Не можеш бидејќи тоа е структурата на твоите коски освен со пластична операција ... единствено само ВИЗУЕЛНО да ти изгледаат пошироки колковите е да ја ослабеш половината.
Совети како да го развијам градниот кош и рамениците да ми бидат пошироки од колковите? Кај кој да се обратам и на кој начин се постигнува, фала.
Повеќе ми се допаѓа кога ќе видам слаба девојка со тесни колкови и пошироки раменици а јас сум слабичка во горниот дел но во колковите ми се задржува се.
Таква градба повеќе на мажи одговара, не знам зошто би сакала да си ја смениш формата на песочен часовник. Многу ја посакуваат. Јас би се фокусирала на зацврстување на долниот дел, па ако имаш огромна разлика со горе, поскладно ќе изгледаш.
Немам огромна разлика но рамената ми се потесни од колковите и не ми се допаѓа. Сакам да намалам долу но повеќе да проширам горе.
Да ги намалиш или да ги зголемиш колковите то е невозможно пошто то е генетика. За ширина на горен дел треба да вежбаш грб и средно рамо. Лат машина,згибови,мртво дигање,рак пулови,веслање со преклон. За рамо летање со бучици,дигање на дворачен тег позади глава,летање на сајли. Овие вежби ти се за ширина и ако имаш тегови можеш да тренираш и дома. Ако имаш вратило уште подобро
Еве најдов еден пример https://www.instagram.com/p/BromTbNnBrx/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=16vreokq37d6l
Не сакам толку мускули на рацете сакам да останам слабичка само да ги проширам рамениците и градниот кош Од нова година ќе се посветам на задачата,ќе прашам во теретана и ќе почнам
Добро, но тие целосно се слаби па не се издвојува горниот дел дека е поголем. Долниот дел за жал не можеш да го намалиш, структурата е во прашање. Можеш да се зацврстиш само или да ослабиш доколку има простор за тоа.
Дали постојат вежби што ке го зголемат обемот на задникот, а не само да го зацврстат?(извинете за глупавово прашање, ама ако знаете, би ве замолила да ми кажете ако постојат-кои се тие вежби???
И те како можеш да направиш поголем задник, мускул е, и може и те како да расте. Ама треба сериозна и редовна посветеност на работа со тежини, не правам муабет за по килце во рака, туку работа на задна ложа и глутеусите со 20+ кила. Плус правилна исхрана, внес на протеини и креатин. Имаш многу вакви видеа, разгледај ги. Лично holy grail вежба за задник ми е barbell hip thrust.
Да наклајш мускулна маса и со то ќе ти се зголеми волуменот и ќе се обликова задникот но нема да се постигни таква големина како што се дефојките на списанијата на истагвам или на фб. Се е до генетиката а генетиката неможи да се промени. Вежби кој треба да ги правиш се deadlift, jefferson deadlift, squat, leg pres.