Баба сум душичко, не само мајка..плус цел живот спортист, инструктор и дрн дрн.....даска задник е даска и толку.
Ете, се најдовме во тоа за спортот разни вежби требаат за максимус, семимебраносус, семитендиносус, бицепс феморис итн...
Коските можат да ја променат формата. Коскеното ткиво во текот на животот се разградува и обновува во зависност од потребите на телото. Кога нивото на калциум во крвта ќе падне, се активираат остеокластите, клетки кои го разградуваат коскеното ткиво. Со вежбање, како што се зголемува мускулната маса, така и коските мора да се задебелат (за да функционираат како целина), тогаш се активираат остеобластите, клетки кои создаваат ново коскено ткиво. Значи, може
Спринтови на 50-60 метри, пред тоа зелен чај ама најјак со две три кесичиња. За почеток, првите две недели споро трчкање, кардио, да ги затегнеш флексорите екстензорите епикондилите итн да си немаш повреди, откако ќе се стегне ногата, почнуваш со спринтови. Само редовност.
абе намерно те тагнав затоа што рече ако е даска тешко да направи нешто со задникот. Еве те демантирав, иако ова... беше профи за бодибилдерки, сеа е само лифтер, колку што ја следам. Зборот ми беше, ништо не е невозможно во теретана, само претходно треба да се постави добра програма на вежбање, што сака да се постигне и секако да среди исхрана.
Точно така, тоа се си знаеме...но коска не се зголемува, не расте, не се здебелува, не се исправаат криви нозе...коска до 30 години само може со правилна исхрана и вежбање да се полни, да стане погусто коскеното ткиво...тоа ни беше прашањето погоре.
Многу ми е жал што образованието има пропусти https://health.clevelandclinic.org/how-do-your-bones-change-over-time/amp/
Темава е за поголем задник на женско тело претпоставувам и сѐ останато нема потреба да се внесува тука. Сме дале мислења и методи и тоа е тоа, мир во куќа ајде