го изгубам но не се деси такви нешто за среќа можеби и дека така сум градена неможе да ми исчезне напротив понапрчен ми стана како топки ми се и многу секси изгледа целото тело заоблено,рамно меше.А и несакам да ми исчезни вака добивам многу комплименти за телото дека ми е привлечно без задник нема убаво тело.Со вежбањето ќе ти ги снема стриите и целулитот а задникот ќе ти стане поубаво оформен и понапрчен повеќе отколку што ти е,исто и нозете ќе ти станат затегнати посекси и без стрии и мешето ќе ти стане позатегнато и многу секси изгледа телото. Само теретана ти е спасот доколку сакаш да си го имш задникот а стриите да ги снема.
со вежбањето сигурно дека нема да и ги снема стриите само целулитот. За стриите нема спас дури и напротив може да ти се појават поради вежбањето зошто се појавуваат со нагло зголемување на мускула маса и оптегување на кожата
можно е што викаш (еднаш читав една статија на нет со вежби помагало и за стриите па затоа ме помисли тоа) а за целулитот секако може да го отстрани а за стриите повеќе помасни креми(павловичева бебешка маст), Спојлер: :) масните креми помагале дури и за брчки што им претставува најголем проблем и знак на стареење на жените па наскоро ќе излегле нови креми по природен пат од чиста свинска маст преработена во креми за против стареење и ќе биле многу скапи.Барем така слушнав, колку е точно незнам Или нека користи чисто масло на пр од кантарион стрикно за кожа е а може и од другите сите помагаат и сончогледово и кокосово ја хидрира сувата испукана кожа... Природно си е природно секогаш е најефикасно, хемикалии и други глупости многу не помагаат се е лага и по вештачки пат. Како тие маслата од авон никогаш повеќе на таква лага пари не би фрлила. Полни вода, нема ни еден процент масло а за хидрирање сува кожа го одбрав, за посјајна кожа бидејќи сува ми е. Сега земам од сенсилис од аптека чисто масло и задоволна сум. Мека ми ја прави кожата и ми светат нозете сјајни ми се, а пред тоа како сува и дека бела сум и како брумчиња црвени ситни да имав и стриите се намалуваат а и неможе одеднаш треба подолго време да се користи.
И јас имав стриии... кога почнав да ставам антицелулитен лосион пред вежбање и да се масирам со талог од кафе не ми исчезнаа, но ми се израмнија, избледија во секој случај има позитивна промена.... Пробај со тоа. Јас го користам Сатва на Алкалоид....
Женски јас сум ослабена 10 кила и задникот ми го снема. Правев по 70 squats дневно и само ги ослабев нозете, а за задник не приметувам некоја разлика Некои проверени вежби да препорачате?
за да имаш ефект мора теретана и squats со тежина .. инаку дома ако сакаш и 170 денвно прави задникот не се зголемува така
Стотици вежби ги има барем во денешно време за зголемување на задник. Само малку пребарување по интернет. Би ви препорачала Katya Henry да ја заследите, таа навистина има чуда направено од себе. Има на инстаграм профил workouts by katya, тој или официјалниот заследете го, па натаму и сами ќе си најдете инструкции.
Девојки хелп, некоја вежба за поткревање на задникот пошто вежбам активно пола година и зацврстен ми е ама не е подигнат :/
Squats, kick-backs.. Вметни тежина во тренинзите, зголемувај ја постепено. Bridges исто, една од најдобрите за задник, незнам зошто не е по популарна и од squats..
Squats, kick-backs правам имам и тежини вметнато, сега почнав и со јаже да скокам демек помагало за тоа, оваа bridges незнам колку е ефективна за да ја почнам
Прави Donkey kicks ама не само обично дигање нога па спуштање. Напрај 14 donkey kicks, па 14 пулсирања значи ногата нагоре и само за сантиметар подигај и спуштај (ќе осетиш како ќе те боли) и после пак 14 donkey kicks па 14 пулсирања. Се ова без прекин без одмарање. Уште подобро ако имаш онакви тегови на нога што се ставаат. Кај мене значително е подигнат и тоа за кратко време вежбање ама секако правам и други вежби
Почнувам со овие три http://www.femniqe.com/2017/04/24/butt-and-thighs-workout/ Зависи за тој ден колку серии и репетиции имам толку правам и за другите вежби. Значи тие три прво, потоа легнувам на земја и една нога дигам под прав агол па спуштам (пример 3 пати по 20 или 4 пати по 15,зависи од денот), потоа bridges, потоа на страна легнувам и пак ногата ја кревам и спуштам без да се допре до земја, потоа squats, па hydrants и на крај donkey kicks со пулсирања како што ти објаснив во претходниот пост и после не можам да мрдам и се комирам до сабајле Ако нешто не ти е јасно пиши лп ќе ти објаснам