Не се секирај ќе ти дадам малце од мојот само да се договориме за цена шала на страна,не прави многу вежби зошто така уште толку ќе го зацврстиш па ептен ќе бидеш даска,најдобро со пешачење.
Пробај да легнеш на грб, рацете покрај тело, подигни ги нозете во вис и движи ги како да возиш велосипед. Исто и можеш да се качуваш по скали. Ами јас би ти препорачала и зголемување на самодовербата. Сите имаме по некој недостаток ама целта е да се прифатиме какви што сме. Не постои такво нешто како совршенство на природата а јас лично не би ти препорачала пластична хирургија. Самодоверба е клучот. За тоа е речено Жена со самодоверба е привлечна жена.
Поголем задник ќе добиеш ако ставиш некое кило плус. Но,мислам дека и без тоа ќе го добиеш посакуваниот ефект ако упорно вежбаш. Побарај на you tube вежби и биди редовна и истрајна. Освен тоа и со облеката можеш да создадеш визуелно поголем задник пример со фармерки без или со мали џебови.
Скокање со јаже два-три пати дневно по 10мин минимум...За месец дена ке видеш резултати...Од искуство...позз
Истиот проблем го имам и јас, да можев би одземала малце од задникот и би ставила на градите ама такви сме какви Господ не создал и никој не е совршен, сепак сконцентрирајте се на убавото на вашето тело, и ке бидете позадоволни,,,,,, мене искрено кога ке ми дадат некој добар комплимент за задникот, јас заборавам колку мали гради имам.
Така сакам да ми се зголеми малку али тоа е - мало си е мало. Барем имам убаво деколте а за газето решив да вежбам, барем да го поткренам малку. И кога се здебелив се ми отиде во стомак, а газето исто. И сега се откажав да го зголемувам, имам желба само да го зацврстам. Женски маки .
Да бе, ако јадеш семки од лен ќе ти порасне задникот? И тоа само он? Како можете да верувате во вакви глупости Ако дебелее ,ќе дебелее секаде , не само таму. Може да се обликува и зацврсти само со вежбање.
Девојчиња, јас како постара прво да ви кажам дека е важно вие да си се сакате, а ако некој навистина ве сака, ќе ве сака и обожава и со мали гради и со мало газе . Ако некој не ве сака вас како личност, што ќе ви е, посебно ако сака да биде со вас заради градите или па не ве сака заради „задниот трап“ . Е сега, за сите оние кои запнале сепак да се зголемуваат , постои билка наречена грчко семе, која е основна состојка на препаратите за неоперативно зголемување гради. Ја има и кај нас, баш како грчко семе. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Многу е важно да знаете дека влијае на естрогенот во телото и на тој начин делува на зголемување на женските атрибути (ама не очекувајте чудо, тоа сепак би било нешто минимално), и затоа доколку има зачеток на некоја болест поврзана со естроген (како некои видови рак) може да ја забрза и да ја поттикне болеста Затоа мора многу да се внимава со овие работи и имајте на ум дека и билките се штетни, ако не се хемикалии.
Сите заинтересирани за поголем задник ве молам обратете се кај мене од срце ќе ви подарам малце од мојот за извоз имам. Шала на страна, не сум дебела, струк 50см имам, али задник машала...и да тоа со естрогените е точно, тие допринесуваат масното ткиво да се таложи на задникот. Исто и фитнес би ви помогнал ама не кардио вежби туку тегчиња, да се зголеми мускулната маса.
Јас си го сакам газето..хахха( имам материјал за гледање,а богами и за фаќање -се зезам ) хахахах за поубаво позаоблено газе ви се потребни : -Генетика Но.1 фактор... -Вежби за затегнување но.2... -ако сето ова не ви успее има козметичко (хируршко поткревање и пополнување на задникот со масти од масни делови од телото)...хахах Скапо е за наши услови ,ама во странство е Хит моментално... (ова исто како рецепт испадна хахах)
Сум слушнала дека се продаваат како силикони/перничиња за задникот кои се лепат на долната облека и задникот изгледа поголем.Прочепкајте некаде низ интернет,ќе ги најдете
semki od len mene iskreno ne mi pomognaa a i jas gi zemav oti si imam mali gradi.taka da samo push up si koristam i SKORO mi izgledaat ubavo. a zadnikot mi e malku pogolem ama mi e opusten nekako.mislam deka skokanje na jaze e za stomacni nekako. [mod-kirilica:1su8gtp9][/mod-kirilica:1su8gtp9]
Имам преубави гради, а задникот ми е даскичка...Морам да признаам во последно време расте некако, сам од себе
Јас па си имам огромни гради што си ги мразам со глупава форма, ама така ми е кога не сакав да носам градник на време! А задникот ми е скоро даска. И сум слушнала дека треба да јадеш повеќе, ама за тоа искрено мислам дека нема везе, а за вежби за зацврстување и затегање би можеле да помогнат, ама јас за тоа немам ни време ни живци. А кој напомна погоре имало некои потпунки за правење на задникот да изгледа визуелно поголем, јас денес даска и утре пример доаѓам во школо и сите се чудат, ееј што е ова изненадна промена, кога и пораснал задникот на оваа
!?!? Каква врска има задникот со јадењето во тоа време!?Како тоа би можело да помогне Најмногу со вежбање,друг лек нема...Степер му е мајката...